Европска банка за обнова и развој објавува повик за иновативни стартап компании чии решенија се наменети за справување со Ковид-19

Европската банка за обнова и развој, надоврзувајќи се на нејзиното претходно искуство и практично знаење за стартап екосистемот, го објавува првиот онлајн натпревар за стартап фирми со висок потенцијал за раст што развиваат иновативни бизнис модели како одговор на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Иновативни претпријатија во рана фаза кои имаат технологија и потенцијал да скалираат се повикуваат да аплицираат на повикот најдоцна до 22 ноември 2020 год.

ЕБРД веќе финансираше и играше советодавна улога во развојот на стартап компании со висок потенцијал за раст во земјите во кои е застапена. Поддршката на ЕБРД вклучува и програми за различни модели за финансирање како што се: Star Venture Programme, Early-Stage Innovation Facility, and Venture Capital Investment Programme.

Кога:

Натпреварот ќе се одржи на 17 декември 2020 год. Апликантите што ќе го поминат скрининг тестот и се подобни да ги претстават (пичираат) нивните иновативни бизнис модели на натпреварот ќе бидат индивидуално известени до 7 декември.

Што се нуди:

Вкупно 500 0000 американски долари, ќе им бидат доделени на пет одбрани стартап компании, во мешовита форма (кеш и ваучери), за да ги покријат трошоците во рамките на програмата Star Venture, која вклучува бизнис дијагностика, индивидуални технички советодавни услуги, менторирање, пристап до меѓународни инвеститори итн.

Како да аплицирате:

Електронската апликација за онлајн натпреварот можете да ја најдете тука, и истата треба да ја пополните најдоцна до 22 ноември 2020 година. Одговорните ќе ве информираат за нивната одлука најдоцна до 7 декември.

Подобни апликанти:

  • Вашиот бизнис е основан во една од 30те земји на оваа листа;
  • Вашиот годишен промет е помал од 1 милион евра;
  • Вашата компанија работи барем 5 години;
  • Вашата компанија има потенцијал да скалира;
  • Морате да бидете регистрирани во вашата земја и мнозинската сопственост на компанијата да биде ваша;
  • Вашата компанија не работи во област во која се развиваат воени производи или сервиси, игри на среќа, индустријата со тутун или жесток алкохол;
  • Областа во која иновирате спаѓа во една од овие категории: иновации во здравствената нега што помагаат да се третира, тестира и следи ширењето на коронавирусот; иновации во поглед на животниот стил што помагаат да се подобри животната средина и/или квалитетот на животот за време на и по пандемијата; иновации во деловните процеси во разни области (процедури, решенија, производи итн), што претставуваат значителен придонес во подобрувањето на деловните операции за време на пандемијата.

Повеќе информации за повикот можете да најдете на овој линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -