Детското претприемништво не е само модерен термин, туку е фактичка состојба поттикната од самиот процес

Денес светот секојдневно бара повеќе иновации и таквата состојба повикува се` повеќе претприемачи да работат на решавање големи проблеми. Малите бизниси го водат патот во иновирањето и го претставуваат рбетот на економијата. Според едно истражување, малите бизниси произвеле 16 пати повеќе патенти по вработен во споредба со големите компании за патентирање, посочува Шишир Миглани, основач на Kidzpreneur, во индиското издание на бизнис порталот Entrepreneur.

Претприемачот треба да има длабоки познавања од секој аспект од успешното водење сопствен бизнис. Претприемачките вештини како што се иновирање, креативност, отпорност, критичко размислување и интерперсонална комуникација се основни неопходни карактеристики на секој бизнис. Иако овие вештини не заземаат голем дел од наставните програми во редовното образование, повеќето успешни претприемачи ги стекнале преку искуството од водењето сопствени компании. Воведувањето претприемачки вештини уште во детството ги подготвува децата во голема мера да ги реализираат сопствените соништа и да бидат успешни во кариерата. Тие, за возврат, ќе се погрижат за нашата економија и ќе работат на нејзиниот развој, но и економски ќе напредуваат во иднина.

Училиштата играат огромна улога во формирањето на начинот на размислување кај децата. Тие се фокусираат на претприемништвото со воведување структурирани програми. На пример, неколку владини училишта во Делхи, Утарканд и Утар Прадеш се здружија со трета страна за да обезбедат специфични обуки и развој на соодветни вештини. Потребно е да им дадеме на децата соодветни примери преку интеракција, бидејќи таквите практики имаат големо влијание врз нивните идеи и визија. Во моментов, социо-економската средина е поволна за развој на претприемништвото и потребно е таа средина да се издигне на ниво на кое може да се задоволи нацијата.

Децата како претприемачи

Интернетот ни донесе еден тон можности за стекнување нови знаења и океан од различни, алтернативни образовни концепти. Бидејќи децата на 21от век се изложени на технолошки пронајдоци на рана возраст, тие исто така можат да размислуваат за решенија на проблемите со кои се соочуваме денес како општество. Се` што ним им  е потребно е соодветно насочување и менторство за да можат да научат како да ја развијат сопствената визија за спроведување на нивните идеи на подобар начин.

Глобален дострел

Пристапот поттикнат од самиот процес е многу важен за спроведувањето на знаењето за претприемништво бидејќи ги учи децата да бидат подготвени за реалниот свет и им помага да ја разберат можноста за неуспех во каков било вид на работа. Процесите им помагаат во идентификувањето на потенцијалните неуспеси многу рано и ги учи да ги прифатат како дел од патот до успехот. Според УНИЦЕФ, до 2030 година ќе има 2 билиони млади жени и мажи кои ќе бараат можности за подобра иднина низ целиот свет. Интересно е што ќе има стотици работни места и претпријатија што не постојат денес. Земјите како Јапонија или Германија се познати по нивните висококвалитетни производи и услуги бидејќи веруваат во прецизно извршување. Има конкретна причина зошто ваквиот вид производи и услуги се развива само преку заедница која е поттикната од самиот процес. Личната зависност се менаџира во голема мера преку пристап што е поттикнат од самиот процес. Како земја, Индија треба да ја прифати таа идеологија на менаџирање процеси за да ги научи агилните процеси за да може да понуди подобри производи и услуги за општеството. Така што, крајно време е да инвестираме во учењето и обуките на децата за да можат да бидат подготвени за комплексниот свет на професионалната работа што во иднина уште повеќе ќе се менува.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -