Зошто поставувањето високи цели е важен чин

Можеби звучи елементарно, но нашите анегдотални докази покажуваат дека ако компаниите активно поставуваат високи цели тоа вообичаено води до раст на бизнисот и одржливост.

Секако, „целење кон ѕвездите“ често пати подразбира искусување неуспех. Сум се соочил со значајни неуспеси во мојата кариера, но дури и кога не сум ги остварил сите цели бидејќи сум имал менталитет да „целам на големо“ тоа ми помогнало да стигнам поблиску до местото каде сум сакал да бидам.

Овој концепт е многу очигледен во процесот на формирање на мојот кариерен пат. Тоа беше моја цел како извршен директор. За среќа или не, позициите што сум ги имал не сите ме ставиле на вистинскиот пат: претрпев пораз на тоа поле, што се однесува до мене. Сепак, тоа ме натера да ја основам компанијата Four Pillars Investors. На крајот ја постигнав мојата цел, но одејќи по различен пат од очекуваниот.

Поставувањето високи цели не произведува брз, неодржлив раст. Напротив, тоа подразбира различни нивоа на раст за различни организации. Кога поставувањето цел се заснова на достижни а сепак агресивни мерки за раст, лидерите целат кон ѕездите со долгорочни резултатите за нивната компанија.

Поставувањето високи цели искористете го за поттикнување одржлив раст за вашиот тим

Како извршен директор, имате многу важни улоги, но од вас зависи да ја поставите стратегијата и да ја дефинирате културата. Тим кој е фокусиран на целта, во комбинација со претприемачки начин на размислување, ви дозволува да целите високо со насоката што ви е потребна да растете и да ги постигнете вашите цели. Во продолжение се три стратегии што ги инкорпориравме во нашиот процес на поставување цели за да ни помогне да ги оствариме нашите големи амбиции.

Соработувајте со лидерските структури за да ги придвижите луѓето напред

Џон Котер, кој се смета за врвен авторитет за корпоративно лидерство и имплементиција на промени, вклученоста на вишите структури ги смета „клучни за остварување на секоја организациска промена“.

Стратегијата е исклучително важна за деловниот раст и одржливост, а бизнис лидерите нема да успеат ако таа не им е приоритет. Ефикасниот извршен директор работи со неговиот менаџерски тим, лидерските структури на компанијата и со секој кој се наоѓа помеѓу тие скалила за да ги оствари целите. На овој начин, не станува збор за извршен директор кој кажал: „Ќе го направиме ова и ова како компанија и вие ќе го правите тоа“.

Како основач на Four Pillars, секако дека имам лични цели за организацијата. Имајќи го ова на ум, за време на нашите годишни состаноци чиј фокус е поставувањето цели, сакаме да го вклучиме целиот тим за секое лице да се чувствува дека тој или таа игра важна улога во процесот.

Јасно формулирајте ги целите

Можеби имате само долгорочни цели, или можеби имате и краткорочни таргети. Без разлика на нивната големина, нивното кажување на глас помага – посочува истражувањето спроведено од Доминиканскиот Универзитет во Калифорнија, според кое луѓето кои ги снимаат нивните цели имаат 42% повеќе шанси да ги остварат.

За да бидете отчетни и вие и вашите вработени, комуницирајте ги вашите цели на почетокот на процесот и комуницирајте ги често. Следно, доделете одговорности и добијте повратни информации од луѓето на кои сте ги делегирале тие задачи. На пример, Кевин О’Лири од Shark Tank известува дека компанијата што ги постигнала финансиските цели го направиле тоа со стратегии за поставување цели со конкретни квартални таргети.

Во контекст на состаноците за поставување цели на Four Pillars, нашата сеопфатна цел за последната година беше остварување конкретен приход. Иако секој член на тимот секогаш работи на повеќе договори, мислевме дека ако поставиме таргет во однос на приходот ќе биде позначајно бидејќи им дозволува на членовите на тимот да видат како нивната работа на одредени проекти не` придвижува кон остварувањето на целите на компанијата.

Сите треба да понесат одговорност

Истражување на Partners in Leadership открива дека 91% од испитаниците го нарекле понесувањето одговорност врвна развојна потреба во работна средина. Извршните директори и членовите на тимовите на пониските нивоа мора постојано да мислат на поставувањето цели за да целите од голема слика на пропаднат низ дупките.

За да го поттикнете напредокот и промената во компанијата, осврнете се на внатрешните тимови и менаџери. Редовно состанувајте се со нив и врзете ги нивните напори со долгорочните таргети за да можете и нив да ги натерате да понесат одговорност. На крајот на краиштата, организацискиот напредок оди толку далеку колку што одите вие и вашиот тим.

Во Four Pillars ова го постигнавме со создавање серија помали задачи што ја подржуваат сеопфатната цел. Назначивме еден или повеќе вработени на секоја помала задача и потоа ја дистрибуиравме листата со задолженија. Кога вработените ќе го видат нивното име покрај задачата што треба да ја извршат имааат мотивација бидејќи имаат чувство на преземање дејство и сносење одговорност.

Поставувањето цели е огромен мотив за вработените бидејќи им овозможува да ги остварат истите без присуство на микро-менаџирање, предлага скорашна студија спроведена на американските професионалци од областа на маркетингот. Вклучувањето на вработените во процесот на поставување цели „може да ја засили нивната посветеност на остварувањето,“ открива истражување на Галуп. Поставете ги целите како тим за улогите да бидат прифатени на доброволна основа и со ентузијазам; комбинацијата на мотивација и добро одредени цели може „да го реши недостатокот на понесена одговорност,“ посочува Галуп.

Целењето кон ѕвездите бара широки цели што понекогаш можат да делуваат непријатни, но сепак јасните цели и мерките за достижен раст го овозможуваат тоа. Со намерното поставување цели за вас и вашиот тим, ги ставате сите на патот по кој ќе стигнат таму каде што сакаат да бидат.

Автор: Ник МекЛин – основач и партнер во Four Pillars Investors, инвеститорска компанија која купува и работи со просечни бизниси на пазарот што имаат неискористен потенцијал за раст.

Извор: Chief Executive

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -