Државата обезбедува над 6,5 милијарди буџетски средства за економските мерки за справување со кризата

Владата на вчерашната седница донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во држаниот буџет за 2020 година,  се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

Поврзано:

Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за спроведување на економските мерки на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот – КОВИД-19.

Договор за набавка на медицинска опрема со Европска Комисија

Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно да го имплементира заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.

економските мерки

Поддршка за вработените во микро и малите компании

Владата денеска одлучи да ја измени уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година. Со измените се трга условот управители и сопственици на бизнисите кои се таму вработени да не може да ја користат мерката. Целта на оваа измена е заштита на микро и малите компании. Се постави нов услов, бројот на вработени да се задржи 2 месеци по користење на мерката, односно до јули 2020 година.

За оваа мерка компаниите не може да аплицираат за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува”, или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет мерки за справување со кризата.Повеќе информации за владините мерки за справување со последиците предизвикани од коронавирусот прочитајте на следниот линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -