Интерактивна работилница – Points of You® for New Points of View – одржана со членките на ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери

Интерактивната работилница за примена на методологијата Points of You® во сопствениот бизнис и личен развој, за да можеме работите да ги погледнеме од поинаква перспектив, денес се одржа во дворот на ЦЕЕД Хаб Скопје.

Сите сме соочени со секојдневни деловни предизвици, се двоумиме во која насока сакаме да го одведеме бизнисот, сакаме да одржиме рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот, додека истовремено целиме кон подобри бизнис резултати. Ова беа темите кои се дискутираа на од страна на учесничките на интерактивниот настан, кој го водеше Славица Тасева, кариерен советник и сертифициран обучувач за методологијата Points of You®. Славица е исто така и координатор за членките на ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери за Скопје.

„ Летото е пред нас и сите сакаме да се одмориме. Но, сега е идеалното време да се запрашаме кога последен пат сме застанале и почувствувале каде се движи нашиот бизнис, што е она што сакаме да го оставиме зад нас, а што е она што би сакале да се случи,“ Славица ги запраша присутните.

Учесничките имаат можност, преку практични вежби и усвојување на едноставно применливи техники, на креативен начин да ги истражат моменталните препреки и можности во бизнисот и со добра намера да го дочекаат периодот што доаѓа.

Неформалниот дел од настанот беше наменет за подобро запознавање на членките на Клубот и нивно вмрежување. Во таа насока, жените претприемачи и менаџери споделија информации за нивните бизниси, планови за иднината и размислувања за можни партнерства и развој на бизнис.

„Имам два паралелни бизниси и во двата бизниси имам партнери. Но, сега откако ги слушнав вашите толкувања на мојот дел од вежбата и фидбекот што ми го дадовте, и кога ќе размислам подобро, сфаќам дека можеби треба добро да се преиспитам дали ги имам вистинските партнери покрај мене и дека можеби треба да бидам повнимателна со кого соработувам во насока на развојот на бизнис,“ сподели една од учесничките во настанот.

Интерактивната работилница Points of You® for New Points of View е дел од Проектот за подобрување на жените претприемачи и менаџери, во имплементација на ЦЕЕД Хаб Скопје, со поддршка од Aмериканската амбасада. Целта на проектот е овозможување разни видови услуги за жените претприемачи и менаџери со цел брзо и ефикасно надминување на последиците предизвикани од Ковид-19. Во рамки на Проектот, оформен е и Клуб за жени претприемачи и менаџери.

Новина во спроведувањето на овој проект е и создавањето на локални ограноци во региони надвор од Скопје, односно во Крива Паланка, Битола и Кавадарци. Овие ограноци функционираат преку одржување разни настани за вмрежување и координација. Покрај, месечните средби за поддршка на жените претприемачи со фокус на одредени актуелни теми, се работи и на подигање на свеста за важноста на женското претприемништво во целокупната економија, и на обезбедување конкретна, реална и постојана помош за жените претприемачи и менаџери.

Проектот се фокусира на креирање специјална програма за градење на капацитетите на жените претприемачи, дизајнирана во согласност со потребите на претпријатијата во сопственост на или кои се раководени од жени.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -