Зошто начинот на размислување е важен за професионалниот успех

Никој не е роден претприемач.

Но, никој не ни станува претприемач случајно. Напротив, таквите луѓе се мотивирани и поттикнати да бидат такви. Станува збор за некој вид нагон што ги тера да бидат дел од нешто поголемо од самите нив и за желба да се направи се` што е потребно да се постигне успех, пишува Рене Варен, основач на We Wild Women, консултантска компанија што им помага на жените да основаат успешни бизниси.

Како сте „скроени“ да бидете претприемач највеќе зависи од вашата перспектива.

Според моето искуство, вели Варен, и како сопственик на бизнис и обучувач, дознав неколку општи мантри од најуспешните жени во бизнисот. Согледбите во оваа статија ќе ви помогнат да добиете ментална рамка што на крајот ќе ве ослободи за да го најдете вашиот сопствен пат до успехот.

Претприемачите знаат зошто го прават тоа

Важно е да имате добро разбирање за она што ги поттикнува вашите потфати.

Вашата цел, на многу начини, е вашата основа за успех. Така што, одвојте време да ја идентификувате причината позади она што го правите: што ве мотивирало да започнете сопствен бизнис? Што ве тера да продолжите понатаму? Која е причината поради која станувате сабајле? Дали сакате да го промените светот? Да генерирате приходи? Двете нешта?

За повеќето претприемачи, бизнисот не се сведува само на пари, туку се работи за нешто поголемо. Зошто ви требаат пари? Дали е тоа слободата или можностите што можете да ги купите? Дали е тоа финансиска сигурност за вашето семејство?

Дали причината зошто го правите тоа им помага на други да успеат? Дали станува збор за користењето на вашите вештини за да создадете нешто уникатно што луѓето ќе го сакаат? Дали се работи за наоѓање начин да се генерираат 80 000 долари годишно за да можете да си дозволите животен стил без стрес? Која и да е причината, разберете ја темелно.

Страста е она што ќе го распали вашиот сон. Таа исто така ќе ве мотивира да продолжите понатаму кога работите ќе станат тешки.

Тие сфаќаат дека подготвеноста е лага

Никогаш нема да бидете подготвени да бидете претприемач – барем не целосно подготвени.

Такви примери има постојано – ко-сопственици пријатели се подготвени да го лансираат бизнисот, но не се сосема способни бидејќи чекаат некаква идеална прилика или недостигливо ниво на совршенство пред да почнат.

Но со овој начин на размислување, тие ќе чекаат долго време.

„Подготвеноста е лага,“ објаснува Енџи Ли, експерт по маркетинг, говорник и основач на The Angie Lee Show, високо рангирана аудио програма за личен развој.

„Можете да ги имате сите вештини, да сте ги посетиле сите обуки, можете да имате двојна диплома од последипломски студии, но ако се плашите да почнете и се плашите понекогаш да се најдете во хаотична ситуација, и се плашите да го направите скокот, никогаш ништо нема да се случи “.

Патот е полн со дупки и препреки. Немојте да бидете измамени: не треба секој можен аспект од вашиот живот да биде подреден пред да почнете. Совршенството, во личниот и професионалниот живот, е мит. Со цел да остварите успех, треба да го напуштите перфекционистичкиот начин на размислување.

Кога станува збор за валидација на идеја, се применува истиот концепт. Сите знаеме колку е важно да се валидира идејата пред да почнеме да ја реализираме, но за колкав степен на валидација станува збор?

„Ако чекате додека да бидете 100% сигурни, ќе чекате долго време,“ објаснува Џејк Кларк, основач на For The Love of Craft Beer. „Важно е да се чувствувате удобно кога преземате пресметани и добро информирани ризици бидејќи тоа е клучно за успехот“.

Тие се фокусирани на исходот

Колку сте мотивирани да постигнете успех?

Извршните директори се неуморни во нивната потрага по успех. Без разлика на какви пречки ќе наидат, тие продолжуваат понатаму. Секако, понекогаш ќе ја променат нивната првична идеја, и понекогаш ќе бидат „кутнати на земја“. Но ова ги одделува успешните луѓе од сите останати: тие постојано застануваат на нозе.

Ова е поради тоа што тие се ориентирани на исходот. Успешните луѓе имаат огромна јаснотија кога станува збор за нивните цели. Тие го имаат дефинирано нештото што сакаат да го прават, знаат што бараат, и се способни да ги искористат можностите со огромна дисциплина. Поради сево ова, тие имаат мотивација да ги извршат нивните задолженија без разлика на се`.

Невозможните нешта ги гледаат како можности

Многу е важно да усвоите здрав став во однос на неуспехот.

„Претприемачки начин на размислување значи дека сега гледам можности каде што претходно гледав невозможни цели, и имама верба дека ако ги следам и искористам тие можности ќе стигнам до победа без разлика на се` – дури и таа победа да е лекција за неуспех,“ објаснува Натали Дејвисон, маркетер, говорник и ко-основач на Marrow Marketing. „Кога сте таму, гледате како стравот може да се промени во можност и тоа е навистина моќно место каде вашиот ум може да живее“.

Наместо да ги гледате препреките на патот како знак дека не сте скроени да бидете претприемач или како показател дека нешто не е како што треба, само согледајте ги за она што тие навистина се: привремени застои на патот. Сите се среќаваме со нив, но важно е како реагираме на нив. Вашата способност да гледате подалеку од препреките на патот и да најдете начин како да се пробиете низ нив како некој кој решава проблеми ќе ви помогне да остварите успех.

Свесни дека навиките се најважни

Голем дел од успехот на сопствениците на бизнис може директно да се препише на нивните секојдневни навики.

Постојаноста е ваша валута.

Што повеќе истрајувате во тешките денови, со тешките одлуки, и секојдневните притисоци, ќе станете толку повеќе отпорни. Треба да преземете дејствија за да поставите големи цели и потоа да ги разделите тие цели на помали, остварливи и да правите постојани чекори што ќе ви помогнат да ги остварите.

Ова значи дека треба да бидете активни во создавањето нови навики и да најдете рутина што функционира за вас. Овие постојани дневни дејствија ќе ве тераат да се движите напред секој ден. Не мора да се работи за големи промени одеднаш, но со текот на времето, добрите навики ќе почнат да ве формираат вас самите.

Тие ја разбираат сопствената вредност

На крај, но можеби и најважно е да разберете дека успешните луѓе се свесни за нивната вредност.

Луѓето не` гледаат низ призмата низ која се гледаме себеси. Ова е поради тоа што нашата гледна точка за самите нас ги обојува нашите дејствија и интеракција со другите. Ако некој друг ви каже дека ви недостасува самодоверба во вашите способности, тогаш зошто би требало да ви верува?

Но добрата работа е што самодовербата може да се изгради. Почнете со протерување на тој секогаш присутен „синдром на натрапник“, тоа непријатно чувство дека сте несоодветни или некако недоволно квалификувани. Ова можете да го постигнете со точна идентификација на вашата вредност и да ги истакнете областите во кои сте ефикасни и ефективни. За каков вид проекти чувствувате страст? Каде додавате најголема вредност? Како се истакнувате од останатите? Овие работи направете ги дел од вашиот идентитет. Специјализирајте се во нив.

Кога веќе ќе имате самодоверба, ќе бидете способни да си дадете соодветна цена и да се промовирате на начин што ќе ги натера луѓето да го ценат она што имате да го понудите. Ако им верувате на вашите способности, тоа исто така ќе ги инспирира другите имаат самодоверба.


Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -