Донаторска акција за обезбедување кислородни концентратори за болницата во Куманово

Компанијата Медикус Хелп и Центар за развој на претприемачи и менаџери – ЦЕЕД Македонија организираат донаторска акција за набавка на кислородни концентратори за Општата болница во Куманово.

Поради состојбата со зголемениот број на пациенти кои боледуваат од Ковид-19 во Куманово, болницата има потреба од уште три кислородни концентратори.

Вкупниот износ за трите потребни кислородни концентратори изнесува 120.000 денари. Во случај да се соберат повеќе од потребните парични средства, Медикус Хелп како дел од оваа иницијатива, ќе помогне во организацијата на донирање концентратори во други болници во земјата кои имаат потреба од ваков вид апарати.

Средствата може да се донираат преку жиро сметката на Медикус Хелп ДООЕЛ Скопје, бр. 300000001602573 (депонент Комерцијална банка ад Скопје), со назнака Донација на концентратори за ЈЗУ ОБ Куманово, шифра 562 (уплати за донации).

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -