Зошто социјалното претприемништво е добро и за луѓето и за бизнисите

Кога размислуваме за кариера посветена на општото добро, повеќето од нас размислуваат за добротворни и непрофитни организации. Но во последните две децении, се појави нов модел – непрофитни социјални претпријатија, пишува специјалистот за лидерство Роб Дуд, за Форбс.

На прв поглед, тврдењето може да звучи нелогично. Многумина мислат дека фокусот на профитабилноста би можело да ја одврати организацијата од нејзината примарна цел. Но социјалните претприемачи создаваат бизниси што прават пари и драстично го подобруваат животот на милиони лица, а луѓето стануваат свесни за изненадувачката корист.

Анант Кумар е еден од успешните социјални претприемачи со признанија што ги вклучуваат Наградата на ОН за светски бизнис и развој, Наградата на Фрост и Саливан за најдобар обезбедувач на здравствена нега за мајки и деца годината, и Претприемач на годината доделена од „Економски времиња“. Во 2010 година, тој дури и учествувал на тркалезна маса со Барак Обама каде ги споделил неговите иновативни бизнис идеи со тогашниот американски претседател.

Анант го започнал неговото патување во социјалното претприемништво во 2005 год, кога ја основал LifeSpring, гинеколошка клиника што им обезбедува на најсиромашните жени во Индија висококвалитетна здравствена нега. Сега, тој стои на чело на LifeCircle, организација што се фокусира на стара популација во Индија чиј бро е во постојан пораст.

Тој ја застапува идејата за профитни социјални претпријатија бидејќи верува дека бизнисите се неверојатен метод за поставување рамнотежа во општеството. А кога сите ќе бидеме еднакви, тогаш вистинската промена ќе процвета.

Социјални претпријатија спроти добротворни или непрофитни организации

Концептот може да ви звучи познато, но постојат важни разлики помеѓу социјалните претпријатија и добротворните или непрофитните организации.

Според Анант, во едно социјално претпријатие „основаната цел не е поврат на капиталот,“ вели тој. „Социјалната еднаквост и социјалната корист се на прво место“. Но, за разлика од добротворните организации, социјалните претпријатија се изградени на традиционални деловни принципи и профитабилноста секогаш е активна цел. Секој кој ги користи услугите или производите на организацијата е клиент кој плаќа.

Со плаќањето на дури и номинален надоместок, социјалните претприемачи велат дека клиентите добиваат еднаков третман во очите на компанијата, нешто што често пати недостасува во традиционалниот модел на добротворна организација. „Размислете за добротворната организација,“ вели Анант. „За примателот, вие навистина им правите услуга. Вие сте донаторот. Тие се примателите. Така што, не сте на исто ниво. Кога сте на исто ниво, има празнина што треба да се пополни со отчетност“.

Кога услугата или производот се бесплатни, се очекува од примателите да ја прифатат без разлика дали понудата е искрена помош. Ова ги прави примателите да чувствуваат дека нивните вистинските потреби не се слушнати или ценети. Како клиенти кои не плаќаат, тие имаат малку, ако воопшто имаат, нивелирање за да побараат промена.

Ако се наплаќа надоместок, тогаш поставувате стандарди и очекувања. Дури и за релативно достапни работи, како шолја кафе, лошо е за бизнисот ако кафето не можете да се пие. Потенцијалните потрошувачи едноставно ќе отидат на друго место. Оттука, приватните организации мораат да обезбедат квалитетни производи. „Ако не обезбедите добра нега или услуга, клиентот ќе ве отфрли,“ објаснува Анант.

Преминот од примател на добротворна помош до клиент кој плаќа ја прави целата разлика. Охрабрени да побараат што им треба, тие на крајот ќе ја добијат социјалната услуга – и достоинството што сакале да го стекнат.

Како да создадете социјално претпријатие

Анант првично бил инспириран да создаде ланец гинеколошки центри откако пропатувал низ цела Индија и ги посетил јавните болници со цел да продава контрацептивни средства. Таму ги засведочил тешките, пренатрупани услови со кои се соочувале жените со ниски примања додека на свет ги носеле нивните деца, многу од кои живееле со помалку од еден американски долар дневно.

Тој се одлучил да изнајде подобар начин да обезбеди квалитет, и достоинствени здравствени услуги за секој без разлика на нивото на приход. Како обучен маркетер, а не професионалец од областа на здравствената нега, тој бил свесен дека потфатот ќе биде предизвик. Дополнително, во неговата земја немало слични модели што можел да ги искористи. „Имав само идеја дека треба да сме во можност да обезбедиме достапна нега за сиромашните работници и сепак да бидеме профитабилни,“ вели Анант.

За среќа, тој наишол на поддршка и активно вклучување од други. Барајќи инспирација, тие ги искористиле моделите за нивните бизниси од успешни нискобуџетни авиопревозници. Овие компании нудат основни услуги што сепак ги задоволуваат или надминуваат строгите стандарди за безбедност на индустријата. Тие исто така го рационализираат менаџирањето и значително го зголемуваат бројот на клиенти за да го зголемат профитот.

Со примената на овие концепти на здравствената нега се појави нов бизнис модел. „Им дадовме таква цена на нашите услуги за да можат да дојдат повеќе луѓе,“ објаснува Анант. „Видовме шест до седум пати повеќе пациенти од приватните болници. Во моментот кога го направивме тоа, цената за обезбедување услуги падна драстично“.

Изненадува фактот што LifeSpring носи бебиња на свет за 20 американски долари додека истовремено строго се придржува до сите здравствени протоколи и обезбедува достоинство за нивните пациенти. Првата ваква болница беше толку успешна што бизнисот набргу се прошири. Денес имаат 12 болници низ цела Индија.

Проширување на социјалното претприемништво

Откако остварил успех со гинеколошките клиники и кај пациентите и кај неговите бизнис партнери, Анант почнал да создава сличен модел за различна демографска категорија. Инспириран од борбата на неговото семејство да најде соодветна нега за неговата стара мајка, Анант основал ново социјално претпријатие за нега на стари лица – LifeCircle Senior Care

Животниот век во Индија драстично се подобри во последните неколку децении и семејството на Анант не било единствено во неговата потрага. „Ние сме првата генерација Индијци што се грижат за нивните родители,“ појаснува тој. „Никогаш не сме ги виделе нашите родители или баби и дедовци како се грижат за постарите лица дома бидејќи не живееја толку долго“.

Потребата за нега на стари лица исто така се вивна до облаците поради промената во традиционалните семејни структури во Индија. Денес, се` повеќе луѓе се иселуваат од нивните родни градови или села во потрага по подобри можности за развој на кариера. Иако овој чекор често пати оди во прилог на целокупната финансиска ситуација на едно семејство, сепак може да доведе до тоа да нема кој да се грижи за постарите родители.

Така што, вечниот социјален претприемач создаде бизнис со кој луѓето можат да добиваат професионални услуги за нега на стари лица. И бидејќи станува збор за нова индустриска гранка со ограничен број на персонал, тој исто така основа и програма со која се обучуваат луѓето кои живеат во области со ниски примања да станат медицински сестри и помошници. „Не стануваше збор само за негата за старите лица,“ Анант вели. „Ние исто така се обидуваме да им помогнеме на луѓето да направат нешто значајно во нивните животи“.

Денес, домовите за стари лица станаа втор голем претприемачки успех на Анант. „Седумдесет проценти од она што го заработуваме оди за сестрите и помошниците, и нивните села,“ вели тој. „Моделот обезбедува двојно влијание и за старите лица и за тие кои се грижат за нив“.

Социјалните претприемачи како Анант докажуваат дека целите на профитабилноста не секогаш се сведуваат на тоа да бидат услужени тие што на врвот. Напротив, најдобрите приказни за успешни бизниси се тие што создаваат подобар свет за сите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -