Зошто ни требаат жени лидери во борбата против Ковид-19

Половина од учесниците во првата борбена линија се жени, што укажува на важноста на жените во борбата против коронавирусот. Дури 70% од здраствените работници ширум светот се жени, но само 25% од лидерските позиции им припаѓаат на жените. Без женско присуство  на овие важни позиции можно е проблемите на жените да не бидат третирани за времен на кризата.

Поврзано:

Поголем диверзитет води кон подобри решенија

За да ги решиме здраствените проблеми, како што се последиците од Ковид-19, потребни ни се најголемите умови што светот може да ги понуди. Тимовите со поголем диверзитет водат до повеќе иновации, додека пак изоставувањето на половина од популацијата доведува до ограничување на можностите.

женски лидери

Лидерите ги носат одлуките за тоа каде да се инвестираат средства и кој пат да го следат истражувањата, од развивање на вакцината до мрежи за социјална безбедност. Недостатокот на жени на овие лидерски позиции доведува до  занемарување на проблемите со кои се соочуваат жените.

Во Кина 90% од медицинските сестри и доктори кои секојдневно се бореа со вирусот беа жени. Со тоа, значителен дел од медицинскиот товар во Кина се наоѓаше на грбот на женската популација.

Знаеме дека биолошки, вирусите и различните болести влијаат различно на мажите и жените. Понекогаш разликата е поочигледна, но во некои случаи е помала. Во време на криза, нееднаквоста помеѓу половите може да биде засилена, како на пример, пристапот до платена работна позиција, самата плата и слично.

Иако истражувањата покажаа дека коронавирусот влијае повеќе на машкиот отколку на женскиот пол, доколку размислиме за долгорочните последици,  можеме да забележиме дека коронавирусот има силно влијание врз жените преку преземените мерки, како што се затворање на училиштата и зголемена потреба од грижа за стари лица во нивните домови. Исто така, мора да се земат предвид и жените кои се жртви на домашно насилство, чие секојдневие е дополнително отежнато со наметнатиот карантин.  

женски лидери

Претходната година, Светската Здравствена Организација и Светската Банка повикаа на потреба од засилување на женското лидерство. Но, ако ја погледнеме денешната ситуација, можеме јасно да забележиме дека само мал дел од женскиот глас е застапен при носењето на одлуките.

Потреба од зголемување на бројот на жени лидери

Извештајот од 2020 год за светското здравје – Global Health 50/50, кој содржи проценка на родовата застапеност во светските здраствени организации, покажува дека во институциите што ги носат одлуките доминира машкиот глас, и дека со ова темпо остварувањто родова еднаквост на овие позиции е одалечено најмаллку 40 години од сега.

Со повеќе од 465,900 активни случаи и преку 21,000 смртни случаи, женскиот глас на лидерските позиции не смее да биде занемарен.

Треба да се погрижиме системот да гради и поддржува силни женски лидери кои ќе го кренат својот глас за време на светската криза. Ова можеме да го постигнеме со овозможување еднакви можности на жените, тренинг и пристап и ќе ја намалиме разликата во платите за иста работна позиција помеѓу половите.

женски лидери

Со обезбедувањето еднакви можности за половите, ги отвораме вратите кон поголеми можности и напредок на светската сила, и го подобруваме начинот на кој се справуваме со здраствените, економските и остнатите светски кризи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -