Зошто треба да го прифатите нелинеарниот кариерен пат

Да беше животот филм, ќе завршевте средно, ќе одберевте што сакате да студирате, ќе стекневте диплома и потоа веднаш ќе ја пронајдевте работата од соништата, денот по дипломирањето. Но, денес тоа многу, многу, многу ретко е случува. Јас сум некој кој дефинитивно го има прифатено нелинеарниот кариерен пат, иако ненамерно, споделува Саманта Велкер, деловен менаџер на бизнис порталот за креативни жени – Glitter Guide.

Голем дел од нас беа наведени да веруваат дека за да се биде успешен во кариерата треба да се следи „логичен“ или „предвидлив“ пат. Нашите добронамерни родители и учители не` охрабрувале да одбереме пат, да се стекнеме со практична диплома и да добиеме работа. Од тој момент, треба да работиме вредно со годините и да напредуваме во компанијата.

Но, просечниот поединец во просек менува 12 работни места во текот на кариерата. Без разлика дали тие промени се поттикнати од љубопитност или желба да се зголеми сопствената приспособливост, сепак тоа се многу промени. Имајќи ја сета таа динамика на ум, се` уште стравуваме од перцепцијата дека „скокаме од работа на работа“, особено ако промените вклучуваат различни професионални улоги и различни индустрии.

Кога размислувате за начините на кои светот и технологијата постојано се менуваат, таквата ситуација создава потреба за стекнување вештини што не мора да значи дека сме ги сакале во минатото. Тоа исто така не` тера да бараме можности и во други индустрии. За 5 до 10 години ќе бидат потребни вештини што во моментов не ни постојат. Размислувајте за тоа на овој начин: пред 10 години Инстаграм не постоеше. А сега позициите како „креатор на интернет содржина“ и „менаџер за социјални медиуми“ се вообичаени кариерни избори.

Така што, ако сте некој како мене, продолжува Велкер, кој се нашол на нелинеарен кариерен пат, направете тие промени да ви донесат конкретна корист!

Отарасете се од вината

Погодете што? Животот е полн со неочекувани пречки. Многу ретко се` работите се случуваат така како што сме планирале. Дури и да имате диплома во рака што не ја користите, нема никаков срам во тоа. Можеби, како мене, сте имале кариера во многу различни области. Моето професионално искуство вклучува финансии, човечки ресурси, маркетинг, оперативно работење и проектен менаџмент. Исто така, јас сум креативна личност која ужива да пишува, да дизајнира веб страници, да свири на неколку инструменти, и која сака да фотографира и да уредува цветни аранжмани. За разлика од некои членови на моето семејство, јас немав „логична“ серија работни позиции, иако имав многу традиционална диплома и потекло.

Мене, идејата дека работам на истото биро со децении не само што ми изгледаше неверојатна, туку искрено, и досадна. Но, тоа не ме спречи да се чувствувам виновна поради тоа што не сум следела „практичен“ и „сигурен“ пат. Со години ми беше страв да ги прифатам моите креативни дарови како веродостојна и легитимна кариера.

Она што го научив е дека иако нема ништо погрешно во традиционалниот пристап кон кариерата, тоа секако не е единствениот пат. Променето го начинот на размислување за да го надминете претходносмислениот концепт за тоа што сте требале да правите и честитајте си себеси што имате храброст да чекорите на нов пат што е единствено ваш.

Не мислите ги титулите

Ако сте фокусирани на одредена титула, тогаш можеби занемарувате големи можности што можат да ви помогнат да ја придвижите кариерата нанапред. Бидете отворени за можностите и излезете надвор од вашата комфорна зона. Често пати, лицата кои заземаат виши позиции работат крос-секторски со други тимови. Така што, ако тоа е вашата аспирација, заинтересирајте се за работата и улогите на вашите колеги во другите сектори. Тоа ќе ви помогне да развиете подобра перспектива за тоа како функционира еден бизнис и ќе ви дозволи да визуелизирате во која област вашата експертиза може да биде корисна.

Напишете си ја сопствената „кариерна приказна“

Некако успеав да си создадам магична работа што го комбинира не само моето образование и области на професионална експертиза, туку и моите креативни страсти. Дури и навидум да сте имале неповрзани работни позиции во различни индустрии, секогаш можете да најдете заеднички точки што ги поврзуваат вашите лични и професионални искуства.

Исто така, размислете кои се вашите преносливи вештини и таленти. Преносливите вештини често пати овозможуваат нови можности за промена на позицијата во рамките на една компанија. Кога работев човечки ресурси, гледав како многу кандидати отстрануваат искуства од нивните резимеа што мислеа дека не се релевантни за позицијата. Но, тоа што често пати се отстранува е показател за преносливи и добро развиени вештини. Кафичот во кој сте работеле пред 10 години може да посочи дека поседувате вештини како што се тимска работа, ефикасно обезбедување услуги за клиентите и способност за делегирање. Овие вештини можат да пораснат и да се надградат во секоја наредна позиција.

За мене, работа од соништата е работа што се развива врз основа на сопствените силни страни, но и таква која е во согласност со областите за кои сакате да учите и во кои сакате да растете, а тоа многу често не се случува на линеарна траекторија.

Извор: http://theglitterguide.com/

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -