Економските последици од коронавирусот ќе бидат многу посилни од здраствените

Економските последици од коронавирусот, како што е неможност да одите на работа, можност работодавецот да ве перцепира како вишок, или во крајна линија банкрот на вашиот бизнис, се поголеми од здравствените ризици, и тоа на планетарно ниво.

Поврзано:

Широката слика 

Според Омар Хасан, експерт за економски развој и колумнист за Индепендент, трилиони долари се повлечени од финансиските пазари само оваа недела, а тоа значи почеток на една сага, која, за да има среќен крај, мора да ја добие потребна поддршка од страна на владите. 

Во светски рамки, коронавирусот го одзеде животот на 4,389 лица, додека во САД регистрирани се 31 смртни случаи до вчера. Ова значи дека милиони луѓе се економски осакатени, особено откако епидемијата предизвика бура на светските берзи, војна помеѓу Русија и Саудиска Арабија за нафта, додека пак вистинската војна во Сирија на терен е генератор на уште мигрантска криза која само што не се случила.

Сигурно ќе дојде момент во историјата кога ќе ја гледаме појавата на оваа пандемија како главната причина за колапс на светстката економија, односно моментот кога старт-ап компании и бизниси со потенцијал за брз раст ќе бидат најпогодени и ќе ја плаќаат цената за големите корпорации, цени Хасан.

Подеднакво важно како борбата со вирусот е вакцинирањето на нашите економии против растечката пандемија од паника. Човечката болка може да се појави во форма на болест или смрт, но исто така може да се искуси и како неможност да се платат сметките или дури и да се изгуби домот.

Малите и брзорастечките бизниси се најпогодени од пандемијата

Особено погодени од оваа ситуација се малите бизниси бидејќи доставувачите мака мачат да дојдат до производи или основни материјали. Затворањето на фабриките во Кина предизвика појава на досега невиден застој во производствените капацитети на земјата. Кина е најголемиот извозник во светот и е одговорна за третина од светското производство така што проблемите на Кина се проблеми на сите, а згора на сё во тек е трговска војна меѓу Вашингтон и Пекинг. 

Она што уште повеќе ја прави ситуацијата алармантна е што владите во светот ја третираат оваа состојба како здравствена криза, а не економска, така што е крајно време економистите да се фатат за работа пред вистинската пандемија да се рашири. 

Италија по секако ќе влезе во рецесија, односно деветтата најголема економија на планетата сега е затворена. Неумесно би било да се помисли деа ситуацијата во Италија нема да влијае врз целокупната економија во ЕУ, и нејзиниот најголем трговски партнер – САД. Сево ова ќе нё одведе до глобално уназадувања освен ако владите не преземат мерки на време, и поагресивно отколку пред 12 години со последната економска криза.

Што е различно од пред 12 години

Но овој пат влоговите се повисоки, бидејќи се чини дека во движење е ставен координиран напор за економски да се повредат многу западни земји, и да ги предупредат против агресивните трговски политики на Доналд Трамп.

Иако Кина ја плати највисоката цена во екот на вирусната епидемија во смисла не економски последици и човеки животи, многумина во Пекинг гледаат барем малку светла иднина поради слабеењето на американската економија и раат од трговските војни на Трамп што се чинеа дека ќе траат до недоглед. 

Во скоро совршена синхронизација со ширењето на коронавирусот, изби војна поради нафта помеѓу Русија и Саудиска Арабија. Во скора иднина, и Москва и Ријад можат да го издржат брзото паѓање на цената за 30%. Но во САД, индустријата што се бави со екстракција на природен гас од шкрилци не може бидејќи оваа технологијата е многу скапа. Многу веројатно сценарио е нафтениот сектор во САД ендоставно да престане да постои, доколку ценатата на нафтата остане на волку ниско ниво, што пак ќе води до затворање на капацитети, губење на работните места и можеби дури и рецесија на ниво на држава. 

Трамп ги истурка задоцнетите намалувања на даноците за плати и помош од работници кои работат на саат како мерка која ќе им помогне и на работодавачите и на вработените да преживеат. Во Велика Британија, канцеларот Ришо Сунак и` го претстави на јавноста „буџетот за коронавирус“. Но секоја влада треба во предвид да ја земе големата слика ако сакаат соодветно да се справат со последиците.

Станува збор за многу повеќе од пандемија на коронавирус, цената на нафтата, па дури и за глобалната економија. Станува збор за рамнотежата во моќта меѓу Истокот и Западот, а епицентарот на оваа борба веќе 10 години е Сирија. По декада водење војна, пресметките сега ескалираат од герилска војна во економски конфликт. 

Рамнотежата на моќта се менува

Новите суперсили како Русија и Кина го доживеаа САД како неважен фактор во ситуацијата во Сирија, и сега се обидуваат да ја зацементираат нивната визија за поделен свет. Наместо да и` дозволат на Саудиска Арабија (сојузникот на САД) да ги води светските пазари на нафта преку ОПЕК  (Организацијата на земји што извезуваат бензин), Русија и Кина имаат амбиција да ги прегрупираат светските пазари и рамнотежата на моќта, и да добијат предност. 

За да ги преживеат овие тектонски промени, САД, Велика Британија и други земји ќе мораат да ја осигураат иднината на нивните бизниси, и да бараат можности од кои би имале корист во новиот светски економски поредок, а не да го негираат истиот. Доколку владите на западните земји продолжат да ги игнорираат промените, тогаш последиците ќе бидат уште посериозни од која било пандемија.

Извор- Independent.co.uk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -