ЕУ воведува нови правила за патување

Државите членки на Европската Унија вчера се согласиле да ги координираат условите за патување на жителите на блокот додека трае пандемиjaта на кopoнавиpyc. Ова беше договорено на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Тоа подразбира изработка на пандемска мапа на државите врз основа на која ќе се донесат мерки за патување, а што се однесува на условите за тестирање и карантин. Договоренo е дека со мерките мора да се осигура слобода на движење, и транспарентност за граѓаните и компаниите за да се избегне нарушување на нудењето услуги.

Европската Комисија го поздравила овој договор и напоменала дека граѓаните се соочуваат со многу различни правила и постапки, како и нејасни информации по ова прашање.

Заеднички критериуми за проценка на ризик

Новиот пристап на ЕУ налага воспоставување заеднички критериуми за проценка на ризикот од зараза од кopoнавиpyc за секоја држава и регион поединечно.

Усогласено е дека ризикот се проценува врз основа на бројот на тестирани лица на 100.000 жители во седум дена пред самата проценка, како и бројот на оние кои се позитивни на коронавирусот. Во предвид ќе се земае и бројот на новозаразени луѓе во последните две недели.

Пандемската мапа претставува заедничко мапирање на ризични подрачја во ЕУ. Државите и регионите на мапата ќе бидат обележени со зелена, портокалова, црвена и сива боја.

Со зелена ќе бидат обележани ониe држави во кои бројот на новозapaзени е помал од 25 во последните две недели, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е 4%.

Со портокалова боја ќе бидат обележани земјите каде бројот на новозаразени ќе биде помал од 50 во последните две недели, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани ќе биде 4%. Со истата боја ќе бидат обележани и државите во кои бројот на новозаразени е помеѓу 25 и 150, но процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е помал од 4%.

Со сива боја ќе бидат обележани земјите за кои нема доволно информации за процентот на ризик. Земјите со висок ризик ќе бидат обележани со црвена боја, каде има повеќе од 50 случаи на 100.000 луѓе, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е 4% или повеќе од 150 случаи на 100.000, но процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е помал од 4%.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -