Инвестирањето во микро и мали бизниси во сопственост на жени ќе и` помогне не светската економија да закрепне

Додека светските лидери го одредуваат патот напред за глобалната економија, мораме да се осигураме дека жените и малите бизниси во сопственост на жени не се изоставени од тие планови. Инвестирањето во микро и мали бизниси во сопственост на жени исплаќа дивиденди во заедниците низ целиот свет, бидејќи жените ги користат нивните ресурси да ре-инвестираат во здравство, образование и добросостојба на нивните семејства и соседи, пишува Граам МекМилан, претседател на Фондацијата Виса за блогот на Светскиот економски форум.

За целосно да се поддржат овој вид компании и да се изгради поотпорна и инклузивна глобална економија, мораме да ја земеме предвид улогата на: капиталот, дигиталните плаќања и иновативните јавно-приватни партнерства.

Пристап до капитал

Решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на капиталот за жените и за микро и малите бизниси во сопственост на жени, a особено жените од малцинствата, е една од најважните и најефикасните шанси и за приватниот и за јавниот сектор да поттикнат инклузивно економско закрепнување од последиците на пандемијата на Ковид-19.

Неодамна објавени извештаи покажуваат дека на светско ниво, жените се диспропорционално погодени од пандемијата, особено оние кои работат во неформалната економија. Пред пандемијата, веќе постоеше дефицит од 300 милијарди долари годишен кредит во финансиските средства за микро и мали бизниси во сопственост на жени. Затворањето на родовата празнина во поглед на пристап до кредити може да ги подобри стапката на растот на економиите во развој за 1,1%.

Пристап до дигитални плаќања

Исто така клучно е да се земе предвид пристапот на жените до финансиски услуги. За најголемиот број луѓе во земјите во развој, нивниот пристап од глобалната економија почнува со мобилен телефон, што обезбедува пристап до дигитални плаќања што можат да се користат за сите трансакции, како што се добивање плати, владини субвенции, или плаќање школарини.

Дигиталните плаќања додаваат 296 милијарди долари кон Бруто домашниот производ во 70 од развиените пазари и земјите во развој помеѓу 2011 год и 2015 год, што е еквивалентно на создавањето на 2,6 милиони работни места во просек годишно. Пристапот до дигиталните плаќања бара пристап до дигиталната технологија. Половина од светската популација немаат пристап до интернет, иако 90% живеат во опфатот на мрежите на мобилните телефони. Во најмалку развиените земји, само 15% имаат пристап до интернет, додека жените генерално земено имаат помал пристап отколку мажите.

Дигиталната еднаквост е клучна за решавањето на проблемите со родовата празнина. За жените кои диспропорционално повеќе се соочуваат со бариери во поглед на одобрување кредити, дигиталните плаќања ја имаат моќта да го отклучат капиталот, ресурсите, мрежите и финансиското знаење.

Соработка во доменот на јавно-приватни партнерства

Виса Инк. и Фондацијата Виса се посветени на развојот на женската економија и соработуваат со локални партнери со цел изнаоѓање решенија за се` поголемиот број предизвици со кои жените се соочуваат во поглед на пристап до капитал, финансиски и бизнис вештини и знаење, и вмрежување.

Соработката во јавно-приватните партнерства се основата преку која иновативни решенија можат да допрат до несоодветно услужените заедници. Овие програми се покажаа како успешни и се приспособија на новите предизвици што настанаа со појавата на пандемијата, и помагаат да се премости празнината во дигиталната еднаквост за жените и за малите бизниси во сопственост на жени.

Еве два примери:

Женско светско банкарство (непрофитна организација  која обезбедува поддршка, техничка помош и информации на глобална мрежа од 55 независни микрофинансиски институции – Women’s World Banking) и Фондацијата Виса ја искористија моќта на меѓу-секторските партнерства за да се справат со ситематските пречки со кој се соочуваат жените и микро и малите бизниси во сопственост на жени во поглед на нивниот пристап и искористеност на финансиските услуги.

За време на карантинот во Индија, трансферите од владата до физичките лица беа доставени на сметки во сопственост на жени. Пред пандемијата, Женското светско банкарство работеше заедно со Банката на Барода на зголемувањето на женската ктивност и искористеноста на тие сметки; сега тие се во можност да им помогнат на жените да имаат пристап до важни извори на приходи што е од исклучителна важност во поглед на нивното економско закрепнување.

Напорите на банката вродила со 72% од нивните жени клиенти имаат пристап до средствата на нивните сметки. Дополнително, пилот проектот има за цел да ги поттикне жените да ги користат нивните сметки за штедење, и им обезбедува  пристап до програми за штедење и микро осигурување.

Меѓународната организација Рака под рака (Hand in Hand International – организација чија мисија е да се елиминира сиромаштијата преку локални иницијативи) е тригодишна програма чија цел е да охрабри повеќе од 10000 лица во пошироката околина на Најроби, од кои барем 75%се жени, да отворат бизниси и да ги надградат познавањата преку обуки за финансиски вештини, менторство и пристап до пазари и финансиски услуги. Некои 1600 бизниси со многу висок потенцијал за раст ќе добијат специјализирани обуки што треба да им помогнат да го скалираат бизнисот.

Додека Ковид-19 предизвика сите активности со физичко присуство да бидат одложени повеќе од две месеци, тимот на организацијата во Кенија обезбеди ресурси за да овозможи пристап до релевантни информации за новиот коронавирус и локални ресурси, како и совети за реориентирање на бизнисите кон производство и продажба на маски за лице и сапун.

Рака под рака исто така вршеше и мониторинг на економската добросостојба во Кенија, и заклучи дека 25% од претпријатијата на лицата опфатени во проектот се затворени, просечните заштеди паднале за 69%, додека 40% од испитаниците немале никакви заштеди, што претставува пораст за 5% во однос на периодот пред пандемијата.

За да ја задоволи зголемената потреба меѓу заедниците на нивните корисници, Рака под рака започна со регрутирање и обука со физичко присуство, во групи од максимум седум лица, веднаш штом се створија услови, запазувајќи ги насоките за задржување дистанца и здравствените препораки. Обуките се случуваа на отворено, и поради стравот дека новодојденците ќе го прошират коронавирусот во локалните заедници, организацијата регрутираше 11 лица од самите таргетирани заедници, за да го забрза процесот на регрутација.

Овие примери покажуваат како некои глобални иновации што се во тек а чија цел е подобрување на состојбата на жените и зголемување на нивниот пристап до капитал можат да бидат успешни. Нека послужат како позитивни примери што можат да ги охрабрат и инспирираат чинителите во другите земји да преземат слични чекори.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -