Дигитални номади – луѓе чиј животен стил е мешавина од работа, приватен живот и одмор

Со работењето на далечина, минатата година Ели Халс одлучи да го замени нејзиниот дом во југоисточен Лондон со еден месец престој на југот на Франција, пишува Сузан Беарн за блогот digiday.

Наместо да престојува во апартман најден преку Airbnb, 41-годишната менаџерката на настани сакала поголеми шанси да запознава нови луѓе. Инспирирана од пријател кој претходно престојувал во сличен аранжман во Лисабон и Њујорк, таа договорила да изнајми простор за личен престој на имот во Монпелје, со можност за заедничко живеење.

Таму Халс наеднаш се нашла меѓу толпа на потенцијални пријатели. „Веднаш штом пристигнав сите беа многу пријателски настроени кон мени, тргнав кон морето со некој од луѓето кои веќе беа таму и станав член на група на WhatsApp за работи поврзани со заедничкото живеење во зградата. Секогаш имаше што да се прави“.

Халс, која изнајмила сопствена приватна спална соба, вели дека дополнителниот трошок за работата од различни простории за состаноци значело дека ги ротирала работните задолженија со работа од ресторан, работа од нејзината соба, од заедничката дневна соба или кујната.

Толку многу и` се допаднало ова искуство што останала шест месеци на тоа место. Сепак, имало одредени негативни страни. „Сите беа толку млади… Мислам дека оваа опција е подобра ако имаш 25 години наместо 40. За мене, ова беше привремен аранжман, не нешто долгорочно,“ споделува таа.

Тешко е да се каже колку точно дигитални номади има во светот, но во САД оваа кохорта нарасна за речиси 50% помеѓу 2019 год и 2020 год, и сега достигнува 10.9 милиони луѓе, посочува извештајот од организацијата која спроведува истражувања на пазарот на трудот – MBO Partners. Работењето на далечина станува животен стил и прифаќањето на онлајн комуникацијата преку алатки како што се Slack и Zoom од лица кои работат на прекуокеански позиции станува се` популарно. Уште повеќе, тој вид комуникација не се ограничува само на дигиталните номади кои постојано се на пат.

Емануел Гисе, основач на компанија која обезбедува сместување и простор за заеднички живот – Outsite, и која располага со 27 локации низ целиот свет, вклучително Шпанија, Коста Рика и Мексико, вели дека оваа година неговата фирма „се возела“ на луда железница.

Локалните рестрикции затворија некои од имотите на компанијата како што беше случај во Португалија и Бали, но американските локации останале отворени. Но, изнајмувањето на просторот во овој период варирало. Местата како Хаваи или Сан Диего биле целосно зафатени во пролетта и летото 2020 год. Во септември Outsite се соочи со „голем пораст во побарувачката за извикани градови и далечни локации на отворено,“ вели Гисе. Но, локациите во Њујорк и Сан Франциско „дури неодамна се вратија во вообичаената зафатеност“.

Компанијата требаше да ги приспособи просториите и правилата на пандемијата. „Некои имоти имаа заеднички соби и моравме да ја отстраниме таа опција. Исто така имплементиравме протоколи за Ковид во случај да се јават инфицирани случаи во куќата“. Тој вели дека на недвижнините не спровеле тестови или задолжителни маски за Ковид-19, но деа повеќето корисници користеле маски на заедничките места. „Во основа им дозволивме на нашите членови да одлучат што е најдобро за нив на секој поединечен имот,“ додава тој.

Гисе вели дека има побарувачка за имотите на неговата компанија од напливот на луѓе кои претходно немале можност да работат од поинакво место.

„Гледаме нови работни места но исто така и повеќе парови и мали семејства,“ објаснува тој. Како резултат на тоа, компанијата планира да ја смени понудата од заедничко живеење во „сместување за работници на далечина и заедници“.

„Многу од тие нови членови сакаат приватни простории и исто така заедништво, но тоа не мора да значи дека сакаат да ги делат просториите во кои живеат,“ вели Гисе. Компанијата сега експериментира со приватни апартмани и бунгалови на локации како што е Коста Рика каде членовите добиваат пристап до заеднички активности и простор каде можат заеднички да работат. Компанијата исто така размислува што може да им понуди на семејствата.

Побарувачката за личен простор е далеку поочигледна со појавата на пандемијата, вели Ент Стил, ко-основач на Yon Living, фирма што издава простор во Франција, Сицилија и Канарските Острови и располага со 10 до 20 соби наменети за позрели луѓе, вообичаено лица на возраст од 25 и 45 години, кои исто така можат да делат и заеднички простории за живеење.

„Станува збор за обезбедување можност дека во секој момент некој може да избере да биде сам или во група без да го жртвува личното искуство,“ вели Стил, и додава дека секоја локација нуди и мал простор за заедничко работење и дека секоја соба има приватен простор за работа. „За среќа, секогаш сме размислувале за ова како што сме целеле кон малку позрела демографија и излегува дека приватните простори имаат многу поголема вредност за повозрасните“.

Роберт Личфилд, ко-автор на книгата „Дигитални номади“ и вонреден професор на Колеџот Вашингтон и Џеферсон во Пенсилванија се сложува со тој заклучок. „Сите се навикнавме на поличен простор и можеби тоа значи дека луѓето ќе сакаат да се оддалечат од се` што оддава чувство на пренатрупано, непријателско место,“ вели Личфилд. „Фирмите што издаваат простор за заедничко живеење ќе треба да се запрашаат кој тип на клиент сакаат да го привлечат?“ За да можат овие компании да стигнат до нивната таргетирана публика би требало да земат предвид варијабили што вклучуваат и цена за личен простор и степенот на социјална интеракција што сакаат да ја имаат, објаснува тој.

Вработениот со солидна плата кој работи на далечина едноставно може да е во потрага по нови искуство, вели Личфилд.

Стил се сложува дека лицата кои работат на далечина кои се „традиционални градски работници“ имаат различен начин на размислување. „Кај нив се работи за некој вид втор живот, за една недела или две од време на време, но со одреден степен редовност,“ вели Стил. За да ги задоволи тие интереси, Yon Living ја приспособиле понудата кон „полефтерно“ искуство, што е послично со искуствен одмор со елементи на вообичаено живеење – како приватни бироа и домашна опрема за вежбање.

„Границите помеѓу приватниот живот, работата и одморот се целосно заматени,“ заклучува Стил.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -