Жените во моментов имаат најниски очекувања за кариерата, но тоа може да се промени

Пандемијата го врати часовникот назад кога станува збор за векови напредок кај жените кои работат. За да се одбегне најлошото можно сценарио во различни индустрии, ќе треба сериозно да размислиме како да ги поддржиме жените на нови начини, потенцира Каролин Ферчајлд, уредник на вестите на ЛинкедИн на нејзиниот профил на професионалната платформа.

Пандемијата на Ковид-19 ги зголеми постоечките тешкотии, тензии и предрасуди во поглед на жените. Во пикот на кризата, жените во САД изгубија повеќе работни места од мажите, првата во серијата американски рецесии што во голема мера влијаеше повеќе на мажите. Тие кои продолжија да работат имаа поголеми шанси да се на клучни работни места каде беа повеќе изложени на можни инфекции на вирусот. Во меѓувреме, жените на кои им беше дозволено да работат од дома за време на пандемијата го добија нивниот дел од неплатениот труд. Трудот вложен во домашните обврски и одговорностите кои произлегуваат од грижата за децата се вивна до небо, што пак предизвика целосниот фокус на работата да стане вистински предизвик.

Професионален напредок на пауза

И покрај времето што помина, нова анкета спроведена од ЛинкедИн со 1000 жени професионалци покажува дека жените продолжуваат да се среќаваат со предизвици и тешкотии. Повеќе од една третина од вработените жени велат дека нивната кариера во моментов е на пауза. Уште повеќе, 60% од вработените жени се чувствуваат како да не се доволно ефикасни и успешни во различни области во животот, како резултат на пандемијата.

„Притисокот во последните девет месеци беше огромен,“ вели Кери Кристос, поранешен маркетинг менаџер во Anthem. „Веќе 15 години јас бев најдобрата вработена. Лојални, талентирани, вредни жени не се видливи или ценети. Дадов се` од себе… додека работев од дома цело лето, само за да добијам отказ во октомври“.

Стресот на милионите вработени жени во целата земја како кај Кристос е тежок товар за жените лидери. Бети Лиу, претседател на одборот и извршен директор на D and Z Media Acquisition Corp, можеше самата да види како пандемијата влијаеше на жените од различни гледни точки. Како поранешен новинар, таа увиде колку уништувачки последици имаше кризата за жените. Како мајка, таа ги искуси предизвиците поврзани со основање компанија додека истовремено се грижеше за децата. И како работодавец, мораше да се справи со притисокот да го одржи бизнисот во време на криза.

„Жените носат далеку поголем товар. Тие имаат двоен товар кога работат од дома,“ вели таа. „Мораме да инвестираме повеќе во надградување на вештините на работната сила…. особено за жените кои беа тешко погодени. Некои од работните места што беа изгубени може никогаш повеќе да не се вратат“.

Никој не сака да биде невработен

Лиу и писателката, актерка и продуцентка Иса Ре ми се придружија во една отоврена дискусија за иднината на вработените жени во време на овие предизвици, продолжува Ферчајлд. Ре поголемиот дел од времето во пандемијата го поминала во снимање на серијата „Несигурна“ на Ејч-Би-О. Таа вели дека кризата ја натерала да увиди дека е склона претерано да работи. Ја натерала да направи пауза и одново да го процени нејзиниот работен стил. Но, бидејќи голем број луѓе сметаат на нејзината серија за вработување, Ре се обидела да се врати назад на сетот што е можно побрзо.

„Голем дел од членовите на персоналот беа нетрпеливи да се вратат на работа. Никој не сака да биде невработен или несигурен во долг период,“ вели таа.

Како работодавци и професионални жени, Лиу и Ре се потрудиле да создадат средина каде жените можат отворено да зборуваат за тоа како се чувствуваат за време на овие предизвици. Некои 42% од професионалните жени во анкетата на ЛинкедИн размислувале за тоа да ја напуштат работата поради или како резултат на пандемијата.

Менталното здравје е главен фактор за напуштање на работата

Првата причина поради која сакаат да ја напуштат работата? Да можат да стават приоритет на нивното ментално здравје.

„Открив дека, неколку жени на работното место, вклучително и јас, сме се почувствувале исплашени да се искажеме себеси од страв дека ќе бидеме прекорувани и од страв дека ќе искусиме уназадување на некој начин или ќе ги изгубиме работните места,“ вели Ре. „Многу е важно да се создаде простор каде можеме да бидеме слушнати без страв од казна“.

Вработените мајки покажуваат повисоко ниво на страв

Тој страв од одмазда е особено акцентиран кај вработените мајки – 62% од нив лажеле или глумеле дека не се под толкав голем стрес кога станува збор за рамнотежата помеѓу грижата за децата и работата за време на пандемијата. Повеќе од една третина кажале дека искусиле уназадување, негативност или прекор на работното место како резултат на прекинувања или конфликти што се должат на родителските одговорности. Како вработена мајка, Лиу вели дека се обидела за себе да создаде гледна точка на „нула вина“. Кога работи, таа е стопроцентно фокусирана на работата, и кога е со нејзиното семејство, целото нејзиното внимание му е посветено нему.

„Кога сте фокусирани на вашето семејство, работата седнува на задното седиште. И му реков на мојот тим дека и тие треба да го применуваат истото,“ додава таа.

Како жени од малцинствата, Ре и Лиу исто така двете работеле за време на пандемијата насред бран протести против системскиот расизам во целата земја и непријатен пораст на криминалот против Азијатите Американци. За обете, сојузништвото на работното место е клучен дел од решението. Само една четвртина од професионалните жени во анкетата рекле дека нивните колеги жени ги прашале како се, а уште помалку рекле дека нивните колеги мажи им го поставиле истото прашање.

Ако нешто се промени, не може тоа да се само жените од малцинствата кои го креваат гласот, забележува Ре.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -