Единствената ретка навика што сигурно ќе ве однесе на патот на вистинското лидерство

Гласот се брои, статистиките за пандемијата, двоумењето за одењето на одмор. Консензусот заснован на факти општо познат како вистина се претвори во мизерно редок комодитет во овој поделен свет на повеќекратни мислења и спротивставени „вистини“, пишува Марсел Швантес, говорник, обучувач, основач и генерален директор за човечки ресурси во LEADERSHIP FROM THE CORE.

Овие денови, искреноста е во критично ниска резерва. Дури и победникот на дербито во Кентаки годинава падна на испитот за користење дроги по трката. Во светот на бизнисот, денешната флуидност на „вистината“ стана дозвола да се глуми додека не се успее – став што го делат многумина кои заземаат лидерски улоги. Но, други го гледаат недостатокот на искреност како одлична деловна можност. Кога побарувачката за вредни добра ја надминува снабденоста, тие кои имаат да ја понудат се наоѓаат во завидна позиција.

Во книгата „Остварете го тоа, не глумите го: Лидерство со автентичност за вистински деловен успех“, советничката на менаџери, претприемачка и комуникациски експерт, Сабрина Хорн им овозможува на лидерите да се стекнат со алатки за да можат да оддолеат на едноставните финти и да ја стекнат храброста да раководат со автентичност и интегритет.

Не станува збор само за морал

Секој може да се најде во искушение да претерува со или да ја минимизира вистината, а на крај го саботира сопствениот успех и ја уништува репутацијата. Така што, наместо да се откопувате од дупка со контрола на сторената штета, Хорн го поставува прашањето: „Зошто да не го управувате бродот без лажно претставување со тоа што ќе го одберете патот на вистинско лидерство, автентична основа и долготраен успех?“

Хорн ги споделува трите главни причини зошто искреноста навистина е најдобрата политика и зошто би требало сопствениот бизнис да го изградите на таа основа.

Искреноста е одличен бренд, со висока побарувачка и недоволна снабденост

Кога вистината и кажувањето на вистината се реткост, потрошувачите и клиентите ќе ја искористат секоја шанса да работат со компанија чиј бренд е искреноста. Тие што глумат можеби се експедитивни на краток рок, но создавањето долгорочен успех врз неискрени деловни практики е скоро невозможно. Така што, зошто би си го правеле ова на себеси, на вашите вработени и клиенти? Хорн вели дека „искреноста не е некаков додаден украс или додадена вредност. Таа е суштината и сржта на секој голем бренд. Таа во голема мера ја прави разликата помеѓу одличен бренд и останатите. И таа создава побарувачка. Вистинска побарувачка“.

Искреноста е реалност

Глумете додека да успеете е „меме“ што се шири преку социјалните медиуми и популарната култура и сега на бизарен начин се слеа во прифатлив деловен совет. Проблемот со мемињата е дека тие не бараат некаква врска со реалноста. Тие се пропагираат од лице на лице без да ја допрат земјата. „Мораме достоинствено да се вратиме назад кон плодната земја на реалноста, каде успехот е повеќе од функција на одбегнување на последиците. Искреноста е реалност,“ пишува Хорн. „Кога глумите искреност играте игра на губитник. Можеби е потребна минута, ден, или година, но на крајот секогаш победува реалноста, и кога се случува тоа, ја уништува репутацијата на тие кои ги уништуваат нивните компании поради верижната реакција на едно меме,“ додава Хорн.

Вистинската вредност во бизнисот е размена на фер вредност за фер вредност. Лидерите кои имаат допир со реалноста се трудат да најдат што можат да дадат. Лидерите кои се фокусираат на мемиња бараат само нешто што можат да го земат. Тоа ги прави измамници. За кого сакате да работите? Со кого сакате да соработувате?

Искреноста е полесна

Како што милува да каже драматургот, сценаристот и режисер Дејвид Мемет: „Секогаш кажувајте ја вистината. Таа најлесно се помни.“  Тежината на моралот, етиката, пристојноста и вредноста на брендот е на страната на искреноста. Ако ова ви се чини како премногу доблесно, разберете дека искреноста е секогаш полесна од ткаењето на замрсената мрежа на прикаските и измамата.

„Кажувањето на вистината може да биде болно. Може да биде тешко, тажно или страшно. Но измислувањето а потоа и пропагирањето, и потоа бранењето на невистината е мелница што го оптеретува умот, ја изморува душата и ви прави дупка во стомакот. Може и не мора да ве убие, набрзина или бавно, но сигурно ќе го убие вашиот бизнис,“ смета Хорн.

Книгата е одличен водич што може да им помогне на лидерите во деловниот свет да одбегнуваат да глумат, и наместо тоа, да постигнат успех со интегритет – со водење бизнис што цврсто стои на земјата на реалноста. „Размена на секоја друга основа е лага, и кражба. А кражбата никогаш не е одржлив бизнис модел, дури и во свет на прекумерно многу крадци,“ пишува Хорн.

Извор: inc.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -