Зошто жените се подобри менаџери од мажите

Во 1953 година, организацијата што се занимава со истражување на јавното мислење Gallup ги праша Американците: “Ако имате нова работа и имате шанса да изберете шеф, дали би работеле за маж или жена?“ Во тоа време, 66% од Американците одговориле дека преферираат шеф од машки пол, 5% би избрале жена, а на 25% им било сеедно дали тоа ќе биде маж или жена.

По повеќе од шест децении Gallup побара од Американците да одговорат на истото прашање и тие сè уште преферираат машки шеф (33%), за женски шеф се изјасниле 20%, а 46% одговориле дека за нив нема разлика меѓу половите. И покрај тоа, Gallup откри дека вработените кои работат за жена менаџер во САД, во просек се повеќе ангажирани од оние кои работат за маж менаџер.

Жените менаџери имаат предност кога станува збор за ангажманот. Тие повеќе се ангажираат од нивните машки колеги и им помагаат на своите вработени во градењето светла иднина. Тоа не значи дека жените повеќе ги промовираат своите вработени, туку имаат поголема склоност да ги стимулираат работниците во извршувањето на нивните задачи.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -