Зошто повеќе жени треба да размислуваат за претприемништво

Ковид-19 ги потресе работните средини на начин кој никој не можеше да го предвиди. Додека сите се соочуваат со досега невидени предизвици, една категорија што беше сериозно погодена од новата ситуација се жените. И не станува збор за жените кои ги изгубија работните места. Според истражувањето „Жени на работните места 2020 год“ – најголемата студија за состојбата на жените во корпоративна Америка – една од четири жени размислува за прифаќање работно место што е подолу на кариерната скала од сегашното или пак за целосно напуштање на работната сила. Друго истражување спроведено од Chief, приватна мрежа чија цел е да овозможи повеќе жени да дојдат до одлучувачки и моќни позиции, открива дека пандемијата ги приморува жените да сменат насока дури и да не се директно отпуштени од работа, пишува Каролин Кастриљон за Форбс, која има над 20-годишно искуство во корпоративниот свет и која одлучила да ја основа успешната компанија Corporate Escape Artist.

Некои од поважните сознанија во истражувањето посочуваат дека 30% од жените на извршните директорски места велат дека пандемијата ги исфрла од патот на професионалната кариера; речиси една четвртина или 24% од испитаниците планираат да ги напуштат компаниите порано поради одговорот на нивната организација на пандемијата; и неверојатни 70% од жените кои учествувале во студијата изјавиле дека презеле повеќе професионални обврски со почетокот на пандемијата.

Жените кои остануваат во работната сила преземаат неверојатно голем број задолженија, што пак ги става во ризик од прегореност. Овие откритија не не` изненадуваат бидејќи студијата за жените на работното место исто така известува дека за време на пандемијата, вработените мајки имаат дополнителни 20 часа обврски дома поврзани со негата за децата и повеќе обврски од вообичаената 40-часовна работна недела.

Но има надеж, и таа се вика претприемништво.

Претприемништвото овозможува поголема флексибилност

Во скорашна статија објавена во Форбс, Стејси Френсис, претседател и извршен директор на Francis Financial, посочи дека започнувањето бизнис им овозможува на жените одново да станат дел од работната сила кога се подготвени, на начин што ги поддржува потребите на нивниот животен стил. „Ја започнав мојата фирма за менаџирање финансиски средства за хонорар со фокус да им служам на жените во 2002 година,“ вели Франсис, „и тоа ми ја даде флексибилноста што ми беше потребна. Ја сакам мојата работа, и го сакам фактот што мојот бизнис ми дозволува да бидам присутна во животите на моите деца“. Жените се се` уште примарните обезбедувачи на нега, без разлика дали станува збор за деца или за постари родители. Бивањето сам свој газда дозволува поголема слобода отколку работењето за некој друг. Оваа дополнителна автономија е корисна кога семејството е прв приоритет. Правењето ваш личен распоред исто така олеснува да одвоите време за вежбање и за водење здрав животен стил, што е уште една причина зошто жените одлучуваат да се занимаваат со претприемништво.

Претприемништвото дозволува побрз напредок

Жените се подобро образовани и поактивни на пазарот на трудот, како никогаш досега. Сепак, и покрај нивните придобивки, нивната застапеност во највисоките деловни позиции заостанува од онаа на мажите. Истражувањата покажуваат дека за секои 100 мажи унапредени или вработени на позиција на која стануваат менаџери за првпат, само 72 жени го доживуваат истото. Нерамнотежата е поголема за жените од малцинствата… Шестото издание на извештајот „Жените во салата за состаноци“ на Deloitte Global открива дека жените седат на само 16,9% од седиштата за членовите на одборите, глобално. Со оваа стапка, ќе бидат потребни повеќе од три децении да се постигне родова еднаквост во салата за состаноци. Тогаш не треба да не` изненадува зошто жените одлучуваат да се занимаваат со претприемништво за да напреднат побрзо во кариерите.

Претприемништвото ви дава поголема контрола

Верувањето дека работењето за компанија нуди поголема стабилност е мит. И нема подобра потврда за ова од настаните што се случија во 2020 година. Повеќето жени искусија отпуштање од работа или реорганизација на работењето во одредена точка на нивниот корпоративен живот. Овие сценарија често пати резултираат со организациони предизвици што се надвор од нечија контрола и можат да имаат негативно влијание на кариерата. Работењето за себе значи дека вие управувате со воланот. Ова е моќна изјава бидејќи не само што имате контрола врз вашите деловни активности, туку и врз оние со кои работите, вклучувајќи ги клиентите и деловните партнери.

Претприемништвото нуди поголема исполнетост

Многу жени го напуштаат корпоративниот свет бидејќи нивните работни места едноставно не ги исполнуваат. Започнувањето сопствен бизнис ви дозволува да пронајдете значење и ви овозможува да оставите наследство на кое можете да бидете горди. Да бидете вистински успешни, морате да пронајдете работа за која ќе чувствувате вистинска страст. Во една фантастична книга насловена „Срце, Ум, Храброст и Среќа“, авторите преку нивното истражување откриваат дека без срце, малку бизниси стануваат вистински успешни. Всушност, тие велат дека „коефициент на интелигенција заснован единствено на памет е најверојатно најмалку потребната одлика на успешен бизнис“.

Ако ви се чини дека вашата корпоративна кариера ве гуши или не ве исполнува, можеби конечно е дојдено време да размислите за претприемништво. Според Американското биро за трудова статистика, околу 20% од новите бизниси не успеваат во првите две години, 45% во првите пет години и 65% во првите десет години. Сепак, можноста да започнете бизнис можеби ви се чини страшна, но користа може да натежне над потенцијалните негативни страни. Затоа што на крајот на денот, неуспехот во нешто што го сакате ви носи поголема награда од успехот во нешто за кое едноставното не ви е гајле.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -