Европската централна банка ја подигна прогнозата за економскиот раст и за инфлацијата

Европската централна банка (ЕЦБ) ја покачи проекцијата за инфлацијата во 2021 год, што следи по скокот на цените на почетокот на годината и благо ја подигна прогнозата за економскиот раст, иако мерките за ограничувањата чија цел е сузбивање на пандемијата на Ковид-19 се продолжени, пренесува Ал Џезеира.

Според новото основно сценарио, ЕЦБ очекува дека бруто домашниот производ (БДП) во Еврозоната оваа година ќе порасне за 4,0 %, наместо за 3,9% како што беше предвидено во декември, известува Танјуг цитирајќи го Ројтерс.

Исто така, се очекува дека во просек инфлацијата ќе изнесува 1,5%, што е над првично проектираната стапка од 1,0%, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристијан Лагард по завршетокот на седницата на оваа банка.

Инфлацијата е поголема од очекуваното

Сепак, долгорочните проекции се незначително променети, што пак укажува на тоа дека овогодинешните отстапки главно се предизвикани од еднократни фактори што не ја менуваат пошироката слика.

Лагард вели дека ризиците по економските изгледи се поизбалансирани, но дека краткорочните ризици и понатаму влечат на негативната страна поради пандемијата и мерките за нејзино ставање под контрола.

Таа додаде дека, под влијание на привремените фактори и растот на цената на енергенсите, инфлацијата ќе биде поголема оваа и следната година отколку што претходно се очекуваше.  

Централната банка на Еврозоната благо ја намали прогнозата за економскиот раст за следната година на 4,1%, од претходно проектираните 4,2%, додека за 2023 год, се задржа на истото ниво од 2,1%.

Од друга страна, ја покачи проекцијата за инфлацијата од 1,1% на 1,2% за 2022 год, а за 2023 год се очекува раст на потрошувачките цени од 1,4%, колку што се предвидуваше и претходно.

БДП повторно ќе расте

Претседателката на ЕЦБ наведе дека закрепнувањето на светската побарувачка и дополнителните фискални мерки ги поддржуваат активностите во Еврозоната и во светот, но дека упорните високи стапки на инфекции со коронавирус, ширењето на мутираните соеви на вирусот и со тоа поврзаното продолжување и поострите мерки за ограничено движење имаат негативно краткорочно влијание на економијата во блокот.

„Економските податоци што пристигнуваат укажуваат на продолжување на економските слабости во првиот квартал во 2021 год, што следи поради упорноста на пандемијата и последователните мерки за нејзино сузбивање. Како резултат на тоа, реалниот БДП најверојатно повторно ќе падне во првиот квартал оваа година,“ изјави Лагард.

Сепак, таа додаде дека се очекува стабилно економско закрепнување во текот на годината, поддржано со кампањите за вакцинација и постепеното ублажување на карантинските мерки.

Лагард истакна дека ценовниот притисок на растот на базната инфлација останал „млак“ во контекст на слабата побарувачка и особениот застој на пазарите на труд и стоки.

Следење на девизниот курс

„Во такви услови, зачувувањето на поволните услови за финансирање на сите економски сектори во текот на пандемијата и по неа останува да биде од суштинско значење за поддршката на економските активности и заштитата на среднорочната стабилност на цените,“ нагласи Лагард.

Според нејзините зборови, ЕЦБ ќе продолжи да ги следи движењата на кредитниот курс со оглед на неговите моќни импликации на среднорочната инфлација.

Лагард порача дека ЕЦБ е подготвена по потреба да ги прилагоди своите инструменти за да се поддржат економските активности и да биде сигурна дека инфлацијата постојано се движи кон целната стапка на банката на незначително под 2,0%.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -