Исфрлете ги листите со задолженија, има поелегантно решение

Морам да признаам нешто, презирам листи со задолженија, вели Јеси Бело Перез, писателка за блогот Growth Quarters, посветен на развој на бизниси.

Со години ја правев грешката и пишував листи со задолженија на почетокот и на крајот на мојот работен ден, кажувајќи си себеси дека пречкртувањето на исполнетите обврски ќе ми донесе голема радост и сатисфакција, но не беше така, објаснува таа.

Безброј колеги и менаџери кои ја пропагираа нивната љубов (и опсесија) кон листите со задолженија ми кажаа дека ќе списоците ќе ми помогнат да бидам во тек со развојот на бизнисот, да го менаџирам сопственото време и да бидам попродуктивна. Ова е погрешно, според Бело Перез.

„Мислам дека луѓето не сфаќаат колку е штетен овој метод во однос на продуктивноста,“ вели Нир Ејал, експерт за продуктивност, автор и предавач.

Ејал, кој е на мисија „да се ослободи од ужасната практика“, објаснува зошто толку силно се противи на овој начин на работа. Бело Перез се согласува со неговите ставови.

„Не дека е лоша идеја да имате листа на работите што треба да ги постигнете. Туку фактот дека луѓето го организираат денот според нивните листи со задолженија. Тоа е штетно,“ објаснува Ејал.

Една од најголемите грешки што луѓето ги прават е проверката на листите со задолженија пред да погледнат во календарот, додава тој.

Зошто листите со задолженија не функционираат?

Според Ејал, има три причини зошто ваквите списоци не функционираат и зошто во суштина можат да ја попречат продуктивноста:

Будење наутро, подготвувка за работа, и преглед на листата со задолженија, звучи идеално, нели? Но не е така. Често пати, кога луѓето го прават ова, тие ги заобиколуваат важните или комплицираните задачи во замена за она што е полесно да се направи или е поитно.

Што се случува потоа? Со игнорирањето на комплексните задачи, вие на крајот од денот се подготвувате за неуспех или разочарување, а тоа е уште полошо бидејќи ја уништувате сликата за себе.

„Тоа ја засилува сликата за себе како некој кој не го прави тоа што кажал дека ќе го направи, а тоа е ужасно,“ додава Ејал. Звучи познато?

„Знаеме дека промената во однесувањето бара промена на идентитетот, така што кога го засилувате овој лош идентитет, како некој кој не го прави тоа што кажал дека ќе го направи, вие го засилувате погрешниот идентитет,“ објаснува Ејал. Во основа, ова значи дека сте вовлечени во маѓепсан круг во кој не го правите тоа што би требало и потоа се чувствувате лошо поради тоа.

Потоа, тука е и проблемот кога листите со задолженија можат да посегнат во вашето приватно време. Незавршените задачи ќе си играат со вашиот ум и тоа ќе ве спречи да уживате во себе во времето кога не сте на работа. Колку време сте поминале (или потрошиле) на грижи за незавршените задачи кога сте требале да уживате во вечерата или заслужениот викенд?

Ејал верува дека листите со задолженија не се ништо друго освен уште една стратегија за избегнување. На крајот на краиштата, најдобриот начин да одбегнете да направите нешто е да направите листа со задолженија кои всушност ќе ги избегнувате.

Размислете: колку пати сте составиле список, сте употребиле различни фломастери за различни задачи, сте ги организирале активностие неколку пати, сте направиле категорија, сте додале хаштагови… во суштина, сте поминале повеќе време на составување на листата отколку на исполнување на запишаните задолженија.

Алтернативно решение

Од разговорот со Ејал, Бело Перез признава дека нејзините чувства кон листите со задолженија и потенцијалното негативно внимание во однос на вербата во себе се целосно оправдани.

„Неодамна почнав да го менувам начинот на кој работам, и одлучив да правам „листа на сработени работи“; се трудам да ја запишам секоја задача што сум ја завршила, и потоа да ја пречкртам. Ова можеби звучи чудно но всушност ми помогна да се фокусирам и да ја засилам сликата за себе како некој кој е продуктивен и вреден на работа,“ објаснува Бело Перез.

Ејал, од друга страна, се колне во неговиот метод со календарот, па дури и создал бесплатна алатка која ви го организира распоредот со цел вие да бидете газда на сопственото време и задачи.

Ова, додава тој, ќе ви помогне да го промените начинот на кој размислувате за задолженијата и времето, и ќе го засили концептот дека „дистракцијата и одолговлекувањето потекнуваат од желбата да се избега од непријатност“.

Ејал вели дека сме поефикасни кога сме соочени со извесни временски ограничувања. Неделните распореди на пример, ни дозволуваат да имаме рамка. „Ден без распоред не е слобода. Напротив, тоа е рецепт за жал“. Размислете за ова.

Луѓето се особено неспособни да предвидат колку долго ќе трае исполнувањето на една задача. Всушност, според Ејал, исполнувањето на една задача трае три пати подолго од она што вие мислите. Ако ја направите грешката да составите листа со задолженија, тогаш немате временски ограничувања.

„Кога задачите ќе ги ставите во календар тогаш имате вградено ограничување. Сите имаме само 24 часа на ден,“ додава тој.

Така што, ако сте одлучиле да посветите 30 минути за одговор на пристигнатите меилови секое сабајле, тогаш барем ќе знаете колку време имате на располагање за да ја завршите таа задача. Ако не ја завршите на време, тогаш во ред, бидејќи следното утро ќе можете одново да ја процените задачата и да направите соодветни приспособувања.

Можеби ќе сфатите дека 30 минути не се доволно време и можеби ќе одлучите да поминете еден саат дневно на проверка на пораките. Убавото нешто во врска со ова е сознанието дека вие постојано учите што функционира за вас, и ќе можете тоа да го примените на секој аспект од вашата работа.

Ова претставува динамичен метод за работа, кој според Бело Перез, треба да почнете да го применувате веднаш.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Што претприемништвото може да направи за вас

Започнувањето бизнис и влегувањето во светот на деловните зделки може да биде комплициран и застрашувачки процес, но тоа не е причина да...
- Advertisment -