Зошто најдобрите лидери сакаат да не се во право

Голем број претприемачи новајлии имаат еден заеднички наратив: наишле на проблем што требал да се реши и, покрај сите причини за неуспех, работеле како луди да стигнат до најдоброто решение за тој предизвик. „Морав да го решам!,“ често пати знаат да кажат тазе претприемачите. „Се чувствував како вистински натрапник!,“ пишува Линдси Блејкли, уредник во веб порталот посветен на претприемништво и бизнис Inc.com.

Тој ран период може да биде едно од најплодните и специјални времиња во животот на еден претприемач: желни сте да учите и да делувате врз основа на новостекнатото знаење. Имате доверба во вашата способност да постигнете идна цел, но исто така и понизност да се преиспитувате дали навистина ги имате вистинските алатки, вели Адам Грант, психолог со специјализација во организациско однесување од факултетот Вортон при Универзитетот во Пенсилванија, и автор на неговата нова книга: „Размислете повторно: Моќта кога го знаете она што не го знаете“ (Викинг, 2021год). Во моментот кога го правите преминот од целосен новајлија во одреден степен успешен аматер, тогаш најверојатно ќе наидете на неволја. Брзиот раст може да промовира лажно чувство на усовршеност.

„Така набрзина почнува циклус на прекумерна самодоверба, што пак не` спречува да се сомневаме во она што го знаеме и да бидеме љубопитни за она што не го знаеме,“ пишува Грант. „Се фаќаме во стапица на почетнички меур на погрешни претпоставки, каде не сме свесни за нашето незнаење“.

Во книгата, Грант ги испитува причините зошто претприемачите и извршните директори, и нависитна сите, може да се најдат фатени во стапицата на тесно и затворено размислување, неволност за промена на претпоставките и верувањата дури и кога доказите им се пред очи. Во еден турбулентен свет, посочува Грант, вашата можност одново да промислувате и да се од-учите од претходно стекнати претпоставки и убедувања е далеку поважно од сировата интелигенција.

Тогаш како да почнете да се преиспитувате себеси на најумниот можен начин? Во продолжение се неколку сублимирани лекции што можат да се изведат од новата книга на Грант.

Бидете свесни за „синдромот на основачот“

Може да им се случи дури и на најиновативните основачи: тие (точно) се обложуваат против консензусот и на сите душебрижници им докажуваат дека грешат. „И потоа, прекумерно ја генерализираат погрешната лекција: дека секој пат кога ќе се обложат против консензусот ќе имаат подобар суд,“ вели Грант. „Тогаш ароганцијата и нарцизмот испливуваат на површина“. Подобар пристап е да анализирате зошто во одредена ситуација вие сте биле во право, а зошто другите погрешиле. Треба да го препишете вашиот успех на нешто конкретно. Дали сте имале поинакво знаење? Подобар пристап кон анализирањето на проблемот? Дали сте имале среќа поради тоа што ви недостасувало искуство и сте пристапиле со свеж поглед? „Не следете ја вашата интуиција: тестирајте ја,“ вели тој. Ова е особено важно кога сте постигнале одредено ниво на успех во еден домен, или област и сега сакате да основате бизнис во друга сфера. Она што функционирало во стартап компанија ориентирана кон клиентите, може да не функционира во бизнис потфат што опфаќа продажба бизнис кон бизнис.

Размислете за барем една причина поради која би можеле да погрешите

Еден од најлесните начини да се обидете да ја надминете прекумерната самодоверба е да размислите за барем една веродостојна причина зошто би можеле да грешите. Грант пишува: „Кога формирате мислење, запрашајте се што би требало да се случи за да докажете дека е грешно“.

За момент размислете на судбината на BlackBerry, компанијата која во 2009 год го имаше заземено речиси половина од пазарот на паметни телефони. Основачот на компанијата Мајк Лазаридис, упорно веруваше дека неговиот мобилен уред овозможува само испраќање и примање електронски пораки и дека луѓето никогаш нема да сакаат да носат еквивалент на компјутер во нивниот џеб. Голем број од инженерите во компанијата имаа спротивни убедувања. До 2014 год, пазарниот удел на компанијата падна на помалку од 1 процент. Што ли ќе се случело доколку Лазаридиз ги ставел неговите претпоставки под знак прашалник?

Развивајте „мрежа за предизвици“ од вработени во кои имате доверба

Не е возможно да можете да ги видите сите ваши слепи точки, без разлика колку самосвесен сте станале. За да бидете сигурни дека знаете што не знаете, ви треба тим од вработени кои се желни да ве предизвикаат. Грант нив ги нарекува „непријатни даватели“. “Тие се расфрлаат со т.н. напорна љубов и ве критикуваат бидејќи се грижат и сакаат да го подобрат вашето размислување,“ објаснува тој. Омилениот начин на Грант за идентификување на овој тип луѓе за време на интервју за работа е да поставите некоја верзија на ова прашање на крајот на интервјуто: Ако нашиот процес на регрутација нови вработени треба да се смени, што би промениле? Непријатните луѓе често пати ќе ви ги дадат најискрените повратни информации без страв од реперкусии. Последниот дел е клучен: за непријатните даватели бидат најефикасни, тие мора да работат во психолошки безбедна компаниска култура каде грешките се третираат како можности за учење нешто ново.

Пронајдете радост кога грешите

Ова е можеби советот на Грант што претставува најголем предизвик – особено за претприемачите кои често пати се наградувани поради нивното справување со очекувањата на другите и проектирањето успех – но ова може да биде најважната работа. Кога Даниел Канеман, психолог кој е добитник на Нобелова награда, открива дека некој аспект од неговото истражување или резонирање е грешен, неговата реакција повеќе личи на радост отколку на разочарување: тоа значи дека во тој момент тој помалку греши од претходно, објаснува Грант во неговата книга. Размислувајте повеќе како научник кој обавува експеримент, а помалку како проповедник или политичар кој мора да ги брани сопствените идеи. Ако вашите заклучоци и теории ги сфатите како провизорни, тогаш шансите дека вашата посветеност ќе ескалира во губитна стратегија се далеку помали.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -