Здравствените системи се во хаос, но технологијата може да им заштеди милјарди долари на бизнисите

Шансите се големи дека веќе сте чуле или сте биле лично погодени од растечките трошоци поврзани со здравствената нега. Не е тајна дека сопствениците на бизниси се соочуваат со криза бидејќи плаќаат за трошоците за здравствена нега. Во 2019 год во САД, просечниот трошок за здравствено осигурување за вработен бил 7 188 долари за еден пакет услуги за здравствена нега, и 20 576 за здравственото осигурување за целото семејство, посочува студија спроведена од Фондацијата на семејството Кајзер. Вработените покривале 1 242 долари од планот за единечно осигурување, и 6 105 долари за осигурувањето на семејството. Вкупно, вработените платиле повеќе од 6 милијарди долари годишно за здравствено осигурување. Просечната цена на здравствената нега за едно лице во 2019 година изнесувала 11 599 долари, додека пак пазарот на обезбедувачите на здравствена нега вредел 3, 6 трилиони долари. А во 2021 година, премиите ќе се зголемат од 4 на 40 проценти.

Овие астрономски трошоци можат да ги погодат сопствениците на мали бизниси и претприемачите особено тешко. За ситуацијата да биде уште покомплицирана, секаков напор што бизнисите го прават за да заштедат на здравствената нега вообичаено доаѓа по штета на вработените. Зголемувањето на теретот на вработените и уништувањето на нивното задоволство на работа е брз начин да се убие еден бизнис.

Дополнителен товар на проблемот со високите трошоци за здравствена нега е проблемот со изоставената работа. Во Америка, вработените пропуштиле 893 милиони денови поради болести и изгубиле 527 милиони денови поради влијанието на болеста на нивната продуктивност, вели едно истражување спроведено во 2018 год. Во моментов се соочуваме со ефект на снежна топка, т.е. проблемот со обезбедувањето квалитетна здравствена нега постојано расте а не се решава соодветно. Како пример да го земеме менталното здравје. Ако еден вработен не добие соодветен третман поради чувство на срам, цената на услугите или трошокот за работата што нема да ја сработи, ќе го направат проблемот само полош. Исто така, ако еден вработен кој пати од болест дојде на работа, многу брзо може да инфицира и многу други вработени. Се` на се`, во САД болните вработени ги чинат работодавачите 530 милијарди долари годишно.

Како технологијата може да помогне

Има бројни проблеми со пазарот на здравствена нега, но голем проблем е обезбедувањето на услуги и побарувачката. Побарувачката за здравствени услуги е многу повисока од снабдувањето со истите. Постоечкиот недостаток на доктори и медицински сестри најверојатно ќе се влоши во иднина. Во некои градови и понекогаш, населението се соочува и со недоволен број кревети во болниците, како и недоволна медицинска опрема. Медицинската опрема и соодветните третмани се скапи за развивање и произведување. Нашата побарувачка за здравствена нега драстично се зголемува како што старее населението, и секако, како што се справуваме со глобалната здравствена криза. Технологијата во оваа смисла е клучна во надминувањето на проблемот со обезбедувањето здравствени услуги и побарувачката.

Технологијата може и ќе има значаен позитивен ефект во нашите животи на голем број начини. Таа може значително да ги намали трошоците за здравствена нега, да го подобри пристапот на пациентите до здравствена нега, да го подобри целиот систем и да помогне во поставувањето брзи и точни дијагнози. Се`, од „здравствени услуги на далечина“, до медицински досиеја достапни онлајн, до возбудливите нови употреби на вештачката интелигенција, може да заштеди пари и да го подобри здравјето и добросостојбата.

„Здравствени услуги на далечина“

Околу 90 проценти од обезбедувачите на здравствена нега во САД имаа целосно функционални или развиваа програми за здравствени услуги на далечина пред 2020 год. Потоа, во првата половина годинава, усвојувањето на ваквите услуги порасна за 33 проценти повеќе од претходната година. Финансирањето на вакви програми може да достигне 185,6 милијарди долари до 2026 година. Работодавците би можеле да заштедат речиси 6 милјарди долари годишно на трошоци поврзани со здравствената грижа, ако им обезбедат технологии за здравствени услуги на далечина на нивните вработени. Кога работодавците имплементираат програма за здравствени услуги на далечина, тие успеваат да заштедат 11 проценти од буџетот одвоен за таа намена. Во едно истражување за пациенти кои патат од кардиоваскуларни болести, можностите за користење здравствени услуги на далечина ги намалуваат месечните трошоци за здравствена нега на пациентот за 576 долари. Во Хјустон, програма за здравствени услуги на далечина ги намалила посетите во одделите за итна нега во болниците за 6,7 проценти, што е заштеда од 2 468 долари за здравствениот систем за секоја непотребна посета.

Здравствените услуги на далечина им заштедуваат на пациентите повеќе од 100 минути од нивното време споредено со лична посета во ординација, и тие можат да ја спроведат секоја договорена средба со докторот каде било во светот, бидејќи секаде има телефон и интернет врска. Ова време може директно да се примени во продуктивноста за време на работниот ден или во зголемување на квалитетот на живот на вработениот. За голем број компании што работат во областа на технологијата и здравје и добросостојба, здравствените услуги на далечина претставуваат огромен, и генерално недопрен пазар. За сите вработени, здравствени услуги на далечина овозможуваат поголема ефикасност и подобрување на животот и добросостојбата.

Неверојатно е само колку многу може да постигне виртуелната нега. Во моментов таа опфаќа многу повеќе работи од општи медицински услуги и услуги за менталното здравје. На пример, една компанија – Teledochealth – обезбедува директни услуги до клиентите, платформи што ја поддржуваат праксата на докторот и платформи и модели што им помагаат на болниците и здравствените системи со се`: од услуги поврзани со интензивна медицинска нега на далечина, до справување со мозочни и срцеви удари на далечина, па до неонатална нега на далечина. Оваа компанија помогна во новото поставувањето на цела една медицинска пракса на Paradise Medical Group, но по дивите огништа што избија во Калифорнија сите нивни простории беа уништени.

Пациентите можат да им испратат порака на докторите онлајн. Сестрата може да ги подреди прашањата според приоритетните пациенти и докторот да даде одговор на тие прашања по потреба, кога нему му одговара. Пациентот не мора да чека на линија или да договара непотребни прегледи, што во просек чини 150 долари по посета ако сте осигурани. Здравствените услуги на далечина го зголемуваат бројот на пациентите што обезбедувачите на здравствена нега можат да го пргледаат, додека истовремено го подобруваат нивниот пристап до вредни и веродостојни здравствени информации, што пак ги намалува трошоците за 11 проценти. Според Teledoc, во некои случаи докторите можат да го зголемат бројот на комуникации со пациентите и тоа за речиси 800 проценти. Замислете колку подобар би бил здравствениот систем ако сме во можност брзо и ефикасно да добиеме одговор на нашите здравствени прашања, а одговорот да доаѓа од сертифицирано медицинско лице наместо од д-р Google. Уште подобро, здравствените посети на далечина имаат стапка на задоволство од 93 проценти, во споредба со 88 проценти за традиционални посети со лично присуство.

Штедењето време е очигледна причина за ваквото задоволство. Кога пациентите биле запрашани што би ги охрабрило да закажат докторска посета на далечина, помеѓу главните причини биле факторите што им го прават процесот полесен, вклучувајќи и технологија што е лесна за користење – за 69 проценти од испитаниците, комуникацијата била причина за 57 проценти од учесниците во истражувањето, 47 проценти одговориле дека тоа е можноста за закажување посета онлајн. Наместо одење до ординацијата и чекањето во придржуба на други болни пациенти, се` што пациентот треба да направи е да се јави на телефон или да се логира на вебсајт. Докторските посети можат да се направат додека сте на работа или во приватноста на домот. Докторите можат да пратат рецепти до аптеката во вашата околина, а вие ќе ги добиете лекарствата доставени до вашиот дом. Овие дејства штедат време и пари и за вработениот и за работодавецот. Кога се` е направено помалку комплицирано, луѓето се склони да го применуваат тоа. Овој едноставен процес на овозможување полесен пристап до здравствената нега го зголемува ангажманот на пациентот во поглед на сопственото здравје и ја зголемува точноста на дијагнозата.

Друг вид здравствена технологија

Доколку компанија што обезбедува здравствени услуги ја има вистинската технологија, тогаш таа сигурно ги зачувува информациите за пациентот на безбеден „облак“. Пристапот до податоци го подобрува процесот на поставување дијагноза, бидејќи сите информации се достапни за сите обезбедувачи на здравствена нега со кои пациентот бил во контакт. Податоците потоа можат да и` овозможат на системот на вештачка интелигенција да го научи здравјето на пациентот со тоа што ќе споредува трендови и шеми. Ова не е различно од начинот на кој Google ги учи вашите омилени продавници и брендови и потоа ви испраќа таргетирани купони и попусти. Mindstrong може да открие депресија преку набљудувањето на начинот на кој едно лице го користи телефонот. Livongo користи вештачка интелигенција и прашалници до нивните корисници со цел справување со последиците од дијабетес, хипертензија, ментално здравје и контрола на тежина. Во последните неколку месеци Google и Apple користат GPS за да видат каде биле луѓето и да следат доколку влегле во високоризични области или биле во контакт со заразени лица.

Се чини дека изјавата дека технологијата може драстично да ни ги подобри животите, како и крајната цел на компанијата, е повеќе од очигледна. Здравствената нега е област која вообичаено бавно се приспособува на промени. Правните регулативи и грижите поврзани со приватноста се два основни фактори што предизвикуваат одложување на примената на здравствените услуги на далечина. Глобалната здравствена криза не` натера да прифатиме технологии за обезбедување здравствени услуги на нови начини, и сега ја гледаме користа од нив. Се намалува отсуствата од работа поради болест, и се подобрува здравјето и добросостојбата. И, секако, најголемата корист – значителни намалувања на трошоците поврзани со обезбедувањето на здравствената нега. Докторите исто така  го согледуваат и прифаќаат позитивниот аспект на нудењето здравствени услуги на далечина, можноста да работат кога ним им одговара и каде било, да имаат помал број откажани прегледи или презакажани посети и да имаат отворен пристап до повеќе пациенти.

Што можат да направат сопствениците на бизниси

Бизнисите треба да бидат сопствени адвокати. Тие можат да ги преговараат нивните понуди – да размислуваат за осигурувањата за нивните вработени како трошок, меѓу останатите, со кој треба да се соочи секој поголем бизнис и да ги преговараат најдобрите понуди и спецификации. Порано, компаниите имаа отпор кон плаќањето за технологии што нудат здравствени услуги, а и самите преговори беа комплицирани.

Сепак, светската здравствена криза донесе досега невидена побарувачка за користењето на виртуелна нега, вклучувајќи и поддршка на владино ниво. Исто така, сега е времето некои технологии да бидат дел од услугите што ги нудат осигурителните компании. Претприемачите можат да инсистираат понудите за здравствените услуги на далечина да покриваат и виртуелни медицински посети. Тие исто така можат да побараат и специфичната технологија и алатки да им бидат достапни на вработените. Образовните програми можат да им помогнат на вработените да ги разберат сите постојни алатки за справување со сопственото здравје. Овие алатки можат да доведат до охрабрен и образован пациент, што пак води до попродуктивен и поефикасен вработен  – а сите овие постапки можат да заштедат милијарди долари.

Извор: Entrpreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -