Десет совети за поголема самодоверба

Многу успешни луѓе велат дека самодовербата е клучот на успехот, меѓутоа ретко кој од нив навистина знае да објасни како впрочем самодовербата се гради и одржува.

Самодовербата се гради на различни начини, но генерално е последица на изборот на достигнувања кои ја “хранат вашата страст“ и кои ве прават среќни и горди на себе.

Завршете ги работите до крај

Самодовербата се гради низ постигнувања. Ако секојдневно остварувате мали и големи цели, ќе се чувствувате многу подобро самите со себе. Имајте на ум дека ништо не доаѓа преку ноќ, и затоа одредете ја својата цел и тргнете кон неа.

Следете го својот напредок

Најдобриот начин да ја постигнете својата цел е да тргнете со мали чекори и секој од нив постојано да го надгледувате, на тој начин ќе бидете свесни дали и колку напредувате. Тоа воедно ќе ви помогне да останете на вистинскиот пат.

Правете ги работите правилно

Вашите одлуки и постапки го дефинираат вашиот карактер. Запрашајте се себеси, што би направила најдобрата верзија од вас во одредени ситуации и кога ќе се најдете во таквата ситуација, направете го токму тоа. Дури и кога е многу тешко и се бара “жртва“, направете го правилното, бидејќи на долг рок тоа ќе ви овозможи да се сакате и да бидете горди на себе.

Вежбајте

Покрај одржувањето на генералното здравје, вежбањето овозможуа подобрување на меморијата, насочување на стресот и спречување на депресијата. Секогаш бидете активни.

Бидете бестрашни

Неуспехот не ви е непријател. Секоја успешна личност некогаш се плашела, но секогаш продолжувала да работи понатаму и да превзема ризици.

Застанете зад себе

Не дозволувајте да ве обесхрабрат нечии сомневања во тоа што го работите. Едноставно, ставете им до знаење дека вие тоа го можете.

Останете верни на зборот

Луѓето почитуваат кога некој ќе го направи тоа што рекол дека ќе го направи. Акцијата им дава значење на вашите зборови, ја зајакнува вашата врска со другите и ви дава чувство на гордост.

Разамислувајте долгорочно

Знајте дека долгорочните цели ќе ви донесат далеку поголемо уживање отколку сегашниот момент.

Не земајте го во предвид туѓото мислење

Ако нешто мислите дека можете, тогаш и навистина го можете. Верувајте во себе, не дозволувајте другите да ви кажуваат што да правите, бидејќи на луѓето ретко кога може да “им се угоди“

Работете го она што ве прави среќни

Животот е прекраток за да ги оставате саканите работи на страна. За да бидете “свои“ мора да бидете задоволни со она што го работите, така што секогаш одделете време и за себе.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -