За две години го удвоив месечниот приход

Во август пресметував колку сум заработила од пет различни приходни канали. Сфатив гордо и среќно дека мојата дневна работа, иако ми обезбедува голем дел од месечниот приход, веќе не е мнозински дел, односно таа работа ми носи малку помалку од половината од се` што сум заработила. Вака ја почнува статијата Зули Ране, млада професионалка која работи како креатор на содржина, писател, уредник, „писател-дух“ и јутјубер.

Ова значи дека другата половина дошла од останатите четири приходни канали на кои се потпирам за мојот месечен приход. Очигледно, ги удвоив месечните приходи со моите странични „тезги“, или она што го работам како хоби.

Како? Е па станува збор за пет различни приходни канали. Ми беа потребни 2 години. Ги додавав еден по еден. И не се плашам да ја прилагодам формулата.

Навистина, навистина го сакам тоа што го работам

Работам типични 40 часа неделно. Ама работам и дополнителни 20 до 30 часа на моите „тезги“. Го правам тоа наместо да гледам Нетфликс, да читам, да седам покрај базенот или да играм видео игри.

Понекогаш прегорувам и се повлекувам еден чекор назад од создавањето содржина. Но во најголемиот дел, мојата длабока љубов за пишани статии, правење видеа и зборување за шопинг ми дозволува да го правам тоа речиси нон-стоп.

Сега пишувам многу помалку од порано, но моите статии се промислени и подобро напишани; го постигнав минималниот праг за заработка на пари на ЈуТјуб, така што моите видеа вредат повеќе секој пат кога постирам; открив „тезги“ за неангажирани професионалци кои плаќаат исклучително добро. Но, ги исполнив тие први неколку години со многу работа.

Ако сакате да го удвоите приходот, бидете подготвени да вложите многу напор во работата. За да бидете во можност да го правите тоа одржливо, бидете сигурни дека не ја работите работата за парите, туку поради љубовта кон тоа што го работите. Парите се потребни како мотиватор, но ако се единствениот кој го имате, тогаш нема да траете долго.

Секој нов приходен канал додадете го постепено

Околу 50% од мојот месечен приход доаѓа од мојата дневна работа, по данокот, здравственото и пензиското осигурување, итн. Другата половина е поделена помеѓу пишување блог, снимање видеа, креирање содржина за други и пишување блогови за други.

Почнав да пишувам блогови пред две години, поради забава и набрзо се разви во моето омилено хоби. По околу 8 месеци, создадов профил на специјална платформа за креатори на содржина каде клиентите можат да се претплатат и почнав да пишувам билтен. Луѓето продолжија да ми поставуваат прашања, така што по неколку месеци го создадов и мојот канал на ЈуТјуб за ги одговорам поголемиот дел од прашањата. Клиентите ме пронајдоа преку тој канал и неколку месеци потоа, ми ги обезбедија првите „тезги“.

Поентата ми е дека месечниот приход полека нарасна до оваа мера. Не се впуштив себеси во сите пет работи истовремено, напротив, создадов сигурна основа и потоа од таму почнав да ги создавам приходните канали на органски, одржлив начин.

Возможно е процесот да се одвива побрзо и одеднаш да се зафатите со сите работи што ви носат приход, но исто толку веројатно е дека ќе прегорите. Одберете една работа, вложете ги сопственото срце и душа, и држете ги очите отворени за можности што природно ќе произлезат.

Направив грешки и ги поправив

Анализирав колку заработувам преку видеата на ЈуТјуб и излезе дека тоа изнесува околу 6 долари на час. Ова полека се зголемува (особено бидејќи го правев тоа бесплатно во текот на целата прва година), но сега, тоа е една од моите најнеисплатливи опции.

Во меѓувреме, работата преку платформата ми носи многу повеќе – околу 50 долари на час. Но во овој случај, ефективноста опаѓа.  Начинот на кој ги поставив нивоата значи дека сега морам многу повеќе да работам само за да заработам малку повеќе пари. Долгорочно гледано, тоа не е одржливо.

Ова ме натера да донесам тешка одлука: сега за сега ќе го одржувам профилот на платформата, но ќе инвестирам повеќе во ЈуТјуб, или ќе ги истражам можностите на друга платформа за создавање видео материјал, како што е MakerStreamer. На ЈуТјуб, заработката ми оди само нагоре. Се`додека сум препуштена на каприците на алгоритамот и на мистериозната формула за реклами, нема граници. Можам да продолжам да го вложувам истиот напор, и да заработам повеќе и повеќе пари секој месец.

Ако сакате да го удвоите приходот, морате да бидете отворени кон можноста дека сте направиле грешки. Наместо да го дуплирам, навистина размислував за тоа што треба да го направам за да го зголемам приходот, можеби дури и за 3 или 5 пати, и за тоа кои канали вредат да вложите напор.

На крај, не би сакала ова да биде крај на патот. Се надевам дека ќе додадам дополнителни канали и се надевам дека ќе се навраќам и ќе учам од моите минати грешки кога станува збор за тоа како да бидам најдобриот претприемач што можам. Секоја лекција што сум ја научила во поглед на развивањето на мојот бизнис, доаѓа како директен резултати од зголемувањето на моите приходни канали.

Си ги сакам сите мои работи, и тоа ме доведе до тука – да инвестирам голем дел од моето време и енергија. Но многу повеќе од трошење ресурси на хоби, мојот финансиски успех доѓа од фактот дека препознавам кога една можност води до друга, и од разбирањето дека можеби нема да знам кој е следниот приходен канал за мене.

Се` додека имам отворен ум за она што ме очекува на патот, можам да бидам сигурна дека ќе продолжам да го зголемувам мојот приход на разумен и одржлив начин. Тоа ме донесе до тука.

Извор: medium.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -