Жените и децата имаат поголеми шанси да не се заразат со коронавирусот

Медицинските истражувања посочуваат дека жените имаат помала веројатност да бидат жртви на корона вирусот во споредба со мажите, додека пак децата се најотпорни од сите возрасни групи, пренесува ББЦ.

Поврзано:

Повеќето заболени луѓе манифестираат полесна инфекција, но кај посериозните случаеви можеме да забележиме повторување на некои карактеристики. Зошто е тоа така?

Во истражувањата на кинеските центри за контрола на болести биле вклучени 44,000 луѓе и резултатите покажале дека за 2,8% од инфицираните мажи вирусот бил смртоносен, во споредба со 1,7% од испитаните жени.

Кај 0.2% од децата и тинејџерите вирусот предизвикал фатални последици, во споредба со 15% од лицата над 80 години.

Дали жените и децата имаат помали шанси да заболат од корона?

Има два начина да ги објасниме резултатите од истражувањето. Овие групи се порезистентни кон првично инфицирање со вирус или нивниот организам е поспособен да се справи со вирусот. „Кога има појава на нов вирус, секој може да биде инфициран, тоа е важно да се запомни,“ вели д-р Бхар Панкханиа од Универзитетот од Ексетер. Тој објаснува дека, на самиот почеток на инфекцијата, организмот нема изградено имунитет против вирусот, бидејќи првпат е изложен на истиот.

Во почетните фази на појава на вирусот, децата имаат помали шанси да бидат заразени, бидејќи родителите имаат поголема контрола врз нивното движење и со тоа се дополнително заштитени, а го регулираат нивниот контакт со болни лица.

имунитет

Зошто жените се поотпорни на вирусот?

Можеби би се изненадиле од статистиката која укажува на тоа дека поголем број смртни случаи од корона вирусот се јавува кај мажи отколку кај жени, но за научниците овие бројки не се изненадувачки. Истата статистика можеме да ја проследиме и при грип и различни инфекции на организмот.

Дел од одговорот лежи во тоа што жените генерално се поздрави од мажите поради тоа што статистички помалку пушат и консумираат помалку алкохол.

Но и покрај животниот стил, влијание има и разликата на имуниот систем помеѓу мажите и жените. „Имуниот систем на жените реагира поразлично од оној на мажите. Жените се посклони кон заболување од автоимуни болести, и нивниот организам произведува подобри антитела против грипот,“ вели проф. Пол Хантер, од универзитетот „Ист Англиа“.

Дали има ризици за време на бременоста?

Официјално одговорот е не, но експертите имаат сомнежи.

Бременоста предизвикува разни промени на телото вклучувајќи и ослабнување на имуниот систем.

Ова ги прави жените поизложени на инфекција. Бремените жени имаат поголеми шанси да бидат жртви на грип отколку не бремените.

Владата на Велика Британија вели дека нема докази дека бремените жени се изложени на поголем ризик да заболат од корона вирусот.

имунитет

Децата се мета на корона вирусот

Да, децата можат да бидат заразени, најмладиот случај на корона вирус е кај бебе со старост од еден ден. Нема голем број податоци за симптомите на вирусот кај деца, но се чини дека тоа се ниска температура, растечен нос и кашлица. Би се очекувало вирусот да влијае со поголем интензитет врз децата на помала возраст, ако се водиме според примерот со грипот кај деца до пет години.

Имало појава на неколку посериозни случаи. Оние кои веќе страдаат од други здравствени проблеми како астма, намален имунитет и слично имаат поголем ризик да заболат и да претрпат посериозни последици од вирусот. Но во поголемиот број случаи вирусот кај децата се маниферстира со лесни симптоми.

Но во секој случај, се препорачува децата да се чуваат во поголема изолација и со поголема заштита, бидејќи како што беше напоменато нема доволно податоци за тоа како вирусот влијае врз нив.

Зошто корона вирусот предизвикува жртви?

Први симптоми на вирусот се температура и кашлица. Ова се симптоми со кои се соочува поголемиот дел од популацијата во текот на зимскиот период. Но, вирусот може да предизвика зголемена реакција на имуниот систем. Еден од посериозните симптоми е акутен респираторен синдром, кој е предизвикан од воспаление на белите дробови. Секое воспаление во суштина е сигнал на телото дека се бори против инфекција. Со тоа белите дробови немаат доволен пристап до кислородот од крвта. Ова може да доведе до престанување на работата на бубрезите и намалено прочистување на крвта. Доколку имуниот систем не може да се избори против вирусот, тогаш постепено тој ќе се рашири низ целиот организам.

имунитет

Зошто вирусот има посериозни последици врз постарата популација?

Одговорот на ова прашање е комбинација од 2 причини – послаб имун систем и организам кој генерално потешко се справува со болести. Нашиот имунитет ослабнува со стареење на телото, така и самиот организам ослабнува низ годините и има поголема склоност кон заболувања, скршеници, повреди, болка. „Квалитетот на антителата кои телото ги создава на 70 години е многу полош отколку оние кои се создаваат на 20 години,“ проф. Хантер додава.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -