Чиле: Стартап компанија нуди заштитна маска добиена од 3D печатач за да помогне во борбата со Ковид – 19

Како што здравствените работници бараат „Н95“ маски за да се заштитат себеси и другите во борбата со пандемијата на коронавирусот, претприемачи кои работат во индустријата на 3Д печатење почнаа да развиваат верзија на тој конкретен модел на маска, која може лесно да се преслика и произведе, пишува порталот ЛАБС.

Поврзано:

Чилеанската компанија Копер 3Д (Copper 3D) создаде и пушти во употреба нивнен дизајн на антивирусна маска која може да се користи во 3Д печатењето и кој дизајн може да се „симне“ од интернет бидејќи компанијата овозможува отворен извор на податоци. По печатењето, деловите на маската треба да се состават и таа мора да биде изработена од специјален материјал.

Еко-маска ја „хакира“ пандемијата

Компанијата изјави дека производот чиј дизајн е достапен за сите оналјн и кој е наречен „НаноХак“ (NanoHack), може да се употребува неколку пати и да се рециклира, а истовремено штити од вируси и бактерии. Отворениот извор за дизајнот на маската што беше развиен од страна на чилеанската компанија е бесплатен и можете да го „симнете“ на овој линк.

заштитна маска

Според чилеанската стартап фирма, овој производ има и еколошки аспект. Процесот на составување на маската по печатењето е многу едноставен, а исто така, потребно е таа да се чисти се за да се зачува соодветно од вируси и бактерии.

Целта на Копер 3Д е „да ја хакира пандемијата“

Со цел да има антивирусни својства, маската мора да се изработи од посебен материјал. Компанијата истакнува дека, доколку сакате да си ја испечатите маската дома или во канцеларија, потребно е да имате материјал познат како „плактив“ – единствен вид пластика што и` овозможува антивирусни и антибактериски својства.

Соработка за поорганизирана борба против коронавирус

Со динамиката на ширење на Ковид-19, многу компании решија да соработуваат и да дадат свој придонес во борбата за стопирање на влијанието на смртоносниот вирус. Нивниот удел во борбата се состои во создавање и произведување различни типови медицинска опрема и решенија за здравствена заштита, додека 3Д индустријата докажува дека може да помогне во различни партнерски комбинации.

заштитна маска

На пример, градот Куритиба во Бразил, преку тамошната ФабЛаб, т.е. мала работилница каде може да се изработуваат различни производи дигитално, ќе прави маски од модел кој на располагање им го даде Чешкиот институт за информатика, роботика и кибернетика, дел од Чешкиот технички универзитет во Прага. Овој институт создаде негов сопствен прототип на заштитни маски – CIIRC RP 95, додека пак прашката компанија Маха 3Д помогна во развивањето на побрз и поедноставен начин на производство.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -