Едноставните правила за парите

Парите се важни. Ако сакате вашите соништа и желби да се остварат, морате да научите како да бидете успешни со парите. Треба да научите како да ги стекнете, да ги одржувате и да ја зголемувате нивната количина, пишува порталот Medium.com.

Добрата работа е што клучните концепти за парите не се комплицирани. Всушност, истите правила важат стотици години. Ако можете да ги разберете, совладате и усовршите основните правила, тогаш можете да создадете богатство за какво не сте ни сонувале.

Една од најдобрите книги за парите е „Најбогатиот човек во Вавилон“ од Џорџ С. Класон. Книгата раскажува за Аркад, најбогатиот човек во градот. По молба на кралот, Аркад ги споделува неговите „лекови“, за да го научи народот на Вавилон како тие самите и целиот град може да стекнат големо богатство. Овие „лекови“ или едноставни правила се се` уште применливи денес.

Штедете

Едноставен почеток. Првото правило за парите на Аркад било тие да се штедат, или уште поточно, да се исплатите прво самите себе.

Повеќето луѓе не го прават ова. Кога купувате нов ајфон, вашите пари им ги давате на Apple, кога нарачувате кафе, вашите пари одат кај Starbucks (или во вашето омилено кафуле). Тоа значи дека ги давате парите, не ги задржувате за себе.

Патот до моментот себеси да се исплатите прво се состои во изнаоѓање начин како да ги сочувате, т.е. да заштедите што повеќе од вашите пари за вас самите. Целиот процес на создавање богатство потекнува од оваа способност. Сакате да користите што повеќе од вашиот приход за да додадете на вашата нето вредност.

Аркад препорачува да тргнете настрана една десетина од она што вообичаено го заработувате, а повеќе ако можете да си го дозволите тоа. Ако тоа значи дека треба да ги намалите трошоците на вашите уживања, тогаш тоа треба да го сторите. Само бидете сигурни дека секогаш тргате настрана одредена сума пари. Таа една десетина може да не ви изгледа како голема сума, но со текот на времето ќе се зголеми, особено ако ги применувате и останатите правила.

Контролирајте ги трошоците: не трошете повеќе од потребното

Природен нагон е да сакате да трошите повеќе како што ви се зголемуваат приходите. Но мора да му одолеете на овој нагон ако сакате да го зголемите вашето богатство.

Ако вашето богатство се зголемува за 10000 долари, но тогаш одлучите да одите на уште еден одмор на егзотично место, да купите нов мебел и телевизор, тогаш сте го „изгореле“ вашето зголемување на приходите. За несреќа, ова е често – има банкари, адвокати и хирурзи кои живеат во Њујорк а имаат негативна нето вредност само поради тоа што не можеле да одолеат на нагонот постојано да го унапредуваат сопствениот животен стил.

Доколку трошите помалку од што заработувате, и одбегнувате екстравагантност во животниот стил, тогаш вашето богатство ќе порасне за брзо време. Секогаш бидете сигурни дека вашите вкупни трошоци се пониски од вашиот приход и тоа за една удобна маргина. Кога ќе ви се зголемат приходите, само тогаш зголемете го трошењето за мала сума, останатото заштедете го или инвестирајте го. Секој екстра долар што ќе го добиете ќе го зголеми вашето богатство. Секој пат кога го зголемувате приходот, брзината со која вашето богатство ќе расте исто така ќе се зголеми. Тоа е вистинскиот клуч за растење на парите.

Нека се множат парите: инвестирајте ги вашите заштеди

Ако имате редовни приходи, тогаш растењето на богатството може да биде тешко. Имате малку часови во текот на денот кога можете да работите на нешто дополнително за да заработите екстра. Дури и да можете да одвоите повеќе часови, колкава и да е вашата заштеда во банка, може да доведе до губење пари со текот на времето поради инфлација, отприлика околу 3% годишно во просек.

Но можете да го зголемите богатството ако ги „вработите“ вашите пари да направат уште повеќе пари. Инвестирајте.

Би требало да инвестирате што повеќе средства од вашата заштеда можете. Акции, обврзници, недвижен имот, скапоцени метали – сите овие се примери за инвестиции стари илјадници години (иако нивната конкретна форма се променила). Купувате имот, и потоа вредноста на тој имот расте додека вие мирно спиете без дополнително вложено време и напор од ваша страна. Ако чувате пари во банка, обидете се да најдете начини да ги употребите за да купите имот со подобар потенцијал за раст.

Згора на се`, би требало да ја користите предноста на сложената камата. Кога вашиот имот ви исплаќа дивиденди, искористете ги тие пари за да купите уште повеќе имот. Вашите пари ви создаваат пари и тие нови пари создаваат уште повеќе пари, како преубава снежна топка составена од богатство.

Избегнувајте ризични инвестиции

Постојат многу различни опции за инвестирање на вашите пари. Но најважното нешто е да одбегнувате губење на вашиот клучен принцип.

Ворен Бафет еднаш ги споделил неговите правила за пари – никогаш не губете пари, и никогаш не го заборавајте првото правило.

Кога ќе го изгубите личниот принцип значи дека сиот тој напорен труд што сте го вложиле во заработката на тие пари отишол по ѓаволите. Тоа е страшно! Секогаш треба да одбирате инвестиции за кои претходно сте истражиле доволно и чија вредност сте сигурни дека ќе расте. Дури и потенцијалниот раст да е побавен, барем бидете сигурни дека нема да изгубите пари.

Се разбира, сите инвестиции доаѓаат со некаква форма на ризик поврзан со нив. Што поголема е потенцијалната награда, толку е поголем ризикот од губиток. Клучот е да постигнете рамнотежа: преземете некои ризици што ќе ви донесат големи награди, но не го правете тоа со сите ваши заштедени пари. Поголемиот дел од вашите инвестиции треба да бидат во цврст имот, и потоа можете да преземете неколку ризици за да добиете повисоки награди.

Најважно, секогаш секогаш секогаш истражувајте пред да купите каков било имот. Осигурајте се дека ризикот ја оправдува потенцијалната награда и дека тие награди се засноваат на реалноста. Ако нешто ви звучи како премногу добро да е вистинито, тогаш најверојатно е така.

Вашиот дом е вредна инвестиција

Од сите трошоци и расходи во животот, домот е најчесто најголем. Би било огромна предност доколку можете некако да го искористите максималниот потенцијал на вашите пари преку инвестирање во вашиот дом, во ваша корист, на начин домот да ви носи повеќе пари како и секој друг имот.

Најчестиот начин да го искористите максималниот потенцијал на вашиот дом да прави пари е да купите куќа. Вредноста на куќите во последните 100 години расте речиси со истата стапка како и берзата. Дополнително, можете да ја зголемите вредноста преку реновирање. Најдобриот дел е дека обично имате право вашиот прв дом да користи бројни даночни предности.

Купувањето куќа не е конечна стратегија. Изнајмувањето дом исто така може да биде добра опција, особено на краток рок. Парите што ќе ги зачувате ако изнајмувате и не исплаќате хипотекарен кредит можат да бидат инвестирани на други места, како што се акции, обврзници, крипто-валути и друго, со цел да го направите вашиот имот што поразновиден. Цените на куќите во поголемите градови всушност се толку високи што изнајмувањето и вложувањето вишок пари всушност ве прави побогат гледано долгорочно.

Осигурајте си приход во иднината: планирајте ја пензијата

Никој не работи засекогаш. Еден ден ќе остарете, можеби се` уште ќе бидете способни за работа но не на истото ниво како кога сте биле помлади. Важно е да планирате такви работи.

Кога вашите пари се инвестирани во разни видови имот, тогаш би требало да задржите што повеќе од инвестираните пари што подолго можете. Ако почнете луксузно да трошите од тие пари пред вашето пензионирање, тогаш можете да се најдете во ситуација да ги немате парите што всушност ви требаат во подоцнежните години, а за кои најверојатно не ќе бидете во можност да ги заработите тогаш.

Времето ќе работи во ваша корист ако имотот ви расте, особено ако применувате сложени камати. Штедните книшки за пензија исто така се одлична можност да го зголемите богатството. Ако има каков било начин да ги зголемите вашите методи да добивате пари и да ги намалите даноците додека не работите, сторете го тоа. Искористете ја секоја можна предност кога станува збор за зголемување на богатството на долг рок. Дури и тој мал 1% добивка ќе се зголеми со текот на децениите.

Подобрете ја способноста да заработувате: целете кон мудрост и повеќе вештини

На крајот на денот, платени сте сума пари за која имате вештини да ја заработите. Ако сакате да ги зголемите приходите и да заработите повеќе пари, тогаш треба да станете помудри и повешти за вашите придонеси да вредат повеќе.

Можете да платите онлајн часови или ноќни курсеви за да го подобрите вашето си-ви. Можете да научите нови технички вештини самите. Можете да читате книги за да научите посуптилни но моќни меки вештини. Можете да посетувате настани за вмрежување. Обидете се со се` што ќе ја зголеми вашата вредност во општеството во кое луѓето се подготвени да платат повеќе.

Овој вид на учење треба да ви е цел. Ако прочитате книга за вселенски бродови, но работите на продажба, тогаш таа нема баш да ви помогне да заработите повеќе пари, освен ако не сте продавач во бизнисот на вселенски бродови. Разгледајте ги потенцијалните инвестиции што можете да ги вратите за секоја вештина што сакате да ја подобрите. На тој начин, секогаш ќе можете да се поставите на таков начин што ќе го зголеми вашиот приход.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -