Заедничките работни простории повторно ќе бидат дел од многу бизниси

Пандемијата го поремети пазарот во огромна мера и многу брзо, и тој доживеа промени што досега се незабележани во модерната историја – голем број компании беа приморани да банкротираат додека други беа принудени радикално да го преобмислат работењето и тоа преку ноќ, пишува Entrepreneur.

Некои индустрии напреднаа многу повеќе од други, додека одредени сектори од економијата беа збришани додека да трепнеш. Комбинациите за делење работен простор (ко-воркинг) на пример, беа едни од првите комерцијални операции кои беа погодени од кризата поради правилата за одржување социјална дистанца и нивното доследно применување. Тие можности беа во голема мера заменети со работење на далечина, што пак придонесе во спречување на ширењето на Ковид-19.

Пандемијата нема да трае засекогаш, а кога таа ќе се повлече, голем број од клучните сектори ќе се вратат назад во живот и тоа многу брзо. Во продолжение е анализа за тоа како ко-воркинг просторите ќе успеат да се одржат по поминувањето на пандемијата, и што можат компаниите да направат сега за да извлечат корист од развојот на настаните.

Работниците кои работат на далечина нема да можат да останат дома засекогаш

Не може да се спори дека работењето на далечина во моментов ја одржува во живот економијата и покрај економскиот хаос што го предизвика Ковид-19. Работници кои претходно никогаш не работеле од удопството на сопствениот дом сега се справуваат со обврските од нивната дневна соба, и во многу случаи, откриваат дека всушност им се допаѓа ваквиот стил на работа. Сепак, особено е важно да се сфати дека поголемиот дел од работата на далечина се организира на еден ад хок начин, врз основа на неопходност, и голем дел од тие комбинации за работа од дома не се смислени на начин на кој треба да траат и во иднина. Ова значи дека работењето на далечина најверојатно ќе биде популарно и во иднина, но и дека договорите како да се работи на овој начин ќе се манифестираат во многу различни форми од оваа што ја гледаме сега.

Така што, во многу случаи, тие работници кои ја обожаваат сегашната варијанта на работење од дома сега се привилегирани костумосани професионалци кои можат да уживаат во луксузи од типот на домашна канцеларија, или посебен простор за работа каде што можат да се фокусираат на нивните обврски. Иако е точно дека многу домови што ќе се изградат во блиска иднина ќе имаат и домашни канцеларии или соодветен простор за работа, со цел овозможување на голем број професионалци да се справуваат со работните должности од дома, исто така е неотповикливо точно дека многу луѓе нема да можат да ги одржуваат ваквите варијанти за работа од дома засекогаш бидејќи ќе им е потребен простор, или едноставно, потребно им е мир и тишина за да работат.

Поради ова не можеме да очекуваме побарувачката за ко-воркинг простор да достигне небесни височини кога еднаш пандемијата ќе почне да опаѓа бавно но сигурно, според насоките на професионалните здравствени работници. Работниците на далечина мора да работат некаде, и покрај се`, голем дел од нив ќе откријат на долг план дека нивните домови се добри само за ад хок решенија, итни случаи и слични сценарија. Другите ќе сакаат професионален простор близу нивниот дом, поблизу од нивната поранешна канцеларија, за да можат да ги исполнат сопствените професионални обврски. Тие кои имаат деца особено ќе го ценат моментот да имаат ко-воркинг простор близу нивните домови, бидејќи воспитувањето новородени и тукушто проодени деца е многу потешко отколку што им изгледа на тие кои немаат потомство.

Менталното здравје ќе биде ставено под прашање

Пандемијата во принцип е закана по однос на јавното здравје бидејќи буквално може да ги земе животите на тие кои се заразени со Ковид-19. Но, како што бргу откривме во времето кога бевме приморани на само-изолација и карантин, постојат и многу други закани по однос на нашето здравје за кои мораме да сме свесни. Додека Ковид-19 претставува фатална респираторна болест, нејзиното постојано ширење доведе до зголемен број смртни случаи од други причини. Медицинските професионалци предвидуваат повеќе од 10.000 смртни случаи поради рак во следната деценија, како директна последица од одложувањата на прегледите на другите болни поради ситуацијата со коронавирус, што пак е илустративен пример како тоа еден вирус може да доведе до огромни промени во нашите системи за здравствена заштита што води кон неочекувани жртви.

Важно е да се сфати дека оваа пандемија е многу повеќе од респираторна закана. Таа исто така остава голема трага на колективното ментално здравје на нашето општество, бидејќи многу луѓе се лишени од социјални контакти што се потребни за да бидат целосно функционални. Видео конференциите и другите начини на дигитална комуникација помагаат да се надмине изолацијата, но не може да се негира дека овие технологии едноставно не можат да се споредуваат со ефектот што го имате кога ги гледате вашите пријатели, сакани и колеги лице-в-лице.

Во текот на многу години, умните претприемачи успеале да разберат дека компаниите каде нивото на стрес е високо мораат да инвестираат во менталната добросостојба на нивните вработени доколку сакаат да останат профитабилни долго време. Она што малкумина го разбираат е дека сегашните економски услови го прават скоро секој бизнис многу стресен; поминувањето на поголемиот дел од времето дома е загрозувачко по однос на менталната добросостојба на голем број работници во широк спектар индустрии, што пак изискува од таквите работници претходно незамисливи нивоа на инвестиции во менталното здравје. Заедничките работни простории можат да успеат по пандемијата со аргументот дека компаниите што ги користат тие услуги можат да одржуваат социјална дистанца помеѓу нивните вработени, а истовремено да им обезбедат меѓучовечка интеракција што е неопходна за зачувувањето на менталната добросостојба. Тие бизниси кои нема да успеат да го земат овој податок предвид набрзо ќе се најдат себеси лишени од способна работна сила и ќе изгубат предност пред нивните конкуренти.

Вмрежувањето ќе продолжи да биде важно

На крај, главно е да се разбере дека вмрежувањето ќе продолжи да биде исклучително важно во поглед на идниот пазар. Ова значи дека професионалците ќе треба да одржуваат и да ги растат нивните лични мрежи со цел да продолжат да ги остваруваат кариерните можности, но и да продолжат да ја истакнуваат важноста на вмрежувањето за малите бизниси. Локалните компании зависат едни од други во поглед на нивниот раст на различни видови начини, и бизнисите што во моментов целосно зависат на далечинско работење се борат да се поврзат со локалните бизнис мрежи што пак претходно им нуделе единствен пристап до капитал и експертиза. Ако погледнете листа на начини за делење работен простор што им се корисни на малите бизнис, брзо ќе увидите дека естетски пријатни работни простории и продуктивноста на вработените се едни од најубедливите причини зошто треба да се усвои овој модел на работа. Уште поважен е фактот дека комбинациите за користење ко-воркинг простор им дозволуваат на претприемачите и професионалците да имаат пристап до локалните мрежи што инаку би им биле недостапни. Ова значи дека можат лесно да искористат финансиски можности од кои инаку би биле лишени, и дека нивните бизниси би можеле да паѓаат вртоглаво надолу кога наместо тоа би можеле да се движат брзо нагоре.

Тие што вообичаено би се натпреварувале еден со друг, преку ко-воркинг просторите, ќе се координираат и ќе соработуваат како никогаш досега. Ова значи дека недоволен број на понуди за ко-воркинг простори во блиска иднина ќе фрустрира голем број сопственици на бизнис кои зависат од таков вид комбинации за организирање на работата со цел да го одржат нивниот пристап до инаку недостапни финансиски институции и можности. Оттука, би било неверојатно глупаво да се аргументира дека оваа привремена пандемија ќе стави дефинитивен крај на ко-воркинг индустријата.

Претприемачите и корпоративните професионалци се во право кога претпоставуваат дека индустријата за изнајмување заеднички работни простори може да претрпи огромни негативни последици поради пандемијата. Но, тие грешат ако инсистираат дека ова е крајот на ко-воркингот во целост, бидејќи е едноставен факт дека оваа индустрија во подем одново ќе се роди во пост Ковид периодот и ќе биде посилна и покорисна од кога било претходно. Без разлика дали станува збор за овозможување на компаниите да го зачуваат менталното здравје на нивната работна сила или за истакнување на единствените можности за вмрежување кои се корисни за бизнисите, сепак има неколку причини зошто ко-воркингот ќе опстои и ќе се развива и по крајот на пандемијата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -