Домашниот товар на жените туку што стана потежок со пандемијата на коронавирусот

Балансирањето на професионалните и семејните обврски секогаш претставува предизвик, но сега откако училиштата во некое земји се затворени поради појавата на коронавирусот, мајките знаат дека на вага треба да стават повеќе работи и да ги одмерат правилно.

Поврзано:

Гардијан ја пренесува новонастаната ситуација во САД која опфаќа многу слободно време, големи шанси за инфекција, затворање на голем број мали бизниси и одговарање на потребите на членовите на семејството. Овој медиум разговарал со Дасти Араб, американка од Портланд, Орегон и мајка на две деца, но секој може да се препознае во нејзиното искуство.

Семејства се прилагодуваат на новиот начин на функционирање

Араб неодамна ја напуштила канцелариската работа во фирма и со задоволство ја прифатила идејата да менаџира мала маркетинг агенција од удобството на нејзиниот дом, кога заразната болест изби. „Ова уништи сѐ што правев до тогаш,“ кажува таа. „Сѐ е катастрофа тука“.

Откако изби коронавирусот таа мораше да го откаже долгопланираното патување во Европа и мораше да најде начин како да им угоди на нејзините деца за време на она што таа верува дека ќе биде мноооогу долг пролетен распуст, во Портланд каде сите училишта сѐ уште не се затворени. „Моите деца одат во две различни училишта што се наоѓаат во различни области, така што се справувам со многу работи, обидувајќи се да се осигурам дека моето семејство и моето пошироко семејство се подготвени за ова,“ сподели таа.

Нејзиниот сопруг, кој работи во типична фирма со канцеларија во центарот на Портланд исто така ќе работи од дома барем во следните две недели, така има наложено неговата компанија. Но тоа не ги решава проблемите. „Тој е одличен кога станува збор за превезување на децата од едно место до друго, “ продолжува таа, „но ова во голема мера ќе падне на моите рамења“.

Жените се грижат за децата и семејството 7 пати повеќе од мажите

Араб е една од милионите жени кои ќе се најдат во ситуација подобро да се организираат и фокусираат на нивните улоги дома како што се шири заразата со коронавирусот во САД. Огромен број истражувања покажуваат дека иако жените прават огромни чекори напред на работното место, во хетеросексуалните бракови жените сѐ уште ги носат обврските со домот на нивните плеќи. (Анкета спореведена од страна на „Галуп“ во јануари покажа дека, во хетеросексуални бракови или парови кои живеат заедно, жените седум пати повеќе се подготвени да се грижат за нивните деца на дневна основа отколку мажите). Уште повеќе, на чело на 80% од семејствата со еден родител се мајки, покажуваат податоците за 2019 год на американското биро за попис.

Ова значи дека кога децата си доаѓаат дома од училиште, болни, чукнати, повредени или здрави, такви какви што се, прашањето за тоа кој се грижи за нив и родово обоено.

„Вообичаено жените се главниот доктор, главниот забавувач, главниот едукатор дома,“ сподели Кристи Валас, извршен директор на „Елевејт Нетворк“, групација која ги поддржува жените на работните места. „Во време на криза, време кога немаме поставени јасни правила но имаме многу паника и анскиозност – тежината на овие улоги може да биде прилично прекумерна.“

Според Рашел Скар, самохрана мајка и активист за родови права, има 2 различни товари накалемени на женските рамења од коронавирусот.

Мултитаскинг – отсекогаш било женска работа

„Тука е менталниот товар на COVID-19 – дали сме подготвени, што ни треба, страв од тоа што може да се случи – а потоа тука е менталниот товар на самохраниот родител во домаќинство каде еден носи приходи откако се случија страшните падови на пазарите и откатко многу бизниси престанаа со работа,“ истакна Склар, која е основач на TheLi.st, интернет заедница на професионални жени.

Таа објаснува дека таткото на нејзината ќерка живее во Канада и додава: „Ова значи дека јас сум таа која ги прави подготовките, чита за подготовките, прави претпоставки во врска со непредвидени ситуации, која проценува дали треба да се оди на гимнастика и пливање, се консулитра со бизнис партнерот како најдобро да ги поддржиме нашите членови (бидејќи водам онлајн мрежа на професионални жени), се консултира со клиенти (исто така сум консултант за старт-ап компании во рана фаза), и објавувам написи (исто така сум и писател!)“.

Во САД, целосно затворање е најавено за 23 држави, како и во големи урбани области како Лос Ангелес, Сан Франциско и Вашингтон.  Експертите најавуваат и масовно затворање на дневни центри, иако веќе некои не работат неколку дена.

Ваквите промени носат лоши вести особено за мајките кои веќе работат 2,6 пати од нивните хетеросексуални партнери, на неплатено пружање грижа и домашни работи, истакнува неодамна објавен извештај на Обединетите Нации. Во пресрет на пандемијата, динамиката на овие односи само ќе се зголеми, имајќи ги в предвид и старите лица чија нега исто така првенствено е обврска на жените, кои во оваа ситуација имаат потреба од поголема грижа од вообичаената, и секако бројот на заболените кој се зголемува од дена на ден.

Мерките за поддршка на самохраните мајки сега се најпотребни

Џули Колер, самохрана мајка од Вашингтон (градот) која работи во „Демократска алијанса“ и е постојан соработник на Националниот правен центар за жени, ги намалува работните саати за да се грижи за нејзиниот петгодишен син.

Како единствен правен старател, Колер е среќна што има бебистиерка која и` помага половина работно време. (Колер одлучила дека за време на кризата ќе продолжи да и` плаќа на бебиситерката неделна плата без разлика дали таа е во можност да дојде да работи или не).

Но, како познавач на семејните социјални науки, пресвртот со коронавирусот го акцентира, според неа, степенот на неадекватни индивидуалните одговори во ситуација кога сите се соочуваме со глобална пандемија.

„Можеме сите индивидуално да се обидеме да го направиме вистинското нешто но навистина ни треба водство од страна на владата во вакви времиња,“ истакна Колер додека ги поминува решенијата за поддршка на жените старатели што владата може да ги преземе, како што се платено семејно отсуство, платено здравствено отсуство или други социјални програми со фокус на семејството што таа смета дека треба да влезат во сила.

Во саботата, Белата Куќа донесе одлука за спроведување на пакет олеснителни мерки за справување со коронавирусот што би им помогнале на семејство со вработени лица. Преку овие мерки, вработените погодени од кризата со коронавирусот можат да добијат 12 недели платено остуство доколку треба да одат во карантин, да се грижат за член на семејството кој е во карантин, или да се грижат за дете чие училиште е затворено, иако уредбата се однесува само на тие работодавци кои имаат помалку од 500 вработени.

Вчера, претседателот Доналд Трамп ги потпиша овие мерки и ги пропиша во закон, кој исто така опфаќа и бесплатно тестирање за коронавирус.

Секако дека жените можат сѐ сами

Тина Чен, извршната директорка на Time’s Up, кажа во изјава минатата недела дека обезбедувањето платено здравствено отсуство е „клучот за отворањето на длабоко вкоренети родови, расни и економски разлики,“ истакнувајќи дека „поголемиот дел од работниците во здравствениот систем и во јавното здравје се жени кои се на самите борбени линии во спречувањето на ширењето на коронавирусот.“

Антонина Мамзенко, фриленс фотограф работи со флексибилно работно време од дома за да може да го прилагоди нејзиниот распоред на нејзиниот син кој го образува дома. Таа вели дека кризата создала еден тон нова работа особено за неа.

„Дефинитивно открив дека сѐ што е поврзано со коронавирусот падна на мене, од тоа секогаш да ги следам најновите вести и да учам за симптомите, да водам смирувачки разговори со моето деветогодишно дете и да му објаснам што сево ова значи без да го направам премногу анскиозен, да го потсетам да ги измие рацете, да забележам дали некој од нас покажува симптоми, до носење одлуки дали да останеме дома или да одиме на часови и во клубови, и да се справам со мојата работа околу сево ова,“ истакна таа во емаил до Гардијан.

„Фрустрирачки е но дефинитивно сум навикната на тоа. Се чини како да оди совршено во пар со моето очекување дека јас ќе бидам таа која ќе се справува со сё.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -