Жените претприемачи најсилно сјаат кога ги раскажуваат сопствените приказни, со сопствени зборови

Во книгата која изобилува со детали и чија цел е да ја подигне свеста за личниот пат на жените во бизнисот – „Жени претприемачи: тајните на нивниот успех“ – , авторите Џон Смит и Рут Сандерс не ги раскажуваат приказните на успешните деловни жени, туку им овозможуваат самите тие да ги раскажат, пишува Елен Р. Дерисио за бизнис порталот triplepundit.com.

Она што може да се научи од нивните приказни е дека не постои типична жена претприемач. Жените кои се одлучуваат да започнат сопствен бизнис имаат цела палета различни позадини, мотивации и цели. Тие основаат бизнис на различна возраст, некои се дури 10 години стари, другите пак се приближуваат на традиционалната возраст за пензија. Но повеќето од нив, имаат визија и ја следат до крај.

Искуството на другите е најголема лекција

„Најпрво, ајде да го расветлиме митот дека претприемништвото е нешто со што се занимаваат единствено агресивни и амбициозни млади луѓе со предлози за бизнис во 21от век,“ пишуваат авторите. „Секако дека претприемништвото може да биде и тоа, како што дознавме од нашите интервјуа, но бубачките можат да ве фатат на секоја возраст, поттикнати од различни себе-одредувачки катализатори или одговори на околностите – или пак мешавина од двете“.

Во едно интервју за овој блог, Сандерс дополнително објаснува: „Ги правевме интервјуата без претходно да имаме концепт за тоа што ќе пишуваме,“ вели таа. „Само ги натеравме да ни ги раскажат сопствените приказни, и од таму ги извлековме темите.“

Покрај тоа што им овозможиле на 52 различни жени претприемачи да бидат чуени, елегантно уредената книга на Сандерс и Смит ефикасно речиси наликува на водич за тоа како се станува претприемач. Тие посочуваат конкретни чекори за повеќето аспекти од работата како што се планирање, основање и водење сопствен бизнис; совети како да започнете, како да ја откриете и да ја изострите идејата, како да ги одберете најдобрите поддржувачи на вашиот потфат, како да ја развиете и одредите рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, па дури и како да ја подобрите вашата самодоверба.

„Мислам дека она што навистина беше многу убаво во врска со книгата е дека интервјуиравме луѓе кои само што започнуваа, во однос на жедта за ран раст, во однос на некој вид пловење низ бизнисот, во однос на доаѓањето до крајот на нивниот живот или продавање на бизнисот или работењето на вториот или третиот бизнис потфат. Така што имавме цел спектар луѓе,“ објаснува Сандерс.

Жените и мажите наведуваат различни причини за започнување бизнис

Авторите исто така нудат интересни статистики и неверојатни факти, еден од најистакнатите е дека во целина, жените претприемачи се поуспешни од мажите но добиваат помалку финансиски средства од инвеститорите. Во минатото, жените зафаќаа нешто повеќе од 25 проценти од самовработените лица, но од 2008 година, 58% од ново самовработените лица се жени, според авторите на книгата. Најчесто, жените основаат бизниси во сектори како здравство, образование и социјални услуги.

Дел од причината зошто недостасуваат финансиски средства може да лежи во фактот дека жените претприемачи често пати не ја отсликуваат сликата што финансиските поддржувачи ја имаат за оваа група бизнис лидери. „Кога станува збор за добивање инвестиции од бизнис ангели или фондови за ризичен капитал, жените типично добиваат мал дел од средствата што се доделуваат, и таа цифра останува тврдоглава веќе долго време,“ нагласуваат авторите. „Жените едноставно не подлегнуваат на нормата на млад бубалица со блузон со качулка“.

Не е никакво изненадување што повеќето жени претприемачи зборуваат за грижа за семејството и неопходност како главни причини за започнување бизнис. Често пати тие споделуваат искуства дека традиционалните работните места не биле желни да направат приспособувања за тие да можат да се грижат за нивните деца или постарите членови на семејството. Мажите, од друга страна, речиси два пати повеќе од жените, кажуваат дека главната причина зошто се самовработиле е „да направат повеќе пари“.

Кај жените претприемачи бизнисот е дел од животната приказна

Една од тие 52 претприемачки, Сандра Меклауд, ја искористила шансата да започне сопствен бизнис – Echo Research – откако претходниот работодавец одлучил да ја отпушти од работа додека била бремена. И работите почнале да се движат по нагорна линија.

„Требаше да отсуствувам од работа за да го родам првото дете и се сеќавам како шефот ми кажува: ,Имаме премногу извршни директори и ти очигледно не сакаш да продолжиш да работиш’. Потоа се ракуваше со мене и ми кажа ,со среќа’,“ Меклауд се сеќава. „Сакав да продолжам да работам, па прашав дали можам да земам една од франшизите што јас ја обезбедив, и шефот ми кажа: ,Паа, не дека ќе се случи нешто со неа, така што да, слободно искористи ја’. Се заблагодарив, го прегрнав и си отидов. И ја зедов франшизата бидејќи никој не беше заинтересиран да ја работи, ја ребрендирав во Echo Research, и ја претворив во компанија вредна 8 милиони долари“.

Смит вели дека инспирацијата за книгата била неговата покојна мајка, која имала претприемачки дух во време кога таквите жени се сметало дека соочуваат со постојани животни борби. „Мојата мајка почина пред 10 години, и размислував за неа,“ Смит споделува со блогот. „Таа беше самохрана мајка која ме одгледа во тешки околности. Размислував за атрибутите што таа ги покажуваше, знаете, како работливост, одлучност, сите тие силни нешта. И така почнав да размислувам во 2017 година, за жените претприемачи и жените во бизнис центрите, и тоа беше почетокот на една многу голема приказна. Некако ги запишав имињата на жените претприемачи кои ги знаев и немав потреба да одам да ги барам, и стигнав до неверојатни 26 жени, и потоа, го направив истото и со мажи. И помислив: ,почекај, нешто се случува тука’.“

Смит и` пристапил на Сандерс бидејќи сфатил дека е предност книгата да се пишува во соработка со жена. „Се почувствував почестена што ме праша,“ додава таа.

Авторите црпеле инспирација од жените кои ги запознале. „Последното нешто што го сфатив и што ме погоди, откако ги ислушав сите тие приказни, е дека тие ја поставуваат нивната деловна приказна во контекст на нивната животна приказна,“ вели Смит. „И тоа е едно нешто што не верувам дека мажите го прават“.

Сандерс посочува дека преку интервјуата таа научила како да ја засили сопствената самодоверба и како да го надмине стравот од неуспех. „За да го надминете недостатокот на самодоверба треба да ги користите вашите силни страни, а вашите слаби страни да ги делегирате,“ посочува таа. „Така што, не се обидувајте да бидете добри во се`, туку ангажирајте луѓе околу вас кои не ви се по мерак па да требаат да ги покриваат вашите слабости и страв од неуспех… тоа ќе ве одведе до следниот степен. Така што ако не успеете, разберете зошто и приспособете се. И во многу случаи видовме луѓе кои кажуваат дека неуспехот ги натерал да бидат успешни. Оттука, морате да го прифатите неуспехот“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -