Зошто жените претприемачи се клучни за економскиот раст

Истражување спроведено од Глобалниот институт „Мекинси“ (McKinsey Global Institute) открива дека унапредувањето на женската еднаквост може да додаде 12 трилиони долари во глобалната економија до 2025 год. Во најдобар случај, тој број може да достигне 28 трилиони долари. „Ова влијание отприлика е еквивалентно на големината на кинеската и американската економија заедно денес,“ истакнува студијата. Ваквото ниво на развој може да се достигне доколку се гарантира еднаквост и еднакви можности за жените, пишува Форбс.

Поврзано:

Талал Рафи, кој е претприемач, автор и член на бизнис одборот на Форбс, смета дека, наместо владите да бараат странски директни инвестиции и намалување на трошоците за да ја пораснат економијата, фокусот треба да го стават на политики кои ја унапредуваат вклученоста на жените. Зошто? Бидејќи жените се често во помалку поволна ситуација.

Нееднаквоста доминира во бизнисот

Кога се споредуваат мажите и жените во бизнис светот, голем број нееднаквости излегуваат на површина. На пример, според Светскиот економски форум во 2019 год, за секој долар кој маж го добива како плата или хонорар, жената во просек добива 54 центи.

Нееднаквоста исто така постои и во областа на ризичниот капитал. Во еден експеримент спроведен од Харвард, МИТ и факултетот Вартон, во кој истата идеја била претставена (пичирана) пред инвеститори и само гласот на тој што ја презентирал идејата бил променет, повеќе од две третини од инвеститорите претпочитале да вложат средства по претставувањето изложено од страна на машкиот глас.

Овој статистички податок е во силен контраст со истражувањата кои покажуваат дека стартапи што се оформени или ко-основани од жени најчесто остваруваат подобри резултати отколку вакви фирми основани од мажи. Ова покажува дека жените се во голема мера потценети од инвеститорите, иако веќе имаат докажано дека постигнуваат подобри резултати. На пример, во Европа, женското претприемништво зафаќа само 30% од сите компании, додека извештајот од Глобалниот економски форум – Глобален извештај за родовиот јаз во 2020 год – посочува дека ќе бидат потребни скоро 95 години за да се затвори оваа празнина на светско ниво.

Зошто справувањето со родовата нееднаквост е клучно за економски раст?

Жените имаат огромен неискористен потенцијал. Истражување од Харвард открива дека жените имаат подобри резултати од мажите кога станува збор за лидерски способности. Жените оствариле подобри резултати од мажите во низа категории вклучувајќи тимска работа, иновации и решавање проблеми.

Жените имаат огромен неискористен потенцијал. Истражување од Харвард открива дека жените имаат подобри резултати од мажите кога станува збор за лидерски способности. Жените оствариле подобри резултати од мажите во низа категории вклучувајќи тимска работа, иновации и решавање проблеми. Ваквите студии се доказ за огромниот потенцијал на жените што може да се реализира кога им се обезбедува терен за работа каде условите меѓу половите се балансирани, како што се менторство, градење способности и капацитети, пристап до кредити, како и развој на нивните внатрешни лидерски вештини што се критични за успех во светот на претприемништвото.

Уште повеќе, Глобалниот извештај за богатството во 2018 год на Credit Suisse истакнува дека жените зафаќаат 40% од светското богатство и дека жените го зголемуваат овој процент постојано во текот на дваесеттиот век.

Ако повеќе жени имаат еднаков пристап до претприемачки можности, и тогаш, за возврат се способни да акумулираат богатство, половиот јаз во однос на богатството ќе почне да се намалува уште повеќе.

Создавањето на повеќе бизниси што им излегуваат во пресрет на жените можат да го пополнат јазот

Кога станува збор за инвестирање во стартап компании, сè уште  постојат значајни нееднаквости. Во 2017 год, тимови составени само од мажи привлекле околу 80% од капиталот, додека компании основани од жени добиле само 2% инвестиции. Ова покажува дека компаниите што се основани од жени едвај ги добиваат инвестициите што ги заслужуваат.

Компаниите што се основани од жени едвај ги добиваат инвестициите што ги заслужуваат.

Како резултат на ова, Рафи верува дека постои недостаток на бизниси што прецизно ги таргетираат потребите на жените. Жените имаат увид од прва рака во прашања што ги тангираат другите жени, и кога се развиваат иновативни решенија за ваквите прашања, жените можат да помогнат да се решат проблемите со кои се соочува половина од светската популација и да создадат сосема нови индустрии.

Жените традиционално имаат поголеми обврски во однос на семејството и зафаќаат повисок процент од самохраните родители, така што работењето во корпоративна организација може да биде вистински предизвик, со оглед на нивните други обврски. Иако корпорациите треба да се занимаваат со политиките што ги спроведуваат на работното место со цел да бидат пофлексибилни за жените во вакви ситуации, основање сопствен бизнис може да биде алтернативно решение, бидејќи може да има повеќе простор за сопствена организација на работата.

Како мажите можат да бидат подобри сојузници на жените

Доказите се многу јасни дека иако жените претприемачи се клучни, работата сè уште треба да биде сработена за да се изедначи полето на делување, вклучително и обезбедување еднаква плата, еднаков пристап до капитал, и  унапредување на жените со исто темпо како и колегите мажи во насока на заземање клучни лидерски позиции во фирмата.

Имајќи го ова на ум, во прилог се неколку насоки како мажите да станат подобри сојузници на жените претприемачи и колеги.

1. Создадете можности за вмрежување со фокус на жените, бидејќи тие ретко добиваат вакви прилики. Такви настани можат да бидат форуми за појадок каде жените имаат прилика да сретнат луѓе од бизнисот од повисоките ешалони, или да најдат ментори.

2. Застапеноста на жените во вашата компанија направете ја врвен приоритет. Вклучете ги жените во бордот на директори, на пример. Според еден извештај на Deloitte, жените во одбори заземаат само 15% од сите места, низ целиот свет, што пак упатува на заклучокот дека жените се занемаруваат. Поставувањето на жени на повисоки лидерски позиции може да биде огромна предност. Гарантирањето дека жените се застапени на високите нивоа во корпоративната структура ќе им овозможи на овие лидери да започнат со вмрежување и менторство на уште повеќе жени, што би значело дека можат да ги зголемат бројот на стартап компании раководени од жени.

3. Третирајте ги жените како еднакви. Во бизнисот, неретко жените се игнорирани или прекинувани од страна на нивните машки колеги. Нивните мисли, мислења и различни вештини се клучни за успех на бизнисот, затоа треба да се поддржуваат жените бизнис партнери кога земаат збор на состанок или на работното место. Дозволете им да зборуваат со самодоверба, слушнете ги што имаат да кажат, и охрабрете ги во она што го прават.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -