Зошто емпатијата е клучна за бизнисот

Добрите бизнис лидери денес имаат потреба од цела палета вештини и карактеристики за да се истакнуваат во средината и да постигнат резултати, а ниту една од нив не е емпатија. Оваа карактеристика лесно може да ве стави вас и вашата компанија на патот до брз успех. Но зошто емпатијата е толку моќна, и како можете да ја развиете кај вас лично и кај вашиот тим?

Зошто емпатијата е важна? Има три главни причини зошто емпатијата е клучна за професионалците, истакнува Сту Сџувермен, претприемач, основач и извршен директор на KnowBe4, за Entrepreneur.

Продавате на индивидуа, не на организација

Понекогаш се случува да продавате на група наместо на поединец. Но на крајот на денот, вие сепак продавате на луѓе со вистински чувства и искуства – не на нежив ентитет. Така што треба да имате многу јасна претстава за тоа кој е вашиот сегашен или потенцијален клиент. Транспарента, чиста линија на комуникација со нив, разбирање на проблемите што треба да ги изменаџирате и разбирање на тоа што тие треба да го имаат за да ја сработат работата МОРА да постои. Токму ова ги одржува вашите бизнис односи релевантни и го спречува нивното распаѓање.

Чувството дека те слушаат создава вистинска врска

Активното слушање е природен дел од градењето емпатија и заемно разбирање. Кога им дозволувате на клиентите или потенцијалните клиенти отворено да зборуваат за нивните проблеми и кога ги слушате на ангажиран начин, тогаш сте повеќе способен да им покажете дека го разбирате тоа со кое што се соочуваат. Тие почнуваат да се чувствуваат како конечно да нашле некој на другата страна кој разбира низ што поминуваат или што размислуваат, што пак е огромна олеснителна околност за почеток на една врска. И на крајот на денот, врските со клиентите се сржта на секој бизнис.

Важно е да се знае дека активното слушање не се сведува само на повторување, како папагал, дека сте го чуле соговорникот (на пример: она што го слушам од тебе е…), или да направите контакт со очи. Активното слушање има врска со личното вежбање самите вие ментално да забавите и да почекате додека другата личност заврши со зборувањето за да го формулирате вашиот одговор, наместо да го формулирате одговорот додека тие зборуваат и да се обидувате да бидете сигурни дека разговорот оди во насока на поентите што вие лично сакате да ги направите. Чувствувајте се што поудобно кога чекате да одговорите, бидејќи тишината може да ги охрабри и да ги насочи нивните поенти во разговорот на подлабок начин. Застанете кога тие ќе завршат за да можете критички да размислите за она за што е разговарано, со цел лицето со кое зборувате да сфати дека вие имате почит и размислувате за сето кажано.

Емпатијата веднаш се претвора во прилив на кеш

Ако сите членови на вашиот тим имаат високо ниво на емпатија со вашите очекувања и со вашите клиенти, тогаш тие ќе обезбедат фантастична услуга. Тоа е првиот и најважен фактор што се преведува во поддршка пренесена од-уста-на-уста. Тоа е реклама што никогаш не можете да ја купите а што има директно, позитивно влијание на вашата крајна цел. Откако еднаш ќе го обезбедите овој вид поддршка, вашиот бизнис ќе ужива во многу поквалитетна стабилност, што значи дека ќе ви биде полесно да се натпреварувате со конкуренцијата и флексибилно да се прилагодите на тешките времиња. Емпатијата исто така ги покачува шансите дека ќе ги имате ресурсите да инвестирате во иновација, регрутирање нови членови во тимот или дека ќе го обезбедите што и да е тоа што ви треба.

Ефекасно пренесување емпатија по надолжна линија

Добро е самите да сте емаптични, но да ги научите другите како да бидат емпатични е уште подобро бидејќи ќе имате многу различни луѓе кои можат да се поврзат со другите во името на вашиот бизнис.

Но како можете да го спроведете ова? Прилично едноставно – само бидете пример.

Стратегиите како активно слушање се моќна алатка за да започнете да пренесувате емпатија кај другите. Но најверојатно би сакале и да ја објасните и да ја покажете разликата помеѓу 2 различни начини на размислување, познати како Систем 1 и Систем 2. Овие системи, како што опишува бихевиоралниот економист Даниел Кахнеман, даваат едноставен преглед на начинот на кој луѓето ги процесираат повеќето информации. Првиот начин на размислување, што може да се нарече реактивен или интуиција, е брз и емоционален. Вториот начин на размислување е порационален и одзема повеќе време.

Во бизнис средина, обично не сакате да го применувате првиот начин на размислување. Сакате да се придржувате до вториот начин на размислување и да бидете смирени, слободни и прибрани. И како учител и пример, треба да му објасните на вашиот тим како да се справува со вработени, колеги, клиенти и идни клиенти со мирен ум, наместо со импулсивност.

Емпатијата е најдобрата алатка за отфрлање на она што не функционира

Емпатијата е вреден нож кој може да ги пресече неефикасните процеси и проблемите во комуникацијата со кои се соочуваат бизнисите. И, иако е одличен пристап да се бараат емпатични лица дури и во време на процесот на регрутација, не плашете се да бидете учител. Пренесувањето на емпатијата кај вашиот тим и поттикнувањето на таквото однесување можат целосно да ја променат атмосферата во вашата компанија, така што бидете внимателни и имајте храброст да се отворите и да споделувате кога тоа е важно.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -