За време на пандемијата, некои бизниси брзо научија како да бидат отпорни

Се зборува дека пандемијата на коронавирус не ја направила историјата, едноставно ја забрзала. Можеме да го кажеме истото и за општествените движења во поглед на животната средина, општеството и управувањето. Кризата со Ковид-19 натера голем број компании да делуваат брзо, да делуваат одлучно и да делуваат со одредена цел на ум, пишува Леон Каје, еден од уредниците на TriplePundit, со богато меѓународно искуство во маркетинг, односи со јавност и комуникациски стратегии.

Ако веќе сте имале планови…

Intel е компанија која беше во можност да делува брзо уште на почетокот на пандемијата. Голем дел од таа агилност лежи во фактот дека компанијата беше создадена од „домашен“ тим за справување со кризата предизвикана од епидемијата на САРС во Источна Азија во 2002 год, така што организацијата веќе имаше структура за брзо планирање и промена на курсот.

Сузан Фалендер, директор за корпоративна одговорност на Intel, објасни минатата недела за време на виртуелниот форум 3BL, дека тимот за брз одговор беше само еден дел од гарантирањето на отпорноста на компанијата во последните неколку месеци. Во ретроспектива, водството на компанијата имаше беше целосно фокусирано во текот на поголемиот дел од 2020 год, и одлучи да открие една долгорочна стратегија, креирана со цел да ја води компанијата се` до 2030 год. Вработените го прифатија тој пристап, но исто така и инвеститорите.

Фалендер вели дека пандемијата предизвикала зголемување на интересот на инвеститорите и другите чинители, а за возврат компанијата добила повеќе прашања за нејзиниот целокупен одговор на сегашната пандемија, вклучувајќи такви што имаат вркса со безбедносни проблеми, но и расни нееднаквости и инклузија. Понатаму, извршниот тим на организацијата го прифати фактот дека инвеститорите прашуваат за начинот на кој компаниите како Intel ги поддржуваат талентираните вработени и соработниците, додека истовремено инвестираат во некоја одредена цел.

„Сите бараат некакво значење во овие времиња, и важност во односот меѓу нивната работа и нешто што е поголемо од сите нас, така што мислам дека сега е време на надеж. Но имаме многу работа да сработиме за да ги поддржиме луѓето,“ вели Фалендер за време на онлајн настанот.

Грижа за вашите клиенти и засегнати страни

Сликите на амбулантните возила како носат пациент во тешка состојба во болниците во Њујорк и Њу Џерси се` уште се врежани во нашите умови, како и спомените од почетниот страв од масовни недостатоци на лична заштитна опрема.

Во таа насока, токму тие видови грижи ги натераа Johnson & Johnson да делуваат, сподели Лорен Мур, потпретседателката на компанијата за глобално влијание на заедниците. Таа вели дека Johnson & Johnson направиле се` што можат за да го нивелираат ланецот на добавувачи за да стигнат до многу потребната лична заштитна опрема, и дека развиле планови да ги поддржат работниците на првата линија на фронтот и на краток и на долг рок. „Ако работниците на првата линија го имаат тоа што им треба, тогаш сите ние ќе имаме подобра грижа,“ вели Мур. „Наместо да се чувствуваме како пандемијата да ни се случува само нам, ајде да научиме од тоа искуство и да се осигураме дека нешто слично нема да ни се случи повторно“.

Не ги занемарувајте потребите на вашите вработени

Компанијата Aflac зависи од големиот број независни осигурителни агенти од целата територија на САД и Јапонија за да ги продава осигурителните производи што ги нуди, а тие агенти живеат од провизијата што ќе ја заработат. Дарси Брито, менаџерот на компанијата за деловни односи, вели дека компанијата им понудила на тие агенти заем од нула процент, за да им помогне да го пребродат овој период и основа фонд вреден 11 милиони долари за да овозможи финансиска поддршка. „Ако некогаш постоело време кога се вреднувале комуникаторите, тогаш тоа време е денес. Важно е сите засегнати страни, не само да разберат колку е важна вашата позиција, туку и да разберат што можат да направат,“ објаснува Брито.

Што се однесува до самите вработени во корпорацијата, компанијата Aflac требаше за кратко време да се справи со работната сила која од стандардно работење во канцеларија почна да работи речиси целосно на далечина. Секоја компанија може да има различни тактики за да се осигура дека секој е поврзан, без разлика дали станува збор за месни заедници, виртуелни пијалаци или достава на оброци. Пораката на Брито до сите менаџери и извршни директори е: „Без разлика дали сте мал или голем, клучно е да имате линии на поврзаност со вашите вработени, да покажувате разбирање и исто така да покажете дека сте свесни за тоа што им се случува на вработените“.

За оние од нас кои едноставно се консументи на забава, без разлика дали забавата ја добиваме преку телевизор или лаптоп, често пати претпоставуваме дека се` едноставно „се случува“. Но Кристал Барнс од ViacomCBS не` потсетува дека работната сила на компанија која работи во областа на забавната индустрија е комплицирана, и затворањето на кино салите и продукциските студија во раните денови на пандемијата резултираше со огромно негативно влијание врз квалитетот на животот на голем број лица кои работат во тој сектор. Медиумскиот гигант брзо почна да остварува партнерски соработки со организации како што се Актерскиот фонд на Америка и Телевизискиот фонд за играни филмови за да обезбедат финансиска поддршка за членовите на продукцискиот тим, споредните глумци и другите работници кои ја поддржуваат продукцијата на телевизиските емисии, вели Барнс. Овие можности се остварија во моментот кога двете компании, Viacom и CBS, го одобрија нивното спојување.

Наследството и семејните компании можат да направат пресврт

Вашиот снабдувачки канал не се движи доволно брзо? Кажете и` го тоа на Шели Вилијамс од SanMar, компанија за која малкумина чуле, но речиси сите ја допреле. Таа создава производи како промотивни капи, маици и постави.

Јасно, потребата за такви предмети ја снема преку ноќ, уште на почетокот на месец март. Но SanMar брзо ги презеде потребните чекори, Вилијамс објасни пред публиката на виртуелниот форум. По состаноците чија цел беше да се одреди улогата на компанијата за време на пандемијата, фирмата одлучи да стане партнер со други производители на облека и со американската влада за да произведе милион маски.

Како компанијата успеа да исплива на површината толку бргу? SanMar го сопре производството на нејзините вообичаени производи, ги обучи вработените, разви нови безбедносни протоколи и работеше со владите на држави како Хондурас со цел да ги врати вработените назад на работа и да им обезбеди ресурси за да го зголемат производството. Резултатите зборуваат за себе: Влијамс вели дека SanMar произвела повеќе од 200 милиони маски до денешен ден, како и голем број маски што сега се вклучени во нивните редовни производствени линии. На крајот, за оваа семејна компанија, советот е: „Водете со цел и во време на криза, потпирајте се на таа цел,“ заклучи Вилијамс.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -