Иновативна технологија употребена во борбата против коронавирус

Д-р Кристиано Хушер, кој работи во една од установите на ланецот болници „Поликлинико Абано“ во Италија, има големо искуство во употребата на роботика и вештачка интелигенција во хируршки процедури. Така што, кога шест доктори од неговата болница на Сардинија беа заразени со Ковид-19 пред два месеци, тој уште еднаш одлучи да ја искористи технологијата – во овој случај УВ роботи – за да се дезинфицираат собите, пишува New York Times.

Робот во борба против бактерии, вируси и габи

Роботот кој го користи д-р Хушер се движи автономно низ собата и користи ултравиолетова светлина за да ја убие ДНК на вирусот, и ефикасно го уништува заедно со наталожените бактерии.

„Овој робот убива 99,99 проценти од вирусите, бактериите и габите,“ вели д-р Хушер, раководител на одделението за онколошка хирургија, роботика и нови технологии. „Немаме сестри, доктори и пациенти со коронавирус откога почнавме да ги користиме роботите.“ Тој очекува роботите набрзо да станат задолжителна опрема во болниците .

Ланецот болници во Италија е еден од многуте бизниси што бараат начини да усвојат иновативна технологија со цел справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Овие нови технолошки чуда вклучуваат кучиња-роботи што ги набљудуваат парковите за да видат дали се почитуваат правилата за социјална дистанца, термални сензори што откриваат треска кај луѓе на растојание од 3 метри, и сензори за миење раце.

Законот познат како КАРЕС (CARES) во САД, под кој се финансираат технолошките унапредувања, исто така ги поттикнува компаниите да прифатат нови технологии побрзо отколку во минатото.

„Тој ќе ги забрза,“ вели Викториа Петрок, главен аналитичар во eMarketer, компанија што се занимава со истражувања на пазарот и аналитичка обработка на податоци.

„Секоја година милиони пациенти се инфицирани, и илјадници пациенти умираат поради инфекциите што се појавуваат за време на хоспитализацијата,“ објаснува Клаус Рисагер, ко-основач и извршен директор на Blue Ocean Robotics.

Вакви роботи сега се користат во болници, аеродроми во Јужна Европа, во еден затвор во Југоисточна Азија и група хотели во Ирска, вели Пер Јул Нилсен, извршен директор на компанијата

Рисагер вели дека научниците долго време ја истакнувале ултравиолетовата светлина како оружје против вирусите САРС, МЕРС и други. Оттука, компанијата создаде робот за дезинфекција со ултравиолетови зраци светлина, кој може да се движи низ болничките простории, „ловејќи“ вируси и бактерии што се пренесуваат преку воздух, а можат да се најдат и на површините во собата, за 10 до 15 минути. Роботот се појави на пазарот во 2018 год.

„Можев да го видам потенцијалот,“ вели Дарен Смит од Бризбејн, Австралија, инвеститор кој уште на почетокот почнал да вложува во компанијата UVD Robots. Тој вели дека побарувачката за овие роботи била далеку поголема од очекуваната за време на сегашната пандемија. Вакви роботи сега се користат во болници, аеродроми во Јужна Европа, во еден затвор во Југоисточна Азија и група хотели во Ирска, вели Пер Јул Нилсен, извршен директор на компанијата.

Други компании што изработуваат роботи со УВ зраци се Xenes, Tru-D, Puro Lighting, Surfacide. Но, поголемиот дел од овие компании изработуваат статични роботи, наместо мобилни.

Роботот ADDAMS, што беше изработен од факултетот за инженерство при Универзитетот на Јужна Калифорнија, прави еден чекор повеќе. Тој е опремен со рака која може да крева предмети од подот, да отвора фиоки, разместува предмети па дури и да отвора и затвора врати од далечина додека истовремено ја дезинфицира собата со УВ светлина и посебен спреј.

Едно од корисните својства на УВ светлина воопшто е тоа што таа не распознава бактерија отпорна на лекарства и бактерија која е сензитивна на лекарства

Професор Сатјандра К. Гупта, директор на Центарот за напредно производство на истиот факултет предвидува дека роботи со УВ зраци ќе се користат во болници, трговски центри, молови, кино сали, железнички станици, училишта, супермаркети…

Но, овој вид светлина не може да се дозволи да се ослободи во соба каде има луѓе. Продолжената изложеност на УВ светлина може да предизвика рак на кожа, да ја оштети корнеата и да предизвика други проблеми.

Компанијата Health of Melbourne, FLA. создаде апарати за дезинфекција што користат поинаква технологија, што според научниците е безбедна верзија на УВ светлина за луѓе. Оваа технологија користи пократки бранови должини што не можат да навлезат во кожата, и оттука не можат да ги оштетат клетките и ткивото под неа, објаснува Дејвид Бренер, директор на Центарот за радиолошки истражувања при Универзитетот Колумбија. Но исто така може да фаќа микроби, бактерии и вируси на површините и во воздухот.

„Едно од корисните својства на УВ светлина воопшто е тоа што таа не распознава бактерија отпорна на лекарства и бактерија која е сензитивна на лекарства,“ вели д-р Бренер. „Сè што прави е оштетување на ДНК или на РНК на таа бактерија и ја убива,“ додава тој, коментирајќи дека „сфативме дека исто така може да се примени на вируси“.

Куче-робот

Тука е и Спот, кучето-робот кое беше создадено од страна на Boston Dynamics, и чија задача е да шета во еден популарен парк во Сингапур со цел доследно спроведување на правилата за одржување социјална дистанца. Движењето на роботот кој има сензори и камера што може да се врти 360 степени се управува далечински, а кучето користи и вградени звучници преку кои се пушта снимена порака кога среќава лица кои не ги почитуваат пропишаните правила за социјална дистанца.

Сензори и различни видови апарати што користат технологија заснована на „интернет на нештата“, и што можат да се носат на себе, исто така се алатка што многу се користи во борбата со коронавирусот.

Компанијата Triax Technologies of Norwalk, Conn, изработува сензори за градилишта. Нејзиниот сензор Spot-r се носи на каиш и го автоматизира процесот на пријавување и одјавување од работното место, што пак ја елиминира потребата работниците да се поминуваат време редејќи се во долги редови при влезот во градилиштето. Сензорот исто така ги следи работниците низ целиот простор на градилиштето и известува ако некој падне, а работниците можат да пријават итни случаи преку едноставно притискање на копче.

Истата компанија, во Април, додаде нова направа на пазарот која одредува колку вработените се близу еден до друг, односно титка кога не се почитува правилото за држење минимум 2 метри дистанца. Ова нова апаратче наречено Proximity Trace, исто така може да ги следи движењата на работниците во текот на денот, а доколку се најде присуство на вирус во телото на некој работник, направата може да ги идентификува лицата и опремата кои биле изложени на контакти со заразеното лице.

Термални сензори – дел од новото нормално

Компанијата Hitachi создаде направа која детектира зголемена телесна температура кај луѓето на раздалеченост од 3 метри. Оваа направа има и камери што работат на инфрацрвена светлина што овозможуваат брзо да се посочи лицето со повишена телесна температура, што пак им дава предност на бизнисите да ги скенираат и одделат лицата со висок ризик пред воопшто да влезат на имотот.

Дали овие технолошки алатки се привремено решение што ќе го фрлиме кога ќе помине пандемијата, или се еволутивни чекори што ќе станат секојдневние во скора иднина?

Џастин Бин, директор за глобален маркетинг во Hitachi вели дека верува дека скенирањето на температурата може да стане новото нормално однесување на аеродроми и железнички станици.

Hitachi исто така исфрли на пазарот и направа за следење на автоматско миење раце, која што пак одредува дали работниците ги измиле рацете во заедничките тоалети на компанијата доволно темелно и долго, барем 20 секунди. Направата всушност ја следи активноста и обезбедува податоци за менаџерите, без притоа да открива имиња.

Но се поставува прашањето дали овие технолошки алатки се привремено решение што ќе го фрлиме кога ќе помине пандемијата, или се еволутивни чекори што ќе станат секојдневние во скора иднина?

Рисагер потенцира дека во последните две децении, до сега се имаат случено три сериозни пандемии – САРС; МЕРС и Ковид-19.

„Во дваесет години, ова е третата – не е нешто невообичаено – невообичаено е што не успеавме да ја ставиме под контрола на време,“ истакнува тој. „Ова едноставно нема да се заборави.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -