Еве како Португалија планира безбедно да ги отвори хотелите и рестораните

Одборот за туризам на Португалија креираше печат со текст „Чисто и безбедно“ за хотелите, рестораните и бизнисите поврзани со туризам, за да покаже дека се придржуваат до зголемените мерки за безбедност и хигиена, чија цел е спречување на ширењето на Ковид-19 и „други инфекции“, дознава Lonely Planet.

Поврзано:

Националната агенција за туризам ја промовираше оваа програма кон крајот на април, во обид да ја врати довербата на јавноста во туристичкиот сектор и идните патувања, како што Португалија полека почнува да ги олабавува рестриктивните мерки во поглед на карантинот. Во согласност со програмата „Чисто и безбедно“, министерството за здравство креира онлајн тренинзи и стандарди за бизнисите, вклучувајќи и засилени протоколи, мерење температура и обезбедување доволен број лична заштитна опрема. Насоките и правилата се разликуваат во зависност од видот на бизнисот, но целта на сите овие дополнителни чекори што треба да се преземат е да се гарантира безбедноста на клиентите и вработените.

Над 3000 фирми се пријавиле за печатот „Чисто и безбедно“

Новиот печат за одобрување е бесплатен, факултативен и важи една година. Откако одредениот бизнис еднаш ќе се стекне со ваков печат за одобрување, може да го објави како дигитален печат на неговите интернет платформи или како физичка налепница во просториите. Бизнисите што ќе се одлучат да го постават овој беџ на видно место се сложуваат да подлегнат на случајни проверки во следните месеци по нивното одобрување за да властите се осигураат дека стандардите се одржуваат правилно.

Oваа програма ќе ја промовира Португалија како безбедна дестинација со воспоставени мерки.

Портпарол од туристичкиот одбор потврди дека од 11 мај годинава, вкупно 3.430 бизниси се запишале во листата за да го добијат печатот за одобрување, меѓу кои туристички агенции, туристички аниматори и патувачки агенти.

„Со оваа мерка, националната туристичка агенција има намера да ги информира компаниите за минимумот стандарди во врска со хигиената и мерките за чистење за да се осигура дека различни видови компании се безбедни,“ кажа во изјава ова национално тело. „Дополнително, оваа програма ќе ја промовира Португалија како безбедна дестинација со воспоставени мерки, за да се спречи ширењето на вирусот преку координиран акционен план од секторот, што набрзо ќе се прошири и на други активни области.“

Заштитни мерки и протоколи ќе мора да се почитуваат на аеродромите

Португалското воздухопловно тело работи паралелно со одборот за туризам за да „гарантира безбеден ланец на патувања“ за патниците, преку приспособување на засилените заштитни и хигиенски мерки, пропишани од страна на Националниот здравствен одбор. Овие мерки вклучуваат мерење температура на аеродромите во Лисабон, Фару, Мадеира и Понта Делгада; бесконтактно чекирање, опрема за дезинфекција со сензори за да се избегне допир со раце; препораки за носење маски за лице и заштитна опрема за персоналот и патниците, и меѓу другото, подобрени системи за обнова на воздухот во терминалите.

Кафе баровите, рестораните и пабовите се очекува да отворат на 18 мај, следејќи нови правила за социјално дистанцирање.

Вонредната состојба во Португалија беше укината на 2 мај, 6 недели по затворањето на економијата и на жителите во своите домови. Некои продавници и бизниси веќе почнаа со работа како што земјата постепено ги олеснува ограничувачките мерки, во постепени фази. Кафе баровите, рестораните и пабовите се очекува да отворат на 18 мај, следејќи нови правила за социјално дистанцирање, а некои хотели во региони како Алгарве, размислуваат да отворат во јуни и јули. Сепак, меѓународните летови со патници кои сакаат да летуваат во оваа земја сè уште не се пуштени, но индустријата се надева дека домашниот туризам може да надомести за падот на туристи од другите земји.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -