Економските мерки кои светските власти ќе ги преземат да го ублажат ударот на престојниот кризен период

Властите, светските лидери и компаниите освен со здраствените последици од коронавирусот, во голема мера се соочуваат и со економските последици што ќе ги предизвика оваа глобална пандемија. Лидерите низ светот започнаа со одржување состаноци и планирање на економската иднина на државните и приватните компании. Кои мерки ќе ги преземе владата за надминување на економскиот кризен период во нашата држава останува да видиме. За тоа време да се информираме какви мерки започнаа да преземаат останатите земји, пренесува Нова Македонија.

Поврзано:

Големите европски и светски економски сили и некои од државите во регионот почнаа со примена на мерки кои би ја поддржале економијата, која допрва ќе ги почуствува последиците од коронавирусот. Економските претставници на бизнис секторот во нашата држава укажуваат на настанатите штети и апелираат до надлежните институции за поголемо разбирање на нивните барања.

Економски мерки

Анкетите спроведени во копаниите укажуваат на демотивирачка состојба, бидејќи недостига предвидливоста како клучен фактор во бизнисот. „Збунети сме и од немањето заедничка стратегија за справување со пандемијата од страна на ЕУ, како и од состојбата што секоја држава применува посебни мерки, што претставува основа за брз колапс на бизнисот“ – вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

 Македонската економија е погодена од пандемијата на коронавирус

Економијата на нашата држава е мала и отворена, со тоа таа е изложена на големи глобални влијанија. Пандемијата доведе до намалено производство и со тоа намалена понуда од страна на една од највлијателните држави кога станува збор за одржување на ланецот на понудата, а тоа е Кина. Но таа не единствена. Голем број од фабриките ширум светот кои се клучни за снабдување со суровини, материјали и производи го намалија обемот на работа. Поради ова постои ризик од недостиг на материјали и навремено производство. Намалената понуда и воздржаноста на инвестиции од страна на компаниите и граѓаните ќе доведат и до намалена побарувачка. „Македонските компании се погодени од двата аспекта“ – вели Благица Петрески, главна економистка во институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Економски мерки

Претседателот на Организацијата на работодавци на Македонија, Ангел Димитров, појаснува дека штетите се разликуваат од дејност во дејност, но притоа нагласува дека не станува збор само за штетите произлезени од мерките за заштита на јавното здравје што ги воведе Владата туку и за целокупното негативно влијание на новонастанатата состојба со пандемијата.

Неопходно е да се преземат мерки за ублажување на проблемите со ликвидноста како што се одложување на даночни обврски, одложување или субвенционирање придонеси без казни и казнени камати, евтини краткорочни заеми со многу поволни каматни стапки, намалување на каматите од деловните банки и други мерки за одржување на ликвидноста и редовна исплата на платите.

Државите во Европа започнаа со користење на мерки со кои ги подржуваат стопанските субјекти

Народната банка на Србија ја намалила референтната каматна стапка, со што ќе се овозможат поевтини кредити за компаниите, но се разгледува и предлогот за олеснување на условите за отплата на ратите на компаниите поради состојбата со коронавирусот.

Франција ќе овозможи десетина милијарди евра помош за надминување на економските проблеми предизвикани од епидемијата.

Данската влада на приватните компании што се погодени од мерките за сузбивање на вирусот дека ќе им плати 75 проценти од платата за вработените под услов да не отпуштаат работници. Во согласност со тримесечниот план за помош, кој ќе трае до 9 јуни, државата ќе плаќа 75 проценти од платата на работниците, а преостанатите 25 отсто треба да ги покријат компаниите.

Економски мерки
MARK LENNIHAN/THE ASSOCIATED PRES

Во Германија, Петер Алтмаер, министерот за економија, изјави дека се размислува и за привремено национализирање определени компании. Тој нагласи дека не очекува голема национализација, но и дека „нема да се дозволи банкрот на економски стабилни компании“.

Владата на Шведска, по интензивните преговори кои беа одржани во текот на викендот со стопанствениците, подготви пакет за помош на стопанството во вредност од 30 милијарди евра.

Мерките на македонската Народна Банка

Народната Банка ја намали каматната стапка за 0,25 процентни поени, со што нивото на истата дојде до 1,75 отсто. Ова е второ намалување од овој вид предизвикано од коронавирусот. Овој чекор се очекува да овозможи одржување на кредитниот циклус и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор.

Економски мерки

Неизвесноста за времетраењето и целосниот ефект на вирусот дополнително ја отежнуваат ситуацијата бидејќи не може да се предвиди влијанието што вирусот ќе го има врз економијата. Но, со сигурност може да се каже дека вирусот ќе влијае со големо забавување или намалување на глобалната економска активност.

Голем број држави одложија дел од даночните обврски

Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ издвои дел од фискалните мерки воведени во различни земји за справување со економските последици предизвикани од состојбата со коронавирусот.

Во Данска има одложено плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) во рок од 30 дена, во Грција овој рок е четири месеци, во Шпанија е шест месеци за малите и средни компании, додека пак во Италија, како најпогодена од вирусот, е без одредено време.

Економски мерки

Дополнително во Франција и во Грција има одложено плаќање на социјалните придонеси, а во Велика Британија е изработен план за одложено плаќање даноци по индивидуален договор со малите и средните компании. Велика Британија нема да им наплаќа данок на компании и данок на имот за компаниите во секторите за малопродажба, рекреација и сместување во 2020-2021 година, вклучувајќи и хотели, ресторани и кафулиња.

Германија, Велика Британија и Франција исто така ги субвенционираат работниците со намалено работно време.

Додека пак во Кина е намалено ДДВ-то за маски, заштитна облека, медицински кетеринг и услуги за сместување. Во Тајланд, маските за лице се ослободени од ДДВ.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -