Зошто емпатијата е една од најзанемарените вештини во бизнисот

Беше убав сончев ден во април. Воздухот беше свеж и крцкав и претстојната прошетка даваше надеж дека ќе биде пријатна. Почнав да шетам на прекрасното шеталиште Ембаркадеро, близу нашата канцеларија во Сан Франциско, со чувство на благодарност што работам толку близу до ваков прекрасен поглед, пишува Ајтекин Танк, претприемач, основач и извршен директор на JotForm, за Entrepreneur.

Тогаш погледот го префрлив кон Тим, мојот другар за пешачење тоа попладне. Ова беше уште еден од нашите многу изодени состаноци во текот на минатата година. Но овој пат, нешто беше различно.

Тим, кој вообичаено е прилично разговорлив вработен, ги влечкаше нозете и делуваше незадоволен секој пат кога ќе го прашав за новини во врска со статусот. Ја држеше главата долу, и одговараше со кратки реченици.

Нешто не беше како што треба.

Како негов претпоставен, лесно можев да пристапам на неговото однесување со цврст став, со тоа што ќе го приклештев со комплицирани прашања, или ќе го наметнев мојот авторитет. Но претприемачкото искуство од повеќе од 14 години ме научи едно нешто: строга, непријателска реакција на нечие однесување никогаш не е точниот одговор.

Наместо тоа, го забавив чекорот и го прашав како му е по дома. „Дали е сè во ред?“

Тогаш Тим ми се довери дека неговиот татко неодамна доживеал мозочен удар, и дека понекогаш ноќите ги минува во болница, што пак го прави да се чувствува напнат и преморен.

Климнав со главата. „Жал ми е, ова звучи навистина тешко.“

„Како можам да ти помогнам?“, се понудив.

Покажувањето искрена грижа и нега одзеде само неколку секунди од моето време, но тоа беше доволно да му дадам на знаење на Тим дека јас сум на негова страна

Некое време поминавме во разговор за тоа како може да му олесниме на работа, и дури закажавме неколку слободни дена за да може да биде со неговото семејство.

По нашиот разговор, како да беше тргнат огромен товар. На нашиот состанок по таа прошетка, почна активно да учествува, па дури и даваше повратни информации ако не го прашав самиот.

Покажувањето искрена грижа и нега одзеде само неколку секунди од моето време, но тоа беше доволно да му дадам на знаење на Тим дека јас сум на негова страна.

Една од најзанемарените вештини во бизнисот

Емпатија – способноста да ги препознаете и разберете чувствата на другите, „да се ставите во туѓи чевли“ е критична вештина во лидерството. Здравиот разум ни кажува дека таа е основна човекова карактеристика што повеќето основачи ја поседуваат меѓу палетата други, но во суштина, тоа е и една одлика што голем број лидери често ја разбираат погрешно.

Во говорот одржан на 15 јуни, 2014 год, американскиот бизнис магнат и филантроп, Бил Гејтс, стоеше пред публика од дипломирани студенти на Универзитетот Стенфорд, и зборуваше за тоа како оптимизмот може да биде уверување што ќе ги движи работите на подобро.

„Ако имаме оптимизам, а немаме емпатија, тогаш не е важно колку многу ги совладуваме тајните на науката. Тогаш вистински не решаваме проблеми, тогаш само работиме на сложувалки“, истакна Гејтс.

Она што го научив како основач во текот на сите овие години е дека луѓето, а не софтверот, се најважни

Ова важи за моето искуство како извршен директор на мојата компанија JotForm. Почнавме со една цел: да создадеме едноставна алатка што ќе им овозможи на луѓето лесно да составуваат формулари, дури и да не знаат да кодираат. Како софтверски инжинер, прв сум што ќе каже дека сум најголемата бубалица што ја познавам. Уживам кога еден комплексен проблем го претворам во нешто лесно и достапно.

Ја имав таа привилегија да развијам мала стартап фирма во бизнис со над 250 вработени и седум милиони корисници низ целиот свет.

Она што го научив како основач во текот на сите овие години е дека луѓето, а не софтверот, се најважни. Поврзувањето со нашиот тим и нашите клиенти е вистинската визија што нè тера да се движиме нанапред.

Верувам дека тајната на нашиот успех е во емпатијата.

Повеќе од сочувство

Нашата култура се восхитува на одреден стереотип за бизнисмен: лидер кој „умира машки“, кој ги притиска вработените до крајни граници и се грижи само за себе. Но по која цена?

Недостатокот на емпатија на работното место е одговорно за зголемениот недостаток на ангажман од страна на вработените, што пак негативно влијае на продуктивноста. Ова ги чини бизнисите повеќе од 600 билиони долари на годишно ниво.

Како се случува ова? Едноставно: со тоа што се мешаат емпатијата и сочувството.

Сочувство  – чувство на жал за ситуацијата на некој вработен не е исто со разбирање на неговите чувства и потреби, или градење однос.

Емпатијата, од друга страна, е промена во перспективата – тоа е искрено замислување како е да се биде во чевлите на другиот, и ви овозможува да се поврзете на многу подлабоко ниво

Наместо да бидат вознемирени поради нивните вработени или да им наредуваат да ги исполнат обврските што другите не успеале, ефикасните лидери знаат како да се изразат себеси со тоа што ќе покажат вистинска грижа и ќе прашаат како тие самите можат да ја подобрат ситуацијата.

Иако е вредна карактеристика, сочувството е површинска реакција што ве држи на далечина.

Емпатијата, од друга страна, е промена во перспективата – тоа е искрено замислување како е да се биде во чевлите на другиот, и ви овозможува да се поврзете на многу подлабоко ниво.

Емпатијата поттикнува продуктивни разговори

„Како лидер, секогаш треба да почнете со тоа каде се сега луѓето, пред да почнете да ги носите таму каде што вие сакате да одат,“ вели Џим Рон, претприемач и автор.

Голем број претприемачи погрешно веруваат дека емпатијата е нешто со кое или се раѓаш или не. Но извршниот директор на Микрософт, Сатја Надела, ја истакнува емпатијата како мускул што треба да се вежба.

Надела, кој самиот пребродил бројни лични предизвици – од стекнувањето зелена карта за да дојде во САД, до создавање нов живот за себе и сопственото семејство, истовремено приспособувајќи се на попреченостите на неговите деца – сите овие борби му овозможија да ума увид во сопствените емоции и осетливост да создаде компаниска култура заснована на соработка.

Тој не само што се поврза со вработените и клиентите на интелектуално ниво, тој разбра дека секој треба да се чувствува поддржан на еден или на друг начин.

Емпатијата не се одликува само со човечност и грижа, таа исто така има и практичен аспект. Според Питер Брегман, чиј труд е издаден во Harvard Business Review, емпатијата може да претвори разговор со несогласувања во дискусија за соработка, и им овозможува на сите засегнати страни да ја споделат сопствената вистина.

Едноставното прашање дали некој се чувствува добро, е доволно да му ставите до знаење на тоа лице дека сте волни да се појавите кога треба

Кога можеме да ги искористиме лекциите што сме ги научиле на потешкиот пат и ги канализираме во начини на комуникација, тогаш гаиме емпатија. Ова го правиме кога активно слушаме, кога сме отворени за повратни информации, и им пристапуваме на вработените со внимание и грижа.

„Прво покажете емпатија,“ пишува Брегман. „Не одзема многу време, и не е комплицирано. Едноставно, почнете со односот – дури и да не се чувствувате како да сте воспоставиле однос – покажувањето грижа и загриженост е она што ќе го создаде односот.

Едноставното прашање дали некој се чувствува добро, е доволно да му ставите до знаење на тоа лице дека сте волни да се појавите кога треба.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -