Изненадувачки позитивни придобивки од Ковид-19

Како што напредува пандемијата со коронавирусот, се чини дека нема ништо друго освен лоши вести на секој час – сè повеќе случаи на заразени лица, повеќе трагедии и повеќе ограничувања. Иако вирусот предизвика страдања во огромни размери, сепак постојат позитивни страни што нè изненадуваат и што не сме ги очекувале, што пак докажува дека ништо не е апсолутно, и дека позитивни работи можат да произлезат дури и од најстрашните трагедии, пишува Entrepreneur.

Поврзано:

Намалување на загадувањето

Досега невидената големина на карантините, намалувањето на индустриското производство и драматичното намалување на бројот на моторни возила во сообраќајот – сите овие фактори придонесуваат кон подобрување на квалитетот на водата и воздухот.

Големите градови се најголемите виновници кога станува збор за емисиите на честички што го загадуваат воздухот. Како индиректен резултат од безбедносните мерки против Ковид-19, концентрациите на азотен диоксид драстично се намалија низ целата планета. На пример, во Бергамо, Италија, просечната концентрација на NO2 за време на една недела во месец Март беше 47 проценти пониска отколку истата таа недела во 2019 год. Во Барселона, намалувањето на овој гас во воздухот достигна 55 проценти. Европа не е единствената која има корист од почист воздух – истата појава се забележува и во Кина, САД и други земји.

Ова привремено намалување на загадувањето служи како доказ дека како глобално општество, можеме да направиме огромни разлики.

Секако, ова подобрување на квалитетот на воздухот и водата нема да трае бидејќи нивото на загадување ќе се искачи повторно кога индустриското производство и слободното движење ќе се вратат назад. Тие дури можат и да го надминат нивото пред појавата на коронавирус, бидејќи се очекува многу земји да го засилат производството за да надоместат за периодот кога биле затворени. Сепак, ова привремено намалување на загадувањето служи како доказ дека како глобално општество, можеме да направиме огромни разлики. Секој кој некогаш ја посетил Венеција ќе се зачуди од сликите на целосно чисти канали, на пример. Овие, и други вакви слики од целата Земја, ни покажуваат како нашите градови и природни површини би изгледале ако се вложат совесни, одржливи и големи напори во зачувувањето на животната средина. Надежта лежи во фактот дека овие феномени ќе послужат барем како алатка за подигање на свеста.

Поттик за технолошки бизниси

Веќе видовме дека биткоинот и други крипто валути, како и бизниси засновани на „блокчејн“ технологија воопшто, се подготвени да генерираат зголемен приход како индиректна последица од Ковид-19. Како метод за плаќање на далечина и како повеќе или помалку отпорни алтернативи на инфлација, биткоинот веќе прибира зголемен интерес и од индивидуални корисници и од инвеститори.

Додека голем број индустрии се соочија со проблеми како резултат на само-изолацијата, фактот дека милиони луѓе се приморани да седат дома и да се свртат кон дигитални решенија, отворија нови можности за одредени бизниси во технолошката индустрија.

Кога бизнисите и индивидуалните корисници усвојуваат одредено решение, барем дел од нив ќе продолжат да го користат кога работните методи ќе се вратат во нормала, и така ќе го зголемат бројот на потенцијални клиенти за тој што ја обезбедува услугата.

Компании кои обезбедуваат решенија за видео конференции на пример, гледаат огромно зголемување на сообраќајот. Многу од нив ја искористија оваа можност да обезбедат бесплатни услуги или услуги со попуст на одредено време. Кога бизнисите и индивидуалните корисници усвојуваат одредено решение, барем дел од нив ќе продолжат да го користат кога работните методи ќе се вратат во нормала, и така ќе го зголемат бројот на потенцијални клиенти за тој што ја обезбедува услугата.

Како помалку директна последица, се очекува зголемената потреба од сигурни и брзи интеракции на далечина да го забрза усвојувањето на 5Г поврзаност, како и технологии со виртуелна реалност, за на пример, одржување тренинзи на далечина.

Употребата на т.н. интелигентни градски решенија исто така се зголеми, вклучувајќи на пример, воведувањето на дронови и специјално дизајнирани апликации за потребите на полицијата. Пандемијата создаде можност да се тестира ефикасноста на овие технолошки методи, и можеби да се забрза усвојувањето на повеќе дигитални решенија во иднина.

Зголемени квоти за прием на студенти во високото образование

Постои прилично голема количина анксиозност во врска со прашањето како Ковид-19 ќе влијае на процесот на прием на нови студенти на универзитетите во Велика Британија и САД. До сега, пораката од високообразовните институции е јасно: не се очекува пореметување.  

Но факт е дека се шпекулира со идејата дека ќе биде полесно студентите да се запишат на многу факултети во САД, и дека процесот на прифаќање студенти во Велика Британија може да стане пофлексибилен во контекст на пандемијата.

Во САД, голем број факултети ќе испраќаат писма за прифаќање на зголемен број можни студенти, како дел од напорите да осигураат доволен принос. Несигурноста не е само во доменот на надежните студенти – поголемиот дел од универзитетите и факултетите исто така не можат да бидат сигурни дека ќе обезбедат доволно студенти за да ги пополнат квотите. Логично решение би било да прифатат голем број студенти за да компензираат.

Овој пофлексибилен пристап најверојатно нема да се примени на најреномираните институции како што се факултетите во САД што припаѓаат на т.н. „бршлен – лига“ (Ivy League), бидејќи и онака овие школи веќе имаат бескрајни листи на чекање.

Уште еден аспект на влијанието на пандемијата врз образованието е зголемената употреба на онлајн платформи за учење, поради затворањето на училиштата во поголем број земји. Ова овозможува зголемена свесност меѓу учениците за алатките што им се достапни онлајн, и можеби ова би ги натерало да размислуваат да се стекнат со диплома онлајн.

Вонредната состојба со коронавирусот ги стави на тест сите аспекти на јавните служби, од полицијата до здравството, до образованите институции и економската подготвеност, на таков начин на кој не може да се примени некаква симулација или теоретски модел.

Изложување на маните во економските и здравствените системи

Ова е позитивна маскирана страна. Начинот на кој дознаваме за пропустите во економските и здравствените системи е исклучително немил, но повеќето земји докажаа дека се неподготвени да се справат со криза како пандемијата на Ковид-19. Вонредната состојба со коронавирусот ги стави на тест сите аспекти на јавните служби, од полицијата до здравството, до образованите институции и економската подготвеност, на таков начин на кој не може да се примени некаква симулација или теоретски модел.

Постои надеж дека властите на локално и национално ниво ќе ги извлечат вистинските заклучоци од нивното справување со кризата и ќе спроведат соодветни решенија и промени за да бидат сигурни дека сите системи функционираат ефикасно во иднина. Маните се идентификувани, и варираат од земја до земја, што значи дека тие што се одговорни можат јасно да согледаат кои аспекти од подобрувањето треба да се задоволат. Ако имаме среќа, ваквите чекори ќе ни гарантираат дека ако уште една слична криза ì се случи на планетата, сите ние ќе бидеме подобро подготвени.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -