Зошто креативноста е највредната вештина

Достигнувањето максимум креативен потенцијал на нашите работни места или занимања е основна карактеристика на успехот и она што се подразбира под исполнет и значаен живот. Неколку компании, вклучително и IBM и Adobe, спроведоа опсежни анкети на компании низ десетици меѓународни индустрии и открија дека креативноста е првата вештина што најмногу се бара и најтешко се наоѓа. Ова го тврди Марија Брито, наградуван советник за современа уметност базирана во Њујорк, која исто така е автор, говорник и куратор. Таа е дипломец на Харвард и една од 20те највлијателни имиња во светот на уметноста, додека ARTNEWS смета дека таа е „визионер кој го формира светот на уметноста денес“.

Никогаш до сега немало волку клучно време за развој на нашата креативност и нашата способност да иновираме, без разлика на тоа кои сме и што работиме. Секој од нас има потенцијал да стане креативен и иновативен. Овие два концепти се киднапирани од некои во светот на технологијата, науката и бизнисот во последните 30 години, но време е да ги вратиме назад за секој кој сака да има корист од нив и да ги пренасочи животот и бизнисот.

Во 2019 год и 2020 год, ЛинкдИн ги анализираше информациите генерирани од неговата мрежа во потрага по најбараните вештини. Вештината што беше најмногу барана беше креативноста. Во исто време, Светскиот економски форум ја нарече креативноста „единствената вештина што ќе ве направи отпорни во иднината на пазарот на трудот“. Но, кога вработените и хонорарците беа запрашани дали целосно го остваруваат нивниот личен креативен потенцијал, само 25% од испитаниците веруваа во позитивен одговор, додека 40% потврдија дека ги немаат алатките или пристапот до алатки што се потребни за да станат креативни.

Коренот на претприемништвото

Креативноста е коренот на претприемништвото. Не станува збор за тоа како сум стигнал до идеите што ми дозволија да го пораснам бизнисот од нула, туку и за тоа како продолжувам да пронаоѓам и имплементирам идеи за да се прилагодам или го променам првичниот модел на постојаните промени со кои се соочуваат сопствениците на бизнис.

По одржаните консултации со голем број компании, и предавањето креативност на стотици деловни луѓе, претприемачи и уметници, често пати ги слушам луѓето кога велат: „Заглавен сум! Не сум креативен! Не ми доаѓаат идеи! Ако сум направил нешто иновативно или оригинално во минатото, било резултат на чиста среќа!“ Со други зборови, патат од „синдромот на натрапникот“ и мислат дека никогаш нема да бидат способни да смислуваат иновативни решенија или пак да создаваат оригинални и интересни дела.

Креативниот процес е ист без разлика што работите

Скорашна студија издадена во билтенот „Размислување, вештини и креативност“ спроведена од страна на три универзитетски професори од Универзитетот во Мастрихт, Холандија и Универзитетот во Јужна Австралија, конечно докажува една поента која ја зборувам со години: креативните процеси се повеќе или помалку исти во сите домени и дисциплини. Иако е точно дека извршните директори, инженери и уметници создаваат различни видови дела со многу различни намери и резултати, процесот што го користат во однос на целта што сакаат да ја остварат е многу сличен. Дејвид Кропли, ко-автор на студијата, вели: „Новите наоди посочуваат дека тие разлики се всушност прилично мали и се доволно мали, што би тврдел дека тие навистина не прават никаква разлика“.

Креативноста не е само едно нешто

Еден од најважните фактори за негување креативна култура е прифаќањето на фактот дека не станува збор за еден единствен концепт што им е достапен на шака избрани луѓе, туку е концепт што е достапен и достижен за секој од нас. Тој исто така претставува и амалгам од вештини што можат да се научат, како што се преземање ризици и љубопитност.
Креативноста бара сопственост на идеите и автентичност. Кога се повлекувате од искажувањето на вашите „луди“ идеи од страв дека колегите или претпоставените ќе ве судат, или се плашите од непријателски реакции на пазарот, напуштате шанса да му дадете на светот до знаење дека имате нов изум, производ, услуга, книга, филм или што и да е друго што може да донесе голема вредност во општеството.

Поголемиот дел од времето, десетици лукративни идеи дремат веднаш до вас, но вие сте неспособни да ги видите бидејќи сте заслепени од невозможно високите и во голема мера фабрикувани стандарди за тоа што значи креативност и иновативност. Не дозволувајте тоа да ви се случи вам. И вие можете да научите да бидете што е можно покреативен.

Извор: Entreprenuer

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да се истакнувате од конкурентите: креативни маркетинг алатки за вашиот...

Создавањето и растењето бренд што се истакнува од другите е полесно отколку што можете да си замислите. Но, тоа бара подготовки за...
- Advertisment -