За да ја зголемите продажбата, обидете се нови нешта

Работењето со толку многу различни клиенти од различни индустрии ви ги отвора очите за нови идеи, стратегии и увиди. Секогаш сум отворена за прифаќање нови начини на размислување!, пишува Колин Франсис, експерт од областа на продажбата и стратег за продажба со бројни награди.

Имајќи го тоа на ум, сакам да споделам важна поента која сметам дека во моментов им бега на голем број менаџери за продажба и лидери, кога се работи за создавање, растење и менаџирање на тимот за продажба. За возврат, пристапот што многумина во бизнисот го имаат им штети на целокупните резултати од продажбата.

„Не можеме да ги решаваме проблемите со истиот начин на размислување што сме го имале кога сме ги создале,“ Алберт Ајнштајн.

Овој цитат е клучен за вашиот континуиран успех како менаџер или лидер за продажба.

Кога се справувате со проблеми и прашања поврзани со резултатите од вашата продажба, дали се обидувате да направите нешто ново? Дали се обидувате да стекнете свежа перспектива, размислување и решенија за тие проблеми? Или пак, дали го користите истиот вид пристап што можеби довел до проблемите на прво место?

Моќта на разноликоста

Не сугерирам целосно да го напуштите бродот и да ги отфрлите моменталните стратегии, туку предлагам да создадете и растете тим имајќи ја разноликоста на ум.

Секој од клиентите со кои сум работела во текот на последните неколку месеци ми кажуваат дека нивните пазари се промениле. Нивните индустрии еволуираат и голем број од тие лидери се среќаваат со тешкотии да го одржат темпото на продажба. Ова воопшто не би требало да биде изненадување. Секоја година, се чини дека се јавува нов „поголем играч“ во светот на социјалните медиуми и нов „револуционерен производ“ во технолошкиот сектор. И со оглед на глобално поврзаниот свет во кој живееме, постојаниот прилив на иновации и раст има бројни импликации буквално на секоја индустрија и пазар.

Сепак, некои од истите лидери кои ги препознаваат и признаваат овие промени се` уште инсистираат да вработуваат нови лица врз основа на „експертизата“ од индустријата. Но, колку е корисно искуството ако вчерашните методи веќе не се користат или не се релевантни?

Не го отфрлам фактот дека докажани луѓе во вашиот тим можат да обезбедат резултати. Но, предлагам малку да ги зачините работите. Ако сакате промена и раст во вашиот бизнис, воведете нов начин на размислување, свежа крв и нови односи. Не го отфрлајте продавачот бидејќи не претставува „традиционален“ вработен во вашата компанија. Нетрадиционален пристап може да е токму тоа што му е потребно на вашиот бизнис за да го одведете на следното ниво.  

Разноликоста ќе значи различни нешта за различни бизниси и индустрии. Никогаш не ја потценувајте моќта на свежата перспектива.

За повеќе стратегии за зголемување на продажбата и за да му помогнете на тимот да ги оствари поставените цели, проверете го Nonstop Sales Boom.

Извор: Engage Selling

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -