Европската инвестициска банка обезбедува преку 50 милиони евра за мали и средни компании

Владата на Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и донесе неколку заклучоци, пишува Бизнис Инфо.

Поврзано:

Нема нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.

За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да не се прави прием на нови вработувања.

Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, работникот треба да дојде од институции каде има доволен и поголем број вработувања со такви профили, а доколку нема таков кадар во државните институции, тогаш Владата ќе одлучува дали ќе се ангажираат нови лица.

економски мерки

Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои Министерство за финансии веќе дало согласност. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

Државните институции драстично ги намалуваат трошоците

Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами во јавниот сектор да се сведат на минимум.

Колективниот договор за култура, во кој се регулирани сите права, да се одложи до крајот на 2020 година.

На вработените во јавниот сектор да не им се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

Во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.

Владата ги задолжува јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

економски мерки

Владата ќе ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и други тела во јавниот сектор за донесените мерки и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од расходите што не придонесуваат во справувањето со коронавирусот.

Владата ќе ја покрие каматата кон Европската инвестициона банка

Меѓудругото, Владата одлучи да ја субвенционира каматата кон Европската инвестициска банка којашто ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187 евра. Овој заем е одобрен со Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Владата исто така ќе ја покрие и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

економски мерки

Над 50 милиони евра за мали и средни фирми преку Европската инвестициска банка

Основна цел на оваа кредитна линија е обезбедување свеж капитал за поддршка и за надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот КОВИД-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија.

Оваа мерка е дополнување на мерките за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обезбедување на ликвидност на претпријатијата, зачувување на работните места како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -