Зошто духовноста е клучна за претприемачки успех

Стив Џобс, ко-основачот на Апл и долгогодишен извршен директор на компанијата, најмногу е познат поради тоа што беше изумител, иноватор и еден од најуспешните претприемачи на нашето време – но тој истовремено водел длабок и исполнет духовен живот, пишува Елизабет Пирсон, која откако кариерата во продажба во корпоративниот свет ја направила незадоволна, решила самата да основа фирма која нуди обуки и тренинзи за лидери и претприемачи.

Откако направил пауза од корпоративниот живот во 1974 год за да патува низ Индија со ранец на грбот за да пронајде спиритуално просветлување, Џобс доживотно практикувал будизам и започнал да се храни според строга вегетаријанска диета.

Така што, ако духовноста играла толку голема улога во животот на еден од најуспешните претприемачи, тогаш зошто повеќе бизнис лидери не влечат корист од дневните спиритуални практики отворено?

Можно е многумина да се двоумат да зборуваат за таа врска бидејќи веруваат дека духовноста и претприемништвото заемно се исклучуваат.

За да се поврзат точките, во продолжение се пет начини на кои можете да бидете длабоко спиритуални за да му помогнете на вашиот бизнис да расте и да се развива.

Поставете ја вашата намера

Кога сте кристално јасни за намерата на вашиот бизнис, универзумот ќе ја покаже неговата бескрајна моќ за да ги организира и подреди работите за да го поддржи остварувањето на вашата цел.

Дипак Чопра советува да направиме список на нашите желби, потоа „да ја ослободиме оваа листа на желби и да ја предадеме на матката на создавањето и да веруваме дека кога се чини дека работите не се одвиваат според замисленото, има причина и дека космичкиот план има дизајни за мене што се многу поголеми од тие што јас сум ги замислил“.

Спиритуалноста истакнува дека вистинскиот успех доаѓа од додавање вредност во животите на тие со кои работиме и клиентите што ги обезбедуваме преку нашите бизниси, и се` додека тоа е во коренот на нашата намера за бизнис, нема ништо што може да го спречи успехот да дојде.

Внимавајте на вашите мисли

Кога вибрациите што ги оддавате се високи и зрачите благодарност за вашиот бизнис, подароците за еднаква или поголема вредност ќе ве следат. Размислувајте за вашите чувства и мисли како за бумеранг што ја зголемува брзината и енергијата на нивниот пат назад кон вас. Надалеку познатиот бестселер „Размислувајте и станете богати“ од Наполеон Хил, го објаснува овој концепт и како можеме да го произведеме „законот за успех“ со внимателно одбирање на нашите мисли и она на што посветуваме внимание. „Се` што умот може да замисли и да поверува, умот може и да го постигне“.

Барајте знаци

Ако сте на претприемачко патување, има големи шанси дека постоеле „знаци“ (т.е. нежните допири од вселената) што ве тераат да истражувате и да ги манифестирате вашите идеи. Сега кога сте започнале бизнис, станува уште поголем императив да ги слушате пораките и ги чувствувате допирите што доаѓаат од вашата душа – тоа нека биде ваш глобален позиционен систем. Консултирајте ја вашата душа и универзумот со потрага по неизбежните знаци. На пример, можете да побарате да видите пингвин во следните 48 часа за да се осигурате дека сте на вистинскиот пат. Книгата бестселер на Пам Граут „Е на квадрат“ содржи девет експерименти што треба сами да ги изработите што докажуваат дека вашите мисли ја создаваат вашата реалност.

(Рако)водете со вашата душа

Уште едно клучно учење во духовноста е свеста за себе. Исклучителниот лидер изискува да сте целосно присутни и свесни за себе – вашите мотиви, цели и очекувања.

Неделна медитација ќе ви помогне да создадете длабока душевна врска со себе, што ќе го зголеми вашето ниво на свест за себе и ќе ви помогне да го изострите вашиот инспиративен лидерски стил. Духовноста го поддржува чувството на понизност и постојаната отвореност за безбројните можности за учење што се составен дел од претприемништвото.

Детачирајте се

Еден претприемач може да почувствува неверојатен страв од сознанието дека некогаш треба да пушти работите сами од себе да си течат и да го препушти авторитетот и одговорноста на некој друг, а овој чекор е клучен за раст на бизнисот. Пуштањето или ослободувањето може да биде екстремно тешко бидејќи може да се плашите од губење контрола врз вашиот бизнис и неговата траекторија. Некои лидери веруваат дека ако сакаат работата да биде прописно завршена, мора самите да ја сработат, или пак да бидат прилично многу вклучени во процесот. Но, ако редовно и пропорционално предавате делови од одговорноста на компетентните членови на тимот, ќе стекнете колаборативен успех што може да се препише и на поединецот и на целиот тим, што пак подразбира лојалност од страна на вработените и висока ефикасност.

На духовно ниво, кога пуштате – се предавате и верувате дека универзумот секогаш работи да ги опслужи вашите највисоки интереси. Ако можете да се опкружите со талентирани членови на тимот, можете да се предадете на длабокото духовно сознание дека се` се остварува според божествен принцип.

Духовните вредности се непроменети во текот на многу векови, и време е претприемачите да ги искористат за нивна предност. Тие се искази на љубов, посветеност, служба, сочувства и добрина и со нивното користење вие му овозможувате на вашиот бизнис, и на вас самите, да го остварите највисокиот потенцијал.

Извор:Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -