Изградете лична репутација пред да основате бизнис

Пред да започнете бизнис, треба да ја земете предвид личната репутација. Можеби сте во можност ова лесно и природно да го направите со постигнување значајни резултати во вашето поле. Но за поголемиот дел од нас, ова значи дека треба да се вложат дополнителни напори за да изградиме личен бренд на социјалните медиуми.

Зошто вашата лична репутација е толку важен фактор за успех во полето на претприемништвото, и кои чекори треба да ги направите за да ја развиете?

Вредноста на создавање репутација на почетокот

Ако сте претприемач на успешен бизнис, вие автоматски ќе ја создадете репутацијата за себе. Но има многу предности во негувањето подобрена професионална репутација пред воопшто да го основате бизнисот.

На пример:

Време и достапност. Менаџирањето бизнис одзема многу време, голем број претприемачи известуваат дека работат 60 часа неделно и повеќе. Тоа не ви остава многу време за да работите на развивањето на личната репутација. Ако го започнете овој процес пред да го основате бизнисот, тогаш ќе бидете во можност да располагате со целото потребно време за да се етаблирате себеси во вашата средина и сектор на делување.

Инвеститорите и партнерите ќе бидат заинтересирани за вас. Импресивниот личен бренд исто така ќе ви помогне уште на почетокот да го привлечете вниманието на инвеститорите и потенцијалните партнери. Вашата бизнис идеа ќе делува многу поимпресивна ако е поддржана од некој кој има стотици, илјадници следбеници на социјалните медиуми.

Моментум на почетокот на бизнисот. Со голем број следбеници или значително голема публика, ќе ви биде многу полесно да имате лесен и добар старт на вашиот бизнис. Откако еднаш официјално ќе го отворите бизнисот, ќе бидете во можност да посегнете по нови потенцијални клиенти, а притоа ќе имате топол вовед. Исто така ќе имате повеќе влијание и моќ врз вашата постоечка публика.

Долгорочна трајност. Не заборавајте дека отприлика половина од сите новоосновани бизниси ќе доживеат неуспех во првите пет години. Ако имате претходно изградена професионална репутација, а вашиот бизнис се соочува со неуспех, тогаш ќе можете едноставно да го пренесете вашиот личен бренд на вашиот следен деловен потфат.

Елементи на ефикасна репутација

Што точно значи да имаме силна професионална репутација?

Еве некои од најзначајните елементи:

Промислено лидерство. Дел од вашата репутација зависи од вашата способност да биде промислен лидер. Промисленото лидерство е концепт за кој се крева голема врева, но неговата основна идеја лесно се разбира. Треба да предлагате нови идеи и оригинални размислувања за да ве сфатат како експерт, што пак понекогаш значи изнесување контроверзни размислувања или такви кои се разликуваат во голема мера од нормата.

Запознаеност со индустријата. Потребно е исто така да имате длабоко познавање од вашата индустрија. Тоа значи да сте во можност да водите интелигентни разговори и да сте во тек со најновиот развој на настаните. За голем број новодојденци во личното брендирање, ова е најлесниот елемент што треба да се совлада.

Широк регистар контакти. Иако не е се` во бројките, вашиот личен бренд ќе биде повеќе почитуван доколку имате широк круг контакти. Зголемувањето на бројот на вашите следбеници на социјалните медиуми и поврзувањето со повеќе професионалци кои ги делат вашите гледишта и вредности може да ви помогне во овој случај.

Ангажираност и присуство. На крај, треба да сте постојано ангажирани; на овој начин секогаш ќе им бидете на ум на вашите следбеници и читатели. Бидете дел од дискусии, и одговорете им на лицата кои ви поставуваат прашања. Кажете „да“ на повеќе можности.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -