Зошто креативното раскажување приказни е важно за бизнисот?

Дали знаете дека луѓето поминуваат 57% од денот во мечтаење? Дали некогаш сте го правеле тоа? Понекогаш се враќате дома со автомобил и немате никаква претставата како воопшто сте стигнале. Времето што го поминувате зад воланот, го користите да размислувате за некоја идеална ситуација, создавајќи си различни сценарија во глава. Чудно како тоа функционира, нели? Раскажувањето приказни е моќно, толку многу што човечките битија копнеат по него на дневна основа и ако некој не не` „нарани“ со приказна, тогаш самите си ја создаваме во глава. Само кога слушаме или гледаме приказна, нашите мозоци запираат со мечтаењето, но ако приказната не е добра, брзо губиме интерес и се враќаме назад во нашите глави, објаснува Хајли Чаудри, за бизнис порталот The Ritz Herald.

Не е случајност што сите успешни брендови се способни да не` натераат да сонуваме додека истовремено го одржуваат фокусот на нашиот мозок на нивните производи. На пример, Apple стана успешна компанија кога нејзиниот извршен директор разбра дека пишувањето рекламни текстови не е доволно и дека едноставните маркетинг реклами не се доволни. Можете да го изложите вашиот производ пред илјадници луѓе, но ако приказната за вашиот бренд не е доволно силна или ускладена, тогаш луѓето нема да се поврзаат со него и нема да купат од вас. За да создадете силен бренд, т.е. приказна која длабоко се поврзува со вашите потенцијални клиенти и ги кани да преземат дејство, вашата компанија има потреба од креативност, иновативност и емоции предадени преку визуелна комуникација. Потребна е автентичност што го привлекува нивното внимание и позиционирање на вашиот производ како решение кое прво им паѓа на памет кога размислуваат за нивните проблеми или потреби. Но, како да го сторите тоа?

Еднаш интервјуирав успешна креативна директорка која успева да ги развие брендовите и да ги однесе на следното ниво со нејзините креативни кампањи, додава Чаудри. Таа ги сподели нејзините тајни. Дали вие сте подготвени да почнете целосно да го менувате бизнисот и да го одведете вашиот бренд на следното ниво? Ако одговорот е потврден, продолжете со читање.

Тајните состојки

Sirivisa Creative е компанија што е повеќе фокусирана на креирање кул видеа или слики. Нејзината основачка, Сири Каспер има искуство во технолошката и маркетинг индустријата. Тие разбираат дека успешните кампањи бараат комбинации од четири главни фактори: човечка психологија, податоци, технологија и креативност, со цел остварување позитивно и долготрајно влијание. Ајде да видиме зошто овие елементи се клучни:

Човечка психологија – за да извршите влијание на средината, треба да ја отклучите психологијата позади вашиот мозок. Но, најважно е да се фокусирате на разбирање на психологијата позади вашите потенцијални и идеални клиенти. Кои се тие? Како вашиот производ ќе им помогне? Зошто им треба тоа што вие го нудите? Кои се нивните секојдневни борби? Исто така, вистински разберете ја вашата сопствена приказни. Секогаш има лична причина зошто сте го основале вашиот бизнис. Како таа приказна се подредува и поврзува со вашите идеални клиенти? Според Сири, разјаснувањето на овие прашања може да создаде мост што сите ги поврзува во еден уникатен бренд што е способен да се истакнува без разлика на индустријата.

Следење на податоци – како претприемач, разбирате дека бизнисот е игра со податоците помеѓу снабденоста и побарувачката. Податоците можат многу да ви кажат за тоа кој, што, каде, кога, зошто и како. Информатичката технологија помага во изнаоѓање подобри можности за достава и потрошувачка на содржина. Иако овој дел може да фрустрира, не можете да создадете силен бренд без да знаете кој ја слуша вашата приказна, каде се и кога се фокусираат на она што вие имате да го кажете. Ова е клучно за маркетингот и создавањето визуелна содржина.

Технологија – за Sirivisa Creative на пример, технологијата е повеќе од користење вистински алатки. Станува збор за создавање креативно дигитално искуство во секој дел од процесот, не само на очигледниот највисок дел од инката како што се социјалните медиуми. Во денешното општество, се` се одвива онлајн, и ако не ја користите вистинската технологија на правилен начин за да го развивате вашиот бренд, тогаш тонете полека и време е да го промените тоа.

Креативност – креативните и иновативни кампањи го движат светот. Вниманието тешко се задржува во сатурирани индустрии и наоѓањето начин да се привлече вниманието на луѓето е форма на опстанок. Брендовите користат креативност за да создадат влијание, бидејќи без влијание немате бизнис.

„Луѓето често пати ја поврзуваат моќта со монетарен имот, но сум забележала дека вистинската моќ доаѓа од способноста да се создаде влијание и импакт. Тоа се двете основни состојки на успешен бренд. Кога го имате тоа, тогаш сте исто така способни да правите пари, што се нуспроизвод,“ вели Сири.

Разбираме дека времето на сопствениците на бизниси е ограничено. Зафатени сте со создавање производи или услуги што ги менуваат животите на луѓето, но исто така разбирате дека за да го однесете вашиот бренд во нови височини, ви треба тим од креативни луѓе за да ви помогнат да ја реализирате вашата визија.

Сега кога ја разбирате моќта на раскажувањето приказни и како да создадете магнетски привлечна приказна за вашиот бренд, време е да се фокусирате на создавањето автентичен, привлечен бренд што може да смени нечиј живот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -