Знаци што ви кажуваат дека е време да ја напуштите сегашната работа

Како што се одолговлечи справувањето со Ковид-19, голем број луѓе имаа време да размислат за нивните кариери. Како прво, многу луѓе ги изгубија работните места или требаа да го пренасочат фокусот како последица од влијанијата на пандемијата на нивната работа. За други, работата почна да игра поголема централна улога поради тоа што социјалните средби и извршувањето на активностите на повеќето хобија стана тешка задача, вели Арт Маркман, проф. д-р по психологија и маркетинг на Универзитетот во Остин, Тексас, и автор на „Паметно размислување“, „Навиките на лидерството, паметна промена и мозочни брифови“, и последната „Донесете го мозокот на работа“.

Некои луѓе станаа попосветени на работата и кариерата во овој период. Лично, бев замолен да учествувам во креирањето планови за справување со Ковид-19 на мојот универзитет, што пак доведе до голем број нови можности што ја збогатија работата што ја работам, посочува Маркман. Но, голем број други луѓе со кои сум разговарал се прашуваат колку долго треба да останат на нивните сегашни работни позиции. Во продолжение се четири знаци што ви наговестуваат дека е време да размислите за нова работа (или улога во рамки на вашата сегашна организација):

Вашите вредности и вашиот придонес

Вашето задоволство од работата зависи во голема мера од вашите основни вредности. Истражувањето спроведено од Шалом Шварц и неговите колеги се фокусира на човековите вредности. Овие вредности се поттикнати од културни фактори, како и од лични искуства. Вашите вредности влијаат врз она што вие верувате дека ве задоволува на работа. На пример, ако цените постигнувања, тогаш целите кон унапредување на работа и уживате во можностите да ги покажете сопствените способности и успеси. Ако цените добронамерност, тогаш можеби претпочитате да придонесете кон добросостојбата на вашите колеги. Можеби за вас е помалку важно да добиете признание за вашите успеси.

Вреди, од време на време, да размислите за врската помеѓу она кое го работите и вашите пошироки вредности. Прво, природата на вашата работа може постепено да се менува со текот на времето на начини што ја прават работната позиција да биде неподредена со вашите вредности. Второ, вашите вредности се менуваат во текот на животот, така што ако одредено работно место било совршената спојка некогаш, сега можеби веќе не е. Во мојата книга „Донесете го мозокот на работа“ претставувам неколку приказни за луѓе чии вредности се промениле со текот на времето, како што е случајот со еден пријател кој даде отказ како успешен адвокат за да раководи со непрофитна организација, бидејќи сакаше да ја изрази сопствената вредност за добронамерност подоцна во животот.

Учење и раст

Дури и индустријата или областа во којашто работите одлично да се совпаѓа со вашите вредности, можете се` уште да се фатите себеси како стагнирате на работа. Голем број истражувања ја испитуваат користа од негување начин на размислување фокусиран на раст на работното место – кога верувате дека можете да научите се` што ви треба со цел да успеете на работа. Лошата работа во овој начин на размислување е тоа што, доколку работата ви стане рутина, нема да се чувствувате исполнети.

Кога сфаќате дека има неколку работи што треба да ги научите за да ја извршувате сегашната работа, тогаш тоа е јасен знак дека би требало да барате друго работно место – дури и тоа да е во рамките на фирмата во која работите. Дополнително на работата со надредени со цел развивање на оваа следна можност, размислете за опции да го продолжите вашето образование што може да ви дозволат да развивате нови вештини што ќе ви помогнат во следниот предизвик. Како додаток на големиот број локални училишта што нудат сертифицирани програми, постои и зголемен број одлични опции за онлајн образование што можете да ги испитате.

Оптималниот предизвик

Делумно, она што ја одржува работата возбудлива е што идеално, би требало да работите во зона каде сте најдобри во своите способности. Односно, има одредени нешта што знаете како да ги направите добро, што ги обавувате без да размислувате. Секогаш ќе има банални активности што се дел од работниот ден. Тоа е неизбежно.

Но, најдобрите работни искуства создаваат состојба на тек, кога сте целосно внесени во задачите што треба да ги извршите. За да се постигне оваа внесеност, морате да работите правилно до работ на вашите способности. Ако задачата е прелесна, лесно ќе станете свесни за вашата околина. Ако задачата е претешка, ќе бидете фрустрирани и не ќе можете длабоко да се ангажирате во задолжението.

Работа што не обезбедува никакви можности за тек може да доведе до долги денови во кои посветувате особено внимание на протокот на времето. Ако деновите ви се чинат долги, тогаш тоа е сигнал дека треба да преиспитате дали друга улога би била подобра за вас и за нивото на вашите вештини.

Лекции од пандемијата

Многу луѓе кои навистина треба да ги сменат моменталните работни места веќе го знаат ова. Тие едноставно не можат да ја генерираат енергијата да почнат да бараат повеќе можности (или внатре во нивната сегашна фирма или на друго место). Дневните рутини создаваат висок степен на инертност. Згора на се`, луѓето стануваат анксиозни за работи што не им се познати, така што заземањето ново работно место може да биде застрашувачко.

Од интервјуата што ги спроведов за мојата последна книга, открив дека голем број луѓе на крајот навистина прават значајни приспособувања во нивните кариери откако ќе доживеат лична трагедија, како што е сериозна болест или смртта на сакано лице. Овие искуства ги тераат луѓето одново да проценат што е важно во нивните животи.

Сите ние успеавме да преживееме исклучително тешка година што не` натера да размислуваме за тоа што е навистина важно. Искористете го тоа искуство за да се запрашате себеси кои аспекти од вашиот живот сакате да ги одржите и по Ковид-19. Ако не сте исполнети со улогата на работното место, искористете ја енергијата од оваа година на пореметување за да почнете нова работа, бидејќи полека ќе почнеме да ја оставаме пандемијата зад нас.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -