ЕУ за првпат ќе може да биде акционер во стартап компании

Европската Унија за првпат ќе може да стане директен акционер во стартап фирми преку создавањето на еден од најголемите инвестициски фондови на стариот континент, пренесува Bloomberg.

Европскиот фонд на иновацискиот совет се очекува да содржи 3 билиони евра, и е креиран во обид да се затвори она што претставниците на Унијата го карактеризираа неделава како „критична“ празнина во финансирањето. Средствата од овој фонд ќе бидат наменети за револуционерни технологии што би требало да го подигнат комерцијалното ниво на компаниите за да можат подобро да се натпреваруваат со американските и азиските претпријатија.

Фондот ќе нуди комбинирани услуги како грантови и удел во сопственичката структура со цел да се овозможи финансирање на компании во рана фаза на развој што работат во областа на т.н. „длабока технолгија“, како што се здравје, одржливост и напредно производство. Сопственоста во една компанија ќе варира од 10% до 25%, а ЕУ ќе може да вложи дури и 15 милиони евра, Унијата кажа во изјава до медиумите.

Во споредба со САД, во Европа традиционалните компании што работат со ризичен капитал се помали, па така водечките инвеститори преземаат помалку ризици, велат претставниците на ЕУ. Во Европа, компаниите за ризичен капитал имаат дефинирани инвестициски хоризонт, а инвеститорите очекуваат поврат на нивните средства во рок од 10 години.

Новиот фонд ќе понуди алтернатива на традиционалните инвеститори

Со директно финансирање на научни откритија додека не станат сигурни влогови за традиционалните инвеститори, финансирањето ќе го намали ризикот за инвестиции и ќе привлече повеќе инвеститори, велат претставниците на ЕУ.

Во моментов, Унијата вложува финансиски средства во технолошки компании преку грантови на Комисијата и преку Европскиот инвестициски фонд, што инвестира во фирми за ризичен капитал. Иако Европската Унија сепак нема да пренасочува средства од компаниите за ризичен капитал преку новиот буџет, чекорот сепак овозможува да се заобиколат тие инвеститори, како и дополнителните трошоци поврзани со традиционалното инвестирање, со цел да се стимулира развојот на фирмите во рана фаза.

Првата рунда инвестиции на ЕУ фондот вклучува влог од 15 милион евра во француската стартап компанија CorWave која развива апаратче што им помага на луѓето со многу оштетен слух.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -