Зошто активностите на различни бизниси се важни за поттикнување граѓански ангажман

До овој момент, преку 70 милиони Американци веќе ги дале своите гласови за еден од двајцата претседателски кандидати, што претставува ниво на граѓанска ангажираност што не беше воопшто замисливо пред една година, пишува Леон Кај, извршен уредник во triplepundit.com.

Голем дел од ваквиот одзив се должи на разгорените страсти на двете страни на политичкиот спектар. Но треба и да ја уважиме улогата на граѓанските лидери, непрофитните организации, па дури и на компаниите што ги поддржаа напорите да се излезе на гласање оваа година.

Минатата недела заврши виртуелниот форум на кој говореа лидери од приватниот и непрофитниот сектор, на кој ги изложија нивните ставови за тоа зошто е важно секој кој е подобен да го даде својот глас на изборите во САД да го направи тоа.

Заедничка нишка на поединците кои учествува на форумот, е нивната заложба за, или да гласаат граѓани кои често пати наидуваат на пречки за да го остварат тоа право (како што се на пример незаменливите работници), или група засегнати страни која нема глас за животната средина. Во продолжение се нивните размислувања.

Сара Бонк, основач и извршен директор на Бизнис за Америка

„Има активности што бизнисите можат да ги преземат во моментов, или преку употреба на нивните производи или нивните ресурси, персонал и фондови, за да оваа година изборите се спроведат со интегритет. Бизнисите се грижат за многу работи; ги имаме сите тие бизниси што се водени од целта што сакаат да создадат добро во светот, брендови со цел.

Нашиот демократски процес е клучен во постигнувањето на тоа. Нема да направиме напредок во поглед на климата, на расната еднаквост, или на заштитата на незаменливите работници без притоа да имаме владини политики што се во согласност со тие исходи“.

Делиа де ла Вара, виш потпретседател за развој и стратешки иницијативи во UnidosUS

„Клиентите и заедницата што нашите организации ги опсложуваат се состои од работниците во борбените редови, незаменливите работници, кои всушност и немаат избор или опција да работат од дома и секој ден одат на работа или се во средина каде се чувствуваат несигурни за тоа што би можеле да донесат назад во нивните домови.

Исто така сакаме да бидеме сигурни дека предизвиците што ги размислуваме се важни, за економијата, за пристапот до здравствена нега, за образованието и имиграцијата, сите се дел од политичкиот дискурс. Така што, често пати работите за коишто зборуваме или што успеваат да го видат денот се такви кои се поврзани со латино популацијата и имиграциската реформа. Но, најважните прашања за нашата заедница во секоја анкета, веќе со години, се работните места и економијата, и правилно, позади сето тоа стои пристап до здравствена грижа. Тоа се трите дефинирачки фактори за тоа како успеваме и како ја движиме земјата“.

Клаудија Бохоркез, директорка за стратешки партнерства и корпоративна социјална одговорност во Univision

„Постојано сакаме да играме улога кога креираме кампањи за работи кои се најважни за хиспанофонската публика. Ако ја погледнете нашата историја, ангажманот во прашања поврзани со социјалното влијание е дел од нашата ДНК. Ние сме навистина тие и зад кои сме стоеле последниве 60 години. Поради ова, нашата публика порасна гледајќи ги Univision и навистина ни веруваат, и тоа е дел од специјалната врска со нашата публика која што не може да се спореди со никој друг “.

Максвел Зориц, виш директор за социјално влијание во MTV и Comedy Central

„Последнава година работевме, дури и пред пандемијата, на размислувањата за нова стратегија како да привлечеме помлади луѓе, луѓе кои за првпат гласаат, и како тие навистина да ги разберат нивните избори… Почнавме со околу 10 партнери, а сега имаме повеќе од 2500, вклучувајќи и брендови како Twitter, Snapchat, Facebook, и продавници како REI. Големите брендови ќе го привлекуваат вниманието на нивните публики да гласаат рано, но исто така работат и на локално ниво“.

Мајкл Мартин, основач и извршен директор на Effect Partners

„Гласањето е најважното нешто што можете да го направите за да се справиме со климатските промени, и има две главни причини за ова. Прво: во последните два избори, ако направите просек од луѓето кои се грижат за животната средина и гласале, ќе видите дека има само 35% такви. Споредете го тоа со Националната асоцијација за оружје, каде 80 проценти од нивните членови гласале. Ако сите тие гласачи кои се грижат за животната средина гласале на минатите избори, тоа ќе било 10 милини гласачи повеќе, а сите се сеќаваат дека минатите избори ги решија 77000 гласови, и сите знаеме каде не` доведе тоа.

Другата причина е апсолутно клучна бидејќи анкетарите ги интервјуираат луѓето кои гласаат – тие не прават интервјуа со лицата кои не гласаат. Тоа значи дека политичарите ќе предложат закони што се поврзани со грижите на луѓето кои фигурираат во анкетите, и ако животната средина не е една од тие грижи, тогаш тие нема да предложат таков закон. Така што, клучно, ако се грижите за климатските промени, да гласате“.

Дејвид Диец, програмски директор за социјална одговорност во Националната асоцијација за кошарка

„Ова го гледаме како наша сопствена граѓанска должност. Нашето општество и нашата демократија најдобро функционираат кога сите можат да имаат глас. 2020та година е, и како што се справуваме со Ковид-19 како општество и тековното влијание на системскиот расизам, чувствуваме дека сите имаме одговорност да направиме повеќе напори и да најдеме начин да се поддржуваме еден со друг. Се` што правиме, го правиме преку соработка со нашите играчи и тимови, и навистина се обидуваме да водиме преку нашите вредности. Сега не е поинаку. Ние, во суштина, се обидуваме да го сработиме нашиот дел и да помогнеме да ги охрабриме луѓето да бидат ангажирани“.

Извор: triplepundit.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -