ЕУ поддршка за македонските мали и средни компании преку поттикнување на иновациите и технолошкиот развој

Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 Програмата на Европската Унија, предводена од  заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, денес одржа онлајн работен состанок со претставници на меѓународните институции – донатори на средствата наменети за оваа програма.

На состанокот се дискутирало за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, кој се однесува на  поттикнување на претприемништвото, поддршка на малите и средни претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновациите и технолошки развој.

Иновациите и технолошкиот развој се приоритет

Вицепремиерката Царовска во своето воведно излагање рече дека  индустрискиот раст и развој е приоритет на оваа Влада и дека истото е содржано во Стратегијата, каде фокусот е ставен на јакнењето на домашните бизниси и новите иновативни идеи, како и продолжување на директните инвестиции кои имаат значајно учество во економскиот раст и развој на државата.

Владата ќе биде посветена на спроведувањето на потребните реформи за унапредување на бизнис климата и обезбедување на подобри услови за сите компании, особено малите и средните фирми, а поддршката од ЕУ е добредојдена за исполнување на потребните критериуми и усогласување на домашното законодавство со европското, пред сè во насока на отворање на преговорите за членство во Унијата.

Секторската работна група за конкурентност и иновации, во којашто освен заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, учествуваат и Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Централниот регистар, Царинската управа и други надлежни организации и институции, ќе ги продолжи преговорите со ЕУ и во наредниот период.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -