Европската инвестициска банка одвојува нови 65 милиони евра кредит за Западен Балкан

Европската инвестициска банка и Групацијата ПроКредит договорија нова кредитна линија од 65 милиони евра што ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија од Западен Балкан, за нивно брзо закрепнување од кризата предизвикана од Ковид-19, јавува Ал Џезеира.

Ова трансакција ќе го осигура многу потребното финансирање на компаниите во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, и ќе ги задоволи нивните потреби за обрт на капитал, ликвидност и инвестиции додека се соочуваат со актуелната пандемија.

Според соопштението објавено од банката, кредитите ќе помогнат да се ублажи економскиот шок предизвикан од пандемијата на Ковид-19, ќе ги поддржи компаниите да ги задржат работните места и ќе ги одржи малите фирми во целиот регион.

Кредитната линија е дел од пакетот финансискa поддршкa на Европската комисија за Западен Балкан во износ од 3,3 милијарди евра, од кои 1,7 милијарди евра од Европската инвестициска банка ќе бидат наменети за поддршка на одржливото општествено и економско закрепнување на регионот.

Ублажување на економската рецесија и поттикнување раст

Кредитите од Европската инвестициска банка за приватниот сектор следат по настојувањата на Team Europea за обезбедување поддршка за Западен Балкан.

До денес, ЕИБ има инвестирано 4,1 милијарди евра во секторот на мали и средни претпријатија на Западен Балкан, и овозможено да се задржат половина милион работни места.

Лилјана Павлова, потпретседателка на ЕИБ, одговорна за Западен Балкан, вели дека се очекува пандемијата особено силно да ги погоди малите и средните претпријатија кои сочинуваат околу 73% од вкупниот број работни места во регионот.

„Оваа активност доаѓа во право време за да му се помогне на регионот во ублажување на економската рецесија, ја гарантира вработеноста и поттикнува раст. Како што и порано беше случај, ЕИБ уште еднаш изразува силна поддршка за напредокот и развојот на приватниот сектор во наоска на приближување кон стандардите на Европската Унија и создавање силен заеднички, регионален пазар со поголема конкурентност и можности за вработување,“ истакна Павлова.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -