Зошто постојано се чувствуваме уморни, иако се движеме многу помалку

Благодарение на саатите поминати во работа од вашиот кауч, забавите на Zoom или едноставното легачање пред ТВ чекајќи да почне вашата серија, многу е веројатно дека за време на пандемијата на коронавирус, вашето тело се движи помалку од кога и да е претходно. Бидејќи не дека баш физички се напрегате овие денови, што е тогаш причината поради која се чувствуваме уморно, пишува Хафингтон Пост.

Поврзано:

Краткиот одговор е дека иако се сме помалку физички активи, нашиот мозок работи прекувремено. Со други зборови, исцрпеноста што ја чувствуваме, технички, навистина доаѓа од главата.

Иако можеби не патувате напред-назад до работа, не вежбате редовно во вашето омилено фитнес студио или викендите ги поминувате во вршење на домашните задачи, нашите драстично промените животни стилови благодарение на коронавирусот имаат поголемо влијание врз менталното здравје и нивото на енергија отколку што можеби си претпоставуваме.

„Најверојатно сум најнепродуктивна од кога и да било претходно,“ вели Мадона Мата, 24-годишна студентка од Остин, Тексас. „Едноставно сум уморна цело време. Не знам дали тоа е поради храната што ја јадам – повеќе јаглехидрати, помалку зеленчук – или недостатокот на структурата, но едноставно чувствувам меланхолија.“

Вообичаено, вежбањето ми дава екстра енергија и расположение а сега, спротивни работи ме прават мрзелива,“ додава таа. „Некогаш ми е полесно само да заспијам и да се преправам дека сè низ што поминуваме сега е лажно.“

Катрин Нелсон, 27-годишна интернет авторка од Провиденс, Роад Ајленд, вели дека начинот на кој се чувствува зависи од денот.

„Се разбудив во 8ч пред некој ден и имав исполнет ден,“ вели Нелсон. „Друг ден пак, спиев до 11ч, слушав радио емисии и си легнав рано. Сум имала продуктивни денови и скоро целосно неактивни денови. Се чувствувам како да се движам по луда железница ама со бавно темпо. Не знам кога ќе го имам следниот врв или следниот пад.“

Зошто стресот води кон толку многу замор

Додека некои стрес фактори можат да ни помогнат во поглед на постигнување посилен фокус или побрза способност за решавања проблеми – како на пример ситуација во која мора да се испочитува рокот, или кога возите и некој излета пред вас – ваквите ситуации се моментални. Долгорочниот стрес што можеби го чувствуваме како резултат на Ковид-19 и постојаниот наплив на вести во врска со пандемијата не треба да се потценуваат, како и нивното влијание врз телото и умот.

Според Савчук, кога нашиот мозок постојано се труди да се прилагоди на несигурност, страв и предизвици – како што прави за време на целата пандемија – менталната оптовареност си го прави своето со тек на време. Нашето тело физички се уморува од справувањето со целиот овој емотивен стрес.

„Луѓето се соочуваат со предизвици што го активираат нивниот симпатичен нервен систем, така што на некој начин станува збор за класична ситуација на „бори се или бегај“, вели Крег Н. Савчук, психолог од клиниката Мајо. „Добиваме наплив на хормони кои ни помагаат да продолжиме напред, како адреналин или кортизол – тие се добри. Навистина е способност за приспособување како нашето тело може да ја направи таа брза промена. Но таа не е наменета да биде постојано активна. И тука наидуваме на овој вид физички проблеми.“

Според Савчук, кога нашиот мозок постојано се труди да се прилагоди на несигурност, страв и предизвици – како што прави за време на целата пандемија – менталната оптовареност си го прави своето со тек на време. Нашето тело физички се уморува од справувањето со целиот овој емотивен стрес. 

„И тука почнувате да гледате некои од проблемите со енергија што се јавуваат кога сте под замор,“ Савчук вели. „Можеби се одмараме многу повеќе, некогаш дури и ненамерно, но тоа не е обновувачки вид на одмор.“

Трошењето енергија не се сведува само на физичка активност. Трошиме енергија кога процесираме емоции, ги регулираме сопствените чувства, кога размислуваме или се грижиме, и кога се прилагодуваме на нови предизвици.

„Мислиме дека физичката, емотивната и менталната енергија доаѓаат од исто место, за да можеме да размислуваме на повеќе системи во нашите животи што се постојано вклучени и за возврат, постојано ни ја цедат енергијата и нè заморуваат,“ објаснува Савчук.

Како да ја повратите енергијата, барем малку

Има начини како да го покачите нивото на енергија дома и да го контролирате нивото на стресот. Џона Хансен, која работи како лиценциран клинички социјален работник во Њујорк, ги препорачува следниве чекори:

  • Дишете длабоко. „Вдишете длабоко 10 пати во текот на еден час, секогаш кога ќе помислите на ова,“ вели Хансен.
  • Пијте многу вода и хранете се што поздраво можете. „Ограничете ја количината на алкохол што ја конзумирате, бидејќи алкохолот може да ве натера да се чувствувате како ја губите енргија со тек на време.“ Хансен исто така препорачува 3 оброци дневно во отприлика исто време.
  • Вежбајте контрола на мисли. „Најдете некој предмет кој ви е познат (на пример, вашите стапала) и само забележете го тој предмет некоја минута за да ви помогне да ги скротите мислите во тој момент,“ вели таа.
  • Прифатете се себеси кога мислите дека не успевате. Грижата дека не треба да го арчите времето или дека нема да завршите сè што сте навеле дека треба да го направите на вашата листа со обврски ќе ве исцеди, објаснува Хансен. Престанете да се критикувате себеси во толкава мера.
  • Вежбајте креативност во кратки временски рамки. Направете нешто во што уживате и што знаете дека ќе го завршите за ден или два, како што е сликање, плетење шал, чистење на гардероберот или пишување вистинско писмо, на хартија, до близок член на семејството или пријател, вели таа.
  • Правет паузи од седењето пред монитор. „Дозволете си повеќе паузи од времето што го поминувате пред екран во текот на денот, особено од читањето вести,“ препорачува Хансен. „Исто така, не носете го телефонот или таблетот во кревет за да можете квалитетно да се одморите.“
  • Намалето го темпото на работа. „Само затоа што имате многу време дома, не значи дека целото време треба да го поминувате во работа,“ потенцира Хансен.
  • Грижете се за сопственото тело и мозок. „Присуствувајте на онлајн средба со вашиот тренер или со вашите пријатели од вежбалната, или излезете надвор и прошетајте,“ вели Хансен која исто така препорачува практикување медитација и свесност за сопственото тело.
  • Побарајте помош. Ако сте во можност, „зборувајте со некој кој може да се сконцентрира на вашите специфични потреби,“ вели таа. Во моментов постојат цела палета онлајн ресурси за психолошка помош.

Не е јасно колку долго Ковид-19 ќе нè држи во оваа состојба на намалена физичка активност и засилен стрес, но Сачвук вели дека отпорноста е клучна при справување со пандемијата и нејзините последици.

„Сите ние како луѓе сме отпорни – навистина сме,“ вели таа. „Отпорноста има едно речиси гумено својство, како што е враќање во скоро истата првобитна состојба. Но ние ќе се вратиме во скоро истата првобитна состојба. Не мора да значи дека ќе се вратиме назад токму на истото место каде што сме биле пред Ковид-19 бидејќи искуството нè менува; го менува мозокот.“

„Нашата цел не е да бидеме совршени. Нашата цел е да бидеме доволно добри. Да сме доволно добри значи да сме љубезни кон нас самите. Можеби објективно изгледа како да има повеќе време на располагање, но тоа не мора да значи дека е нешто добро, ниту пак мора да значи дека ќе бидеме помотивирани и поефикасни. Станува збор за приспособување.“

Сачвук смета дека дел од создавањето отпорност е учењето како да прифатиме и да се прилагодиме, што е различен пат за секој од нас. Со други зборови, никој не треба да се потценува и критикува себеси бидејќи не сме успеале да измесиме леб каков што сме замислиле или не сме се приклучиле на онлајн час по јога тој ден.

„Мораме да внимаваме кога правиме несоодветни споредби со луѓе кои мислиме дека одлично се справуваат,“ потенцира таа. „Нашата цел не е да бидеме совршени. Нашата цел е да бидеме доволно добри. Да сме доволно добри значи да сме љубезни кон нас самите. Можеби објективно изгледа како да има повеќе време на располагање, но тоа не мора да значи дека е нешто добро, ниту пак мора да значи дека ќе бидеме помотивирани и поефикасни. Станува збор за приспособување.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -